академскиот хор Мирче Ацев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Jan 2023 09:44:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png академскиот хор Мирче Ацев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лазар Аврамовски и македонските акери Владо Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска, во џезирано-оркестрирана верзијата на познатата народна песна – „Излегол невен Пејо по Шар Планина” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazar-avramovski-i-makedonskite-akeri-vlado-jovanovski-senko-velinov-i-zhaklina-stevkovska-vo-dhezirano-orkestrirana-verzijata-na-poznatata-narodna-pesna-izlegol-neven-pejo-po-shar-planina-video/ Wed, 18 Jan 2023 06:33:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284731

Познатата македонска народна песна „Излегол невен Пејо по Шар Планина” доби уште една преработка... И тоа овој пат мошне необична, зашто овој пат песната ја изведуваат неколкумина познати македонски актери: Владо Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска, кои што му даваат на аранжманот соодветна епска лирика која со себе ја носи самата песна. „Идејата се роди по сеќавање на еден другар на радио емисијата од 80-тите години „Поздрави и честитки на наши слушатели. Емисијата ја имаа скоро сите радио станици во бившата Југославија. Најбарана песна беше Излегол невен Пејо и се одлучив да дадам свој печат на едно време и на една песна која паѓа во заборав, аранжманите, оркестрациите и партитурите за хорот ги работев краток период“, ќе изјави композиторот Лазар Аврамовски. Во песната учествува и џез триото: Гоце Стевковски, Горан Гешовски и самиот композитор Аврамовски, како и гудачки оркестар и академскиот хор Мирче Ацев под диригентска палка на Јасмина Ѓорѓеска. Како звучи музичката изведбата на македонските актери и останатите изведувачи и музичари во новата верзија на композиторот Лазар Аврамовски на „Излегол невен Пејо по Шар Планина”, проследете од видеото во продолжене (КЛИКНИ ТУКА): ]]>