ако грев е што те сакам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 Apr 2018 11:20:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ако грев е што те сакам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Малинкова прашува „Ако грев е што те сакам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-prashuva-ako-grev-e-shto-te-sakam-video/ Tue, 03 Apr 2018 11:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19171

Сама, напуштена, со скршено срце, разочарана во љубовта… на работ на очајот! Вака некако може да се опише емотивната состојба која поп пејачката Наташа Малинкова се обидува да ја долови глумејќи во видеоспотот, следејќи ги стиховите на својата најнова песна, насловена „Ако грев е што те сакам“, чија промоција е токму денес, вторник, 3-ти април 2018 година.
Се работи за ар-ен-би поп балада во чие видео изработено од битолската „Веста продукција“, очигледно емоцијата  ја заменила дозата на еротичност која ја имаа нејзините претходни спотови и фотосесии, која и во овој сосема не е занемарена, но е претставена на еден поинаков, поемотивен, попатетичен начин, кој е многу поблиску до чистата уметност отколку до соголената еротика.
Инаку и овој пат комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) која е апсолутно зрела како во својот музички израз, така и во стандардно добрата вокална изведба на пејачката, е нејзиниот стар пријател и соработник Столе Аврамов, кој се потпишува и како музички продуцент на истата.
Како звучи и изгледа Наташа Малинкова во „Ако грев е што те сакам“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=t8WoRdTTrxw&feature=youtu.be        ]]>

Наташа Малинкова – депресивна, разочарана, сама и напуштена… на работ од очајот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-depresivna-razocharana-sama-i-napushtena-na-rabot-od-ochajot-foto/ Tue, 20 Mar 2018 09:35:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16683

Сама, напуштена, со скршено срце, разочарана во љубовта... на работ на очајот! Во постојана борба со своите мисли и емоции, во непрекината дилема дали да го послуша разумот или срцето, со испреплетени чувства поткрепени со сликите од минатото кои и пролетуваат низ главата, до чувството на беспомошност, апатија и тотална депресија поттикната од болката која и ја пара душата... Наташа Малинкова седната на прагот од прозорецот со грч на лицето и отсутен поглед, загледана некаде во далечината, на работ од катастрофа!
Вака некако веројатно може да се опише емотивната состојба која поп пејачката се обидува да ја одглуми во видеоспотот, следејќи ги стиховите на својата најнова песна, насловена „Ако грев е што те сакам“, чија промоција треба да се случи наскоро.
Малинкова чиј заштитен знак се брзите песни,  неколку  години по ред е прогласувана за женски вокал чии песни ја добиваат наградата за радиски хитови на годината на Македонскиот радиски фестивал МАРС.
Сепак, оваа песна таа во најавата ја опишува како ар-ен-би поп балада во чие видео изработено од битолската „Веста продукција“, очигледно емоцијата ќе ја замени дозата на еротичност која ја имаа нејзините претходни спотови и фотосесии.  ]]>