ајкула – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Feb 2023 10:39:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ајкула – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Симона Трповска собори рекорд во нуркање: „Имав блиска средба со ајкула на 102 метри длабочина во Црвено море“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-trpovska-sobori-rekord-vo-nurkane-imav-bliska-sredba-so-ajkula-na-102-metri-dlabochina-vo-tsrveno-more-video/ Tue, 21 Feb 2023 10:39:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289842

Охриѓанката Симона Трповска е првата Македонка која успеа да го постигне рекордот во техничко нуркање од 102 метри во длабочина на Црвено море во Египет. Трпковска подвигот го направи лани во декември. Таа имала интензивна подготовка една година. Работела со искусниот инструктор Ахмед Габр од Египет и била поддржана од тимот на „Габр Тек“. По тренинзите на различни локации во светот, таа се стекнала со Меѓународен сертификат за техничко нуркање до 100 метри. Симона е рекреативен нуркач од 2007 година. Живеењето во Охрид и нуркањето во езерото и било основа за денес да го постигне овој рекорд. „Започнав да нуркам, по иницијатива на татко ми заедно со брат ми. Секогаш кога имам време одам на нуркање во Охридско езеро. Нуркањето во море и езеро не е исто бидејќи во солената вода балансот е поинаков отколку во езеро. Во езеро е секогаш потешко да држиш баланс, бидејќи ја нема солта да те држи на одредена длабочина“, рече Симона и додаде дека најдобра дестинација за нуркање во Охрид е Трпејца. Предизвикот да нурне во длабочините на Црвено море било голема желба и нешто што отсекогаш посакувала. „Убаво ми е кога гледам како се менува бојата во морето од светло до темно сино, па и црно. Мирот кој го чувствувам во тие длабочини, колку подлабоко толку помирно. Дополнително предизвик ми беше да се совладам себе си, на некој начин тоа е соочување со себе. Да станеш поцврст, поиздржлив, пред се психички, учиш како да се соочиш со предизвиците и околината, а пак да останеш присебен“, вели Трповска. Целото техничко образование го стекнала со инструкторот Ахмед Габр од Египет, кој сеуште е светски рекордер во длабинско нуркање од 332,5 метри. Симона вели дека за да се стане технички нуркач, прво треба да ја сакаш водата и да ти биде пријатна средина, но и да бидеш рекреативен нуркач. „Треба да поминеш обука и како рекреативен нуркач, да имаш добар баланс под вода, добра психичка и физичка подготвеност, сето тоа како основа за да почнеш со техничко нуркање. Рекреативното нуркање е со една боца и еден тип на гас обично тоа е воздух. Кога одиш на техничко нуркање веќе излегуваш од границите на рекреативното нуркање. Во рекреативно нуркање можеш брзо да излезеш на површина со триминутна безбедносна точка. Кога веќе одиш во техничкото нуркање излегуваш од овие лимити и имаш поголема сатурација на гасови во телото. Тоа значи дека не можеш да излезеш веднаш на површина, треба да поминеш некои процедури на декомпресија за безбедно да излезеш на површина, тоа е како да имаш некој таван над глава“, раскажува Симона. Техниката за дишење е многу важна во овие моменти, затоа што на тој начин ќе знаеш како да калкулираш со потрошувачката на гас. Тука нема простор за импровизација. Симона имала блиска средба и со ајкула, но останала смирена во моментот кога ја реализирала нејзината цел. „Тоа за нив е дом. Самата ајкула ако не и влезеш во територија нема да ти направи ништо. Само беше присутна, но не можам да речам дека тоа беше непријатна ситуација. На некој начин средба. Тука беше во близина, набљудуваше и си замина. Немаше некој проблем и ретко кога нуркачите се соочуваат со проблеми со ајкулите под вода. Сето тоа беше само нормален процес и дел од самото нуркање. Еден од тимот кој ми беше нуркач за поддршка  ми даде знак дека има ајкула, но јас бев фокусирана за малку немаше ни да ја видам“, раскажа Симона. Засега Симона ужива во поставениот рекорд, но за следен предизвик е да ги совлада добро техниките и специфичната методологијата за длабинско нуркање кои ги стекнала по стандардот од ТДИ, сертифицирана агенција за техничко нуркање. Проследете го интервјуто во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Ајкула ги преплаши туристите во близина на Валона (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ajkula-gi-preplashi-turistite-vo-blizina-na-valona-video/ Mon, 05 Aug 2019 12:00:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100523

Туристите на плажата кај Дерми во Албанија, биле изненадени кога во непосредна близина забалежале ајкула. Кога им се доближила, тие биле во морето. Месноста Дерми се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона. Туристите тука вчера имаа ретка можност да видат ајкула, многу блиску до плажата, додека дел од нив биле во водата, јавуваат албанските медиуми. Откако бил вклучен алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата. Некои го снимиле тоа со своите мобилни телефони. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=8XzSfdwId2Q Ова е првпат туристите на таква близина да забележат ајкула, иако во мрежите на албанските рибари последниве две години уловени се над десет ајкули, сите на поголема оддалеченост од морскиот брег. Тежината на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми. извор:магазин.мк]]>

Сања – Барбика и во вода и на суво е риба и пол… ајкула! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-barbika-i-vo-voda-i-na-suvo-e-riba-i-pol-ajkula-foto/ Tue, 17 Jul 2018 07:03:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38414

По кусата пауза што ја направи  изминативе неколку месеци, фолк пејачката Сања Барби Цинцева одново се подготвува за нови изненадувања  на музички план и враќање на голема врата на  сцената.
Како за почеток, таа направи нова, баеги провокативна фотосесија, со својот постојан соработник -уметничкиот фотограф Томе Табанов.
како што претходно објавивме една од фотографиите, на неа Барби со новиот имиџ - фризура во плетенки -суканици, позира гола, а нејзиното извајано тело го затскрива само електричната гитара.
Во меѓувреме, атрактивната струмичанка започнала со работа на нови материјали, а  и веќе договорила настапи  надвор од Македонија.
Сеапак летото е примамливо, па сексапилната пејачка кога нема настапи, времето го користи за одмор и забава...
Соблечена во едноделен секси костим за капење Барби не можеше да му одолее на топлото време, да не си поигра во плиткото, при тоа позирајќи колку да потврди дека во ништо не заостанува зад далеку попознатите балкански  колешки. Сања - Барбика уште еднаш покажа и докажа дека и во вода и на суво е риба и пол.
Па, како тогаш постираните фотографии човек да не и ги лајкува кога Барби е риба... ајкула! Како што ја нарече и нејзиниот пријател и фотограф, Томе Табанов!
Ако сакате повеќе од лајк, ќе треба да се потрудите повеќе или можеби да почекате, зашто до неа не се доаѓа така лесно. Барби е - едносмерна!
Што значи дека или сериозно е зафатена или може само таа Вам да ви пријде... Ако претходно и оставите добар впечаток, секако!]]>

Големата бела ајкула доаѓа кон Јадранот? https://arhiva.vistina.com.mk/golemata-bela-ajkula-doagja-kon-jadranot/ Wed, 04 Jul 2018 17:04:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35693

Бела бела ајкула долга 5 метри била забележана на морето во шпанските Балеарските Острови, за прв пат по 40 години во овие води. Ајкулата еден час била следена од меѓународниот тим во архипелагот Национален парк Кабрера, на 10 километри од брегот на Мајорка. Во овој проект учествуваше тим од шпански и истражувачи од неколку европски земји. Иако имаше гласини и неодредени информации дека во последниве години се забележува голема бела ајкула во шпанските води, се верува дека ова е прв потврден случај од 1976 година кога рибар од Мајорка фати шестметарски примерок, објави „Дејли мејл“. Овој вид ајкули е познат по нападите на луѓе. Може ли белата ајкула да дојде до Јадранот? Mорскиот биолог Петар Кружиќ вели дека белата ајкула живее во Медотеранот, но првпат била забележана во шпански води. -Големата бела ајкула нормално си живее во Медитеранот, но прашање е дали ќе дојде близу до брегот или не. Популацијата варира, зависно од храната. Повеќе нема фтолку туна со која се храни, па големите риби полега исчезнуваат, па веројатно е дека ќе изумре и големата бела ајкула.  Освен тоа, голема бела ајкула живее и во Јдранското Море, покрај Анкона има женка, примерок за кој се знае дека константно е присутен таму. -Се мота околу нафтените платформи, вели тој. -Податоците за популацијата на белите ајкули во Медитеранот се глевно сиромашни. Прес повеќе децении за време на традиционален лов на туна во Сицилија се случувало рибарите да уловат и мали примероци бели ајкули. Во тоа време научниците кои се занимавале со изучување на големите бели ајкули во Медитеранот пиушувале дека  се размножуваат на тромеѓето меѓу Сицилија, Малта и Тунис, но тоа не е докажано. Големата бела ајкула не заскитува во Јадранот, туку влегува по храна. Кружиќ објаснува дека големите животни не заскитуваат во Јадранот, зашто „седумдесетте и нешто километри на Отранската Врата не се толку малку за некој да заскита“. -Влегува во Јадранот по храна. Како што дошла, така и ќе си замине. Некои остануваат подолго, некои пократко, зависи од храната. Големите бели ајкули се разликуваат од своите браќа и сестри во Атлантикот, зашто рано се издвоиле од таа популација, Најслични се со австралиските. -Глупави митови се приказните дека ајкулите ги следат бродовите. Секако дека можат да дојдат во Јадранот, тоа е исто море, вели Драшко Холцер, претседател на Институтот „Плави свијет“. -Немаат раце за да напипаат дали храната е за нив или не е. Често угризуваат за да видат дали е нивна храна или не. Луѓето не се нивна храна, но за жал, повредите често се преголеми, па луѓето умираат, вели Крижиќ. Прашање на време е кога ќе се појават тропски видови во Јадранот со оглед на климатските рпомени.]]>

Ќе ви заледи крвта: Фотографија од најголемата ајкула под брод полн луѓе ги преплаши социјалните мрежи https://arhiva.vistina.com.mk/kje-vi-zaledi-krvta-fotografija-od-najgolemata-ajkula-pod-brod-poln-lugje-gi-preplashi-socijalnite-mrezi/ Mon, 26 Mar 2018 08:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17608

Фотографијата на која огромна ајкула плива под брод полн луѓе, неодамна предизвика хаос на социјалните мрежи. Сепак, најчесто поставувано прашање е дали ова е навистина возможно или станува збор за оптичка илузија. Неверојатната фотографија која ја направил фотографот Том Канон, настанала во близина на брегот на Западна Австралија. Канон и неговиот пријател Сем Лоренс, кој се занимава со истражување на морињата, но и фотограф, основале компанија под името “Ocean Collective Media” која се занимава со промовирање на дивиот свет. Оваа фотографија привлече посебно внимание затоа што се чини дека ајкулата во секој момент ќе го проголта бродот. Сепак, работите се малку поинакви – станува збор за оптичка илузија, која фотографите ја нарекуваат “присилна перспектива” во која објектите се поставуваат така за да изгледаат поголеми, помали, оддалечени или подоближени отколку што навистина се.
“Кога ја направив фотографијата, ајкулата беше оддалечена на неколку центиметри од мојот апарат”, рекол Том и додал дека бродот стоел неколку метри подалеку.
Како што објаснил тој, ајкулата била многу љубопитна и поминала цели 50 минути до површината на водата, набљудувајќи ги луѓето кои биле во близина. “Тоа беше навистина ретко искуство да имаме толку љубопитна ајкула”, рекол Канон и додал дека тие обично пливаат во прави линии во потрага по храна. Овој вид на ајкули може да порасне и повеќе од 40 метри. Во видеото погледнете како изгледа ајкулата и како истата реагира на луѓе. https://www.youtube.com/watch?v=dUMUSFLyZpU извор:точка.мк]]>