академија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 10:39:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png академија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Диаверум клучен учесник во прва ренална експертска академија во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/diaverum-kluchen-uchesnik-vo-prva-renalna-ekspertska-akademija-vo-makedonija/ Fri, 03 Nov 2023 10:39:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325286

Повеќе од педесетина експерти од Шведска и Македонија учествуваа на првата ренална експерстка академија во организација на Министерството за здравство, Шведската амабасада и мултинационалната организација за здравствена заштита Диаверум. На Академијата, тие споделија нови сознанија и добри практики за подобрување на реналната нега на пациентите во двете земји. Експертската академија ја отвори министерот за здравство, Фатмир Меџити, според кој хроничната бубрежна болест е ургентен здравствен предизвик во Европа кој погодува милиони луѓе и ги оптоварува здравствените системи.
„Според регистарот на Европската Ренална Асоцијација, инциденцата на нови пациенти на хемодијализа е околу 160 - 180 на милион жители за нашата држава. Во време на Ковид кризата, смртноста на пациентите на хемодијализа, хоспитализирани на одделите за ковид пациенти, се движеше околу 20 - 25%. Тоа укажува дека овие пациенти се со висок ризик за морталитет, со многу придружни заболувања и со особена потреба да се стават во приоритетните групи на третман во здравствениот систем“, посочи Меџити.
Министерот Меџити објасни дека Академијата е можност преку разговори, дебати и размена на искуства, експертите придонесуваат да се подобри квалитетот на здравствена грижа на пациентите. „Шведска со години наназад дава поддршка на нашата земја во размена на знаења и искуства, со што Северна Македонија е активен партнер за натамошно осовременување на здравствените услуги. Нашите две држави во сферата на здравството имаат исти приоритети. Посветено работиме на тоа здравствените услуги да бидат достапни за сите, инсистирајќи да се запазат најсовремените медицински протоколи“. Хроничната бубрежна болест (ХББ) е глобален и ескалирачки предизвик, кој влијае на околу 10% од возрасната популација во светот. Првенствено е предизвикана од болести на животниот стил, како што е дијабетесот и распространетоста се зголемува, особено во земјите во развој и меѓу поединците со ниски приходи. Во Северна Македонија, околу 10% од населението се погодени од ХББ. Фернандо Макарио, извршен медицински директор за Диаверум групацијата, во своето обраќање на Академијата, вели дека иако Диаверум се присутни во 24 различни земји, Северна Македонија е една од врвните земји каде се врши многу квалитетен третман за хронични бубрежни пациенти на дијализа.  „Сепак, се разбира дека има работи што може да се подобрат. Една од работите што можат да се унапредат е пред-дијализното следење на пациентите. Со зголемување на капацитет во предијализно следење може да ја одложиме прогресијата на болеста и да ја подобриме состојбата на пациентите доколку треба да започнат со дијализа и со зголемување на капацитетите за васкуларен пристап и поставување соодветен васкуларен пристап пациентите ќе имаат подобар квалитет на живот и помалку хоспитализации. Тоа се двата клучни критични аспекти за подобрување на грижата за бубрезите во Северна Македонија во овој момент“. Димитар Клисаровски, извршен директор за Диаверум во Северна Македонија, истакна дека Академијата е  доказ дека за краткиот период колку што Диаверум е активен во земјата, нашата култура на вистинска нега и холистички пристап кон бубрежната нега веќе имаат значително влијание. „Со нетрпение очекувам да бидеме силен и стабилен партнер кој помага во обликувањето на идната ренална грижа во Северна Македонија", вели Клисаровски. Н.Е. Ами Ларсон Џејн, амбасадорка на Шведска во земјава, рече дека одржувањето на реналната академија е првиот чекор во долгорочната здравствена партнерска програма за борба против хроничната бубрежна болест. „За да создадеме промени, треба да имаме холистички пристап, каде што Владата, болниците, индустријата и академијата работат партнерски. Со веќе воспоставени деловни интереси и реномирани експерти во областа, Шведска со задоволство има улога во собирање на претставници од сите овие четири полиња. Академијата е резултат на одличната соработка помеѓу Шведска во форма на Бизнис Свиден и Амбасадата и нашите партнери во Министерството за здравство“, рече Ларсон Џејн. Од влегувањето на македонскиот пазар на крајот од 2018 година, Диаверум стана еден од водечките провајдери на бубрежна нега во Северна Македонија, со вкупно 9 клиники и повеќе од 250 вработени кои се грижат за над 700 пациенти низ целата земја.]]>

Мио Ристиќ – првиот македонски манекен: Тој е човекот што ја донесе светската мода во Скопје (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mio-ristikj-prviot-makedonski-maneken-toj-e-chovekot-shto-ja-donese-svetskata-moda-vo-skopje-foto/ Tue, 24 May 2022 06:43:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75337

Малку повозрасните, кои 70-ите години биле млади ергени и девојки паметат многу нешта кои  Скопје повеќе ги нема. Од градското корзо до главните фаци кои се шетаа по тогашна скопска калдрма, од Пивница до Кенан и назад.  Е токму таа генерација веројатно се сеќава и кој ја донесе прв модата во Скопје, а со тоа и во Македонија.
Тој беше првиот манекен кој прошета по модната писта и ги преслика светските модни трендови во македонската престолнина, за со години, па и децении потоа, тој и неговата млада екипа манекенки  да ја диктираат истата.
Миодраг Ристиќ или едноставно познат како Мио. Една од најурбаните скопски фаци, градска легенда кој на скопјани и пошироко прв ќе им покаже како се чекори по модна писта, прв ќе ги преслика Париз, Њујорк, Лондон, Милано, Белград... во Скопје, заедно со Лиле - „Липс“ ќе го имаат првиот бутик во главниот град, ќе биде дел од првите модни фотосесии... Во многу нешта кога е модата и не само модата во прашање Мио бил пионер.
Неговите модни ревии и модни перформанси во рамките на првите скопски пополноќни забави се' уште се прераскажуваат. Најубавите скопски девојки во тоа време, меѓу кои подоцна некои станаа и се' уште се име и презиме во оваа земја, биле дел од женската „модна ергела“ на Мио.
Неговиот бутик „Мио“ во 80-тите години ќе биде епицентарот од каде во Скопје, а со тоа и во Македонија ќе излегуваат најмодерните модни парчиња, кои најпознатите скопски јавни, но и урбани фаци ќе ги носат на себе како перјаници на актуелната мода во тоа време.
Но, не само модата се врзува за урбаната скопска легенда Мио. Години потоа тој и неговите локали ќе бидат заштитен знак на скопскиот ноќен живот. Особено легендарната „Академија“, еден од првите скопски ноќни клубови кој ќе работи „од самрак до мугри“.
А таму, од скопскиот и не само скопскиот „крем“, јавните лица, музичките ѕвезди, најубавите девојки, најдобрите забави, првите македонски бизнисмени, безбедносни структури, лица од  балканското подземје... сите на купче. Сите на едно место, а местото култно со години!
Како и тој - Мио Ристиќ, скопскиот „крал на модата“, трансформиран во „крал на тогашниот ноќен живот“ во македонската метропола! Во годините кога наместо македонската провинција, Белград доаѓаше на скопските забави на кои не се слушаше турбофолк и не се пиеше пиво од шише со цевче за сок!
Времето минуваше, но транзицијата никако да мине, а од ден на ден ништо повеќе не беше исто. Наместо пејачките, водителките, манекенките, спортитистите... политичарите станаа главни ѕвезди, што натера  многумина да си го бараат чарето, фаќајќи си го патот надвор од земјата.
Меѓу нив и тој... Денес Миодраг Мио Ристиќ живее во Марбеља во Шпанија.
Информациите, иако неофицијални, говорат дека како и тогаш и денес, иако е опкружен со најубавите жени, „вечниот ерген“ и понатму не е женет.
Впрочем она што цел живот го исполнувало, расположувало, било негов двигател... убавата страна на животот ја живее и денес.
Убавите жени, ноќните забави, модните збиднувања, светскиот џет сет се повторно тука, а со нив и Мио. Само на едно друго, поразлично и повисоко ниво... Светско! Иако за жал, далеку од дома.  ]]>

ВАДА – првата академија за улични танци со предавачи од САД https://arhiva.vistina.com.mk/vada-prvata-akademija-za-ulichni-tanci-so-predavachi-od-sad/ Wed, 24 Feb 2021 13:44:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191277

„Професионализација на уличните танци и култура, обезбедувајќи структуриран, долгорочен процес за едукација на младите и обезбедувајќи можност за издигнување на танцовата сцена кај нас на значително повисоко ниво“, се целите на проектот ВАДА (Виртуелна американска танцова академија), кој започна да се реализира во Македонија. Проектот е во креација на координаторката Ивана Балабанова од „Битрикс“, Културно-уметничкицентар и Американската амбасада во Македонија, а во кој како партнери се јавуваат КСП „Центар Јадро“ (Јасмина Билаловиќ) и Младински културен центар (Ванчо Богоев), како и The Bureau of Educational and Cultural Affairs ( ECA) of the U.S. Department of State, American Voices и American Dance Abroad oд САД. „Овој пионерски проект ќе ја позиционира нашата држава на мапата на светот како точка на зародиш на нови стандарди во практикувањето на овие танцови стилови, а со амбиции овој проект да се развие и да стане достапен и на интернационално ниво“, наведуваат креаторите на проектот. Танцовата академија, се додава, ќе им обезбеди на младите едукација со некои од најголемите танчарски имиња од САД, а ќе се реализира во два дела, и тоа: Онлајн танцови работилници во периодот февруари – јули и подготовка на танцов перформанс за што е предвидено во август да дојдат предавачите од САД“. Во програмата ќе учествуваат 35 селектирани танчари и кореографи од Скопје, како и 25 танчари од други градови во државата. https://www.youtube.com/watch?v=8MwoTxo_bsY&feature=emb_logo]]>

Синот на Тијана тргна во авантура, но по свој пат: Ќе биде ли Вук новата ѕвезда во познатото семејство? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-tijana-trgna-vo-avantura-no-po-svoj-pat-kje-bide-li-vuk-novata-dzvezda-vo-poznatoto-semejstvo-foto/ Mon, 14 Sep 2020 07:39:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166790

Тијана и Тамара, двете сверојатно најпознати сестри во македонскиот естраден шоубизнис, обете јавни личности, поп пејачки, повремено водителки, естрадни ѕвезди со несомнени вокални квалитети за кои нема кој не слушнал. Потекнуваат од музичко семејство продолжувајќи го патот на нивните родители, мама Бранка-некогаш позната македонска пејачка и тато Велко-професор по музика на Музичката Академија во Скопје. Тијана мажена одпоодамна, кога и замина да живее во Белград, Тамара пред некоја година... Обете реализирани и како мајки. Тамара ги доби најпрвин ќерката Хана, а потоа и синчето дарен,  додека Тијана го има својот Вук, кој полека израсна во вистинско момче, тинејџер кој ги прави своите први самостојни чекори во една област. Иако целото семејство по мајка му е во музичките води,синот на Тијана има поинаква дарба, па реши тргне по друг пат - оној на спортот. Строен на татко му Милан, Бога ми и мајка му Тијана кога е висината во прашање, Вук реши своите природни предиспозиции и дарба да ги искористи. Така, малиот Дапчевиќ почна да тренира кошарка, спорт по кој Србија е светски прочуена  велесила, а и Македонија дала неколку големи европски, па и светски ѕвезди... Од Буштур, преку Наумовски  до Антиќ... Вук стана член на кошаркарската школа на едена исто така голема некогашна кошаркарска ѕвезда на КК Партизан и тогашната ЈУ репрезентација, бившиот центар Жељко Ребрача кој сега има своја кошаркарска академија во Белград. Прва која со заедничко селфи на нејзиниот Вук му посака среќа и успех во желбата да истрае и научи многу нешта од искусните кошаркарски волци, беше мама Тијана: „Вук тргна во нова кошаркарска авантура во @akademijarebraca, која е дел од @star_wellness_sport . Среќно сине, затоа што ќе научиш многу од чичко Жељко (и сите тренери што се на академијата)“ - напиша во пораката покрај заедничката фотографија со синот и кошеркарската легенда пејачката. Со среќа и од нас... И кој знае...? Можеби токму Вук ќе биде новата ѕвезда во познатото семејство!?    ]]>

Шок, неверување, тага и молк во кошаркарската академија „Мамба“ по веста за смртта на Коби (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shok-neveruvanje-taga-i-molk-vo-kosharkarskata-akademija-mamba-po-vesta-za-smrtta-na-kobi-video/ Mon, 27 Jan 2020 09:11:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131120

Кошаркарите, тренерите и семејствата на играчите од кошаркарската академија „Мамба“ чиј сопственик беше Коби, беа очигледно емотивно потресени додека ги слушаа вестите за смртта на Коби ... Но, сепак сите се собраа за момент на едноминутно молчење и молитва за великанот. Некои од водачите на Академијата им се обратија на сите присутни во објектот...  Ги охрабруваа да се поддржуваат едни со други, да тагуваат заедно и да му оддадат почест на Коби живеејќи добар, квалитетен живот. Децата, родителите и навивачите направиле еден вид светилиште на Коби пред вратите на Академијата, оставајќи цвеќе и запалени свеќи. Фото и видео: ТМЗ Спортс.ком]]>

Здобивање знаење за европските стандарди за развој на козметички производи од органско потекло https://arhiva.vistina.com.mk/zdobivanje-znaenje-za-evropskite-standardi-za-razvoj-na-kozmetichki-proizvodi-odorgansko-poteklo/ Tue, 22 May 2018 11:24:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28471

ОД ПОДСЕКТОРСКАТА ПРОГРАМА НА  ЕРАЗМУС+ КА202 ПАРТНЕРИ НА ОВОЈ ПРОЕКТ СЕ  ШВЕДСКА И ЛИТВАНИЈА  Покрај  секојдневните активности во Академија и  Студио Леонтиќ, со своите долгогодишни клиенти и обуките кои ги врши на своите ученици и кандидати  во приватниот центар за стручна обука „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“ –СКОПЈЕ Васка Леонтиќ, изминатите десет години исто така активно работи со Европските проекти како проџект менаџер и координатор преку програмите на  Леонардо Да Винџи, а сега со програмите на Еразмус+ КА1,додека со проектите од секторската програма  КА202   за прв пат раководи од 2017 и проектот ќе трае до 2019 година  партнери на Приватно Средно Училиште’’Академија Леонтиќ’’се две земји членки од Европска унија Шведска и Литванија во проектoот ,,Здобивање знаење за европските стандарди за развој на козметички производи од органско потекло‘‘
Благодарение на долгогодишната  соработка со НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ, Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС+,проектите К1 и КА2нашите,кандидати  и наставниот кадар имаат можност да ги посетат стручните училишта и лабаратории во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат. На овој проект можат да учествуваат сите кои се залагаат за развојот на Приватното Средно Училиште,,Академија Леонтиќ’’ од Скопје, соработници,редовно вработени кадри, мајстор предаваџи, визитинг наставници,ментори,институции кои се од сродни дејности  и институции од личните услуги за козметичари,фармацевти,технолози, козметичари, според  напишаната апликација и огласот за избор на учесници што го истакна ПСУ.Академија Леонтиќ -Скопје.
По повод овој проект ,пред да се изберат заинтересираните номинирани кандидати се извршија и многу обуки,семинари,културолошки и педагошки подготовки  од поширок состав на пријавени заинтересирани кандидати за  учесници, парцијално како помагатели и ментори на интелектуалниот труд и учесници кои ќе бидат активни за време на траењето на целиот проект во изминатите две години како презентрери и обучувачи.
По пат на овие семинари и обуки кои ги организира ПЦСО и ПСУ.,,Академија Леонтиќ’’ се    презентира работата и  значењето на Европските проекти  преку програмите на ЕРАЗМУС+ КА202 која е улогата на самите учесници,кои се нивните обврски и задолженија како учесници пред почеток на проектот,за време на траењето и по завршувањето на самиот проект,придисеминацијата и евалуацијата на проектот. Благодарение на овие семинари и информативни обуки,пријавените кандидати имаа прилика и време да размислат дали би можеле да одговорат на зададените задачи и ангажманот кој се очекува од нив како учесници.
Васка Леонтиќ како координатор  ги повика сите докажани долгогодишни соработници,помагатели на Приватното Средно Училиште,,Академија Леонтиќ, потенцијални експерти,наставен кадар и колеги,ученици  и кандидати кои имаат изучено во ПЦСО.АкадемијаЛеонтиќ и имаат долгогодишно искуство со работа  во соспствени салони за убавина кои успешно работат и имаат потенцијал да бидат учесници на овој проект како презентери и обучувачи. Сите заинтересирани кандидати за овој проект, пред да потпишат договор за учество,  беа  лично  информирани за  обврските како учесник во овој проект.
Од кога се изврши селекција од номинираните кандидати, се одржаа неколку информативни состаноци,пред да се отпатува на работната обука  во Вилниус, Литванија за ангажманот за време на обуката  на овој проект и нивната одговорност, Проектот според апликацијата има предвидено  две работни средби  за обука  кои траат од пет работни дена, првата работна  обука се одржа во период од 12.03 до 17.03.2018 година во Вилниус, Литванија, еден од партнерите е стручното училиште ,,Vilniauspaslauguverslodarbuotojuprofesiniorengimocentras’’
Кој беше и домаќин и организатор за време на целиот престој,на оваа работна  обука.  Присутни  беа партнерите со пет учесници од Скопје,Маќедонија,тројца учесници од Малме,Шведска и петмина учесници од Вилниус,Литванија. За време на оваа работна обука,се изучи процесот на изработка на парфеми,изработката на креми,како се  користат етеричните масла и како се комбинираат меѓусебно  и се што е поврзано со органските производи. Првата обука се изврши  во лабараторијата ,,KVAPU NAMAI”/ BIOCOS ACADEMY,каде се изучи значењето на етеричните масла,какво дејство има арамо терапијата како делува кај корисниците  и каде се може да се примени во козметичката индустрија, а вооедно како можат да се применат и во домашни услови. Втората работна обука беше во стручното  училиште ,, VILNIUS TECHNOLOGIJŲ,VERSLO IR ZEMĘS ŲKIO MOKYKLA‘‘во лабараторијта за подготовка на креми и други козметички производи од органско потекло.
Поголемиот дел од билките кои се применуваат за подготовка на козметичките производи во  училиштето,учениците и кандидатите со помош на наставниот кадар   сами ги одгледуваат во склоп на училишната програма и простор кој е подготвен за нега на билките. Третата  работната средба беше организирана во домаќин училиштето,учесниците од Шведска и Литванија го   презентираа  подготвениот материјал за интелектуалниот труд,секоја земја по пат на презентација ги пренесе своите подготовки. Четвртиот дел од работната средба беше,партнерите меѓусебно  да се договорат кои теми од обуката ќе бидат применливи и обработени во прирачникот и подготвени до Втората работна обука која ќе се одржи во Скопје, Македонија.
Со проектот од подсекторската програма на ЕРАСМУС + КА202 е огромна можност и е од големо значење како за училиштето така и за самите ученици,кандидати и заработниот наставен кадар зашто им овозможува одржување чекор со сите новитети во козметичката,фризерската,масерската и шминкерската професија,учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, како и запознавање нови култури и зголемување на културната свест,различноста и прифаќањето на нови традиции,начини на протокол на работа,што придонесува за поттикнување на европскиот дух и припадност на европската заедница.
Кординатор на овој проект е мајстор-предавач Васка Леонтиќ кој со години настојува да ги привлекува партнерите од странство и да го пренесе своето долгогодишно искуство и да ја престави Македонија како добар домаќин,а не само наши наставници и соработници, ученици и кандидати да ги посетуваат  странските  училишта и институции туку овие мобилности да бидат обострано посетени и институциите и  училиштата да продолжат во партнерски развој. Придобивката од овие мобилности не е само во изучувањето на новитетите од стручната област,најмногу допринесува за развој на самото училиште и за развој на стручниот тим,наставниот кадар,а вооедно и за развој на кандидатите и учениците,да се навикнат на различен  систем на работа.  ]]>