Ајдин Османовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Jul 2023 12:04:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ајдин Османовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Она што не можат возрасните, можат децата: Во Штип три деца преку музика ќе направат спој на македонската и босанската култура и традиција https://arhiva.vistina.com.mk/ona-shto-ne-mozhat-vozrasnite-mozhat-detsata-vo-shtip-tri-detsa-preku-muzika-ke-napravat-spoj-na-makedonskata-i-bosanskata-kultura-i-traditsija/ Mon, 17 Jul 2023 12:04:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310503

Приказната на единаесет годишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, БИХ добива нова епизода. Овој пат ќе се спојат децата на Македонија и Босна на концерт. Три детски грла во придружба на нивните професори ќе ги изведат најубавите македонски традиционални песни и босански севдалинки. ,, Децата се најголемото богатство на светот. Македонија, Босна и Херцеговина како и сите други земји од регионот имаат богато културно наследство. Нашата желба е низ оваа позитивна приказна да ги споиме тие две богатства, бидејќи ние немаме ништо повредно од тоа. Децата и традицијата заедно. '' - ни изјави професорот и ментор на Ајдин, Јасмин Брашњиќ. Штип, градот под Исарот, на 26 јули во 20 часот во Домот на културата ќе биде место каде ќе се создаде нова музичка приказна. Лина Костадинова, која има само 10 години, и која освен со својата виолина, одлично се снаоѓа и во пеењето, заедно со својот постар брат Драган Костадинов, кој има 14 години и освојува први места на голем број домашни и меѓународни натпревари по хармоника, заедно со,, бисерното грло'' Ајдин Османовиќ, кој преку соработката со својот ментор Јасмин Брашњиќ, успеа со посебни емоции мноштво македонски традиционални песни, преку музиката ќе направат нови мостови на пријателството.]]>

„Бисерното грло”од Сребреник во Македонија: Младиот Ајдин Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ ќе изведат традиционални македонски песни https://arhiva.vistina.com.mk/bisernoto-grlo-od-srebrenik-vo-makedonija-mladiot-ajdin-osmanovik-zaedno-so-negoviot-profesor-jasmin-brashnik-ke-izvedat-traditsionalni-makedonski-pesni/ Wed, 10 May 2023 07:31:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301433

Пред неполни два месеца на социјалните мрежи едно дете што беспрекорно ја пееше нашата Јано мори стана вирален хит. Токму тоа дете, Ајдин Османовиќ, заедно со својот професор и ментор Јасмин Брашњиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, доаѓаат во Македонија, односно во Крива Паланка на концерт. ,,Не беше тешко да се воспостави контакт преку социјалните мрежи со професорот на младиот Ајдин, Јасмин, и без многу размислување по упатените честитки, ги поканив на гости во Крива Паланка. На 23. Мај, во Центарот за култура, од 19 часот,заедно ќе го одбележиме чествувањето на Свети Јоаким Крчовски и Светите Кирил и Методиј со Свечена Академија и концерт - изјави Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. На Свечената Академија ќе бидат прогласени и најдобриот просветен работник и најдобриот ученик за учебната 2022/2023 година. По тој повод Ајдин Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ, но и општина Крива Паланка, како и цела Македонија ги повикува сите добронамерници и почитувачи на македонската традиција, да го чујат младиот Ајдин, кој има само единаесет години, но одлично ја разбира, сака, а уште подобро ја интерпретира македонската народна песна. Во прилог погледнете го  видео обраќањето на Јасмин и Ајдин со изведба на Учи ме мајко, карај ме, најдобра најава на концертот на 23 мај во 19 часот во Центарот за култура во крива Паланка. ]]>