агнеса органџиева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Dec 2023 13:43:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png агнеса органџиева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кршењето чинии во кафеана и стана навика, само што овој пат македонска старлета не остави во дилема: Дали Агнеса повешто крши или подобро „меша“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/krsheneto-chinii-vo-kafeana-i-stana-navika-samo-shto-ovoj-pat-makedonska-starleta-ne-ostavi-vo-dilema-dali-agnesa-poveshto-krshi-ili-podobro-mesha-video/ Fri, 15 Dec 2023 10:19:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331243

Агнеса Органџиева за едни тазе инфлуенсерка, за други старлета, како што ги нарекуваат познатите личности без јавна просфесија, не престанува да објавува приватни детали од своето секојдневие на Инстаграм. Не барем од она што и одговара, кога споделува каде е со кого, што прави, што јаде, што пие, како се облекува, каде се забавува и на кој начин... Едноставно се' што смета дека и оди во прилог го сервира на виделина на својот Инстаграм и приказните на нејзиниот профил, за да  првлече и заинтересира што поголем број од своите следбеници. Забележливо е дека еден познат елитен ресторан кој е далеку од македонската престолнина во последно време е нејзиното постојано одредиште. Заради квалитетот на храната, нивото на забавата секако, иако не ќе да се тие пресудни Агнеса  и дење и ноќе „да кисне“ во амбиентот кој рака на срце е навистина прекрасен. Мотивите за константнта присутност на русокосата ќе и ги оставиме неа, ама кога веќе не излегува од таму, поинтересно е да се види што таму прави? Особено кога нивото на забавата ќе ја достигне својата кулминација, Агнеса се впушта во елеминација... И тоа на комплет чинии, чин кој е во локалите кај јужниот сосед оддамна е традиција, а кај нас повремено го откриваат и враќаат во мода, па го практикуваат во првата згодна пригода. И ако минатиот пат на истата локација Агнеса  на грчка музика  цел комплет чинии „демолираше“, овој пат тоа единствено задоволство го репризираше! Во истата таа кафеана забавата на максимално ниво, атмосферата одново пуштена на најсилно, а расположението на кумановската старлета исто така... Само што овој пат кршењето чинии русокосата го зачини со танц во ритамот на музиката, додека ги кршеше чиниите...  Начин на забава  во кафеана кој и стана навика, само што овој пат македонска старлета не остави во дилема: Дали е повешта со рацете или во нишањето на колковите? Дали Агнеса повешто крши или подобро „меша“? Фото и видео: Инстаграм/agnesaorgandzieva]]>

Вака лумпува Агнеса Орданоска: Русокосата на грчка музика кршеше чинии во кафеана (ВИДЕО)  https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-lumpuva-agnesa-ordanoska-rusokosata-na-grchka-muzika-krsheshe-chinii-vo-kafeana-video/ Fri, 17 Nov 2023 10:32:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327414

Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева катаден објавува приватни детали од своето секојдневие на Инстаграм, па така беше и овој пат. Таа откако најпрво сподели дека и било голема чест да биде дел од ексклузиванта промоцијата на  бренд хулахопките кои Лепа Брена ги промовираше и во Скопје  доби многу позитивни коментари во кои и напишаа дека го заслужува сето тоа, а доби  и многу пофалби за нејзиниот изглед. Па така во истиот аутфит од промоцијата, во црно мини фустанче и светкавото елегантно сако кои  на промоцијата ги носела заминала на забава. Понесена од возбудата и убавата атмосфера од промоцијата, Агнеса пристигнала во кафеана каде решила да лумпува на грчка музика. Додека во позадина свирел оркестарот, таа застанала на средина со голем куп чинии во рацете следејќи го стариот грчки кафеански обичај, почнала да ги крши. Судејќи по видеото кое го споделила на Инстаграм, задоволството било единствено, па русокосата насмевката не ја тргнала од лицето. Очигледно Агнеса знае одлично да се забавува кога е добро расположена... Само остана мистерија, кој  ја плаќа забавата? Фото: Принтскрин/Инстаграм/agnesaorgandzieva]]>

Беља во домот на Агнеса Органџиева: Русокосата инфлуенсерка побара помош, откако нејзината сродна душа одби да ја слуша и ја грабна за коса (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/belja-vo-domot-na-agnesa-organdhieva-rusokosata-influenserka-pobara-pomosh-otkako-nejzinata-srodna-dusha-odbi-da-ja-slusha-i-ja-grabna-za-kosa-foto/ Sat, 07 Oct 2023 07:24:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317082

Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева, живее со двете ќерки и чува егзотичен миленик – кралски питон. Таа змијата ја чува дома во терариум веќе две години, а нејзиното име е Раја. Миленикот на Агнеса не е отровен но, но може да и направи беља како што тоа се случи сега, бидејќи повремено го вади од неговото живеалиште за да си поигра и да го погали, за  тој да не се чувствува осамен. Имено, Агнеса необичното домашно милениче овој пат го зеде во прегратката за да го помилува, снимајќи го со камерата за да го  покаже на нејзините следбеници. „Раја, мојата сродна душа“ - напиша Агнеса позирајќи гордо и задоволно, додека миленикот лазеше по нејзините гради и врат. Но, за кратко време рускосата се фати за глава од тоа што набргу ја снајде. Бидејќи кралскиот питон има многу особено однесување кога се чувствува под стрес, веројатно овој пат рептилот се почуствувал малку загрозен па, веднаш го свиткал своето тело заплеткувајки се во екстензиите на косата на Агнеса. Помошта дојде од нејзината ќерка Вивиен која веднаш почна да ја отплеткува и се обиде да ја реши ситуацијата за да ја извлече од незгода нејзината мајка, која мирно седеше и чекаше некој колку - толку  да и ја спаси грижливо негуваната коса. Ситуацијата во домот на Агнеса сепак остана под контрола и заврши среќно, бидејќи во моментот русокосата не беше сама. Што ќе се случеше да беше поинаку и дали  змијата  ќе добие казна од нејзината сопственичка, останува да видиме. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Агнеса Органџиева    ]]>

Агнеса плени со својата убавина: Органџиева со жешки фотографии во бикини и лице без шминка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/agnesa-pleni-so-svojata-ubavina-organdhieva-so-zheshki-fotografii-vo-bikini-i-litse-bez-shminka-foto/ Wed, 09 Aug 2023 09:43:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313111

Познатата македонска инфлуенсерка Агнеса Органџиева одлучи топлите денови да ги помине на море кај нашиот јужен сосед. Таа каде и да се појави со  нејзиниот изглед секогаш го одзема здивот бидејки е  личност која не ги крие своите облини и често ги става во преден план, а летото е само уште една можност нејзините атрибути да дојдат до израз на плажата кога носи костим за капење или некоја претесна комбинација. Органџиева замина со цел да се реалаксира и одмара но, нејзините следбеници на социјалните мрежи секако и се во прв план. Иако, веќе извесно време ужива во Грција од каде често се рекламира, со најновата објава предизвика бурни реакции на мрежите. Таа овој пат се соблече во барби  костим за капење со златни детали па, како и секогаш никој не остана имун на нејзините жешки фотографии. Агнеса го истакна нејзиниот  сексапил покажувајки ги стомачните во новиот костим за капење со кој откри сѐ. Имено, убавата Mакедонка често ја гледаме во опуштена варијанта, а сега се соблече во розовото бикини на плажа и зад себе покажа нереален поглед, а коментарите за нејзиниот изглед продолжија да се редат. А, провокативната поза, минијатурните бикини  и лицето без шминка во прв план беа вистинско уживање за нејзините фанови.   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Агнеса Органџиева  ]]>

На патот до ѕвездите, Агнеса Органџиева мораше да ги спушти фармерките: Сиот нејзин свет сега блеска и над папокот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-patot-do-zvezdite-agnesa-organdhieva-morashe-da-gi-spushti-farmerkite-siot-nejzin-svet-sega-bleska-i-nad-papokot-video/ Sat, 24 Jun 2023 07:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305010

Откако имаше бурен развод, Агнеса Органџиева реши многу нешта во животот да промени од корен. Меѓу останатото и својот физички изглед. Внимавањето на исхраната и теретаната од „буцкастата“  госпоѓа, направија секси русокоса која може да се носи и со многу помладите, а некои од нив, можат само „вода да и носат“ кога е во прашање физичкиот изглед и сега речиси совршената линија на госпоѓица Органџиева. Парадирањето по кафулињата и локалите во престолнината и појавата на разни настани, збиднувања и фенси места е речиси дел од секојдневието на Агнеса, која со своите последни појавувања покрај атрактивноста го привлече вниманието и ги фокусираше погледите на околината на себе со уште една работа која ја направи неодамна. Имено,  русокосата уште оддамна не крие дека ги сака тетоважите, а сега нејзината истенчена става ја краси нова... Или поточно три помалечки, една до друга и апсолутно идентични... Трите тазе тетовирани ѕвездички во пределот на стомакот, некаде над папокот, каде отсега блеска сиот нејзин свет. Таа на својот профил на Инстаграм споделила видео од моментите додека се тетовира, а на патот до ѕвездите, Агнеса Органџиева мораше да ги откопча и спушти фармерките... И додека вештите раце на тату мајсторот го овекувачува нејзиното тело, во исцртувањето на ѕвездените моменти  сексапилната русокоса позираше со раскопчани фармерки и крената маичка. Шармантната русокоса сега има три нови ѕвезди распоредени рамномерно во линија на нејзината тенка половина. Тату обележја кои го симболизираат сиот нејзин свет и смислата на нејзиното живеење, зашто во нивната симболика се кријата имињата на нејзините две ќерки Вивиен и Тифани, како и таа самата. Нешто, што и претходно на извесен начин го имаше, само сега од раката го преслика и на телото. Така покрај веќе постоечките  тетоважа на раката, Агнеса сега има уште три нови ѕвездички на видливо место. Забележливи за секого во топлите месеци на престојното лето, а кога ќе застуди - само за избрани поединци... Кои пак имаат единствена прилика да видат и по некоја тетоважа плус... Зашто оние што ја „познааваат одблизу“, велат дека русокосата инфлуенсерка има тетовирано и едно мало срценце на скриено место, а кој знае... Можеби има и уште нешто таму некаде...!?
Фото: Инстаграм принтскрин/agnesaorgandzieva]]>

Агнеса за Велигден ја покажа мајка си и домаќинско – инфлуенсерските вештини: Убава на мама, во вапсањето јајца нема утка, а инфлуенсерското умеење го покажа на дело во Шутка (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/agnesa-za-veligden-ja-pokazha-majka-si-i-domakinsko-influenserskite-veshtini-ubava-na-mama-vo-vapsaneto-jajtsa-nema-utka-a-influenserskoto-umeene-go-pokazha-na-delo-vo-shutka-video/ Tue, 18 Apr 2023 08:03:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298305

Агнеса Органџиева важи за една од најубавите жени кај нас, меѓу познатите. Особено сега, откако на вишокот килограми им кажа збогум, а претходно преку ноќ стана позната и славна по својот „неславен развод“ со кој со денови и недели беше главна тема во чаршиските кулоари, на социјалните мрежи и на насловниците на медиумите. Покрај својата примарна професија во јавниот сектор, инфлуенсерството и стана втора  неформална професија, па така нејзиниоте профили на социјалните мрежи, особено оној на Инстаграм неретко го полни и со фотографии и рекламни фотосесии на кои маркетингот на разни производи и услуги им е примарна цел. Во деновите кога „се кршеа копјата“ во нејзиниот сега веќе непостоечки брачен живот, и во своите изјави и самата  тврдеше дека нејзините родители и се главно прибежиште и најголема поддршка, зашто што и да се случи, секогаш има каде да се врати. За деновите во кои го правосланите христијани го славеа големиот празник - Воскресението Христово - Велигден, Агнеса покажа три нешта: Од кого ја наследила убавината, а можеби и она што ја прави вешта домаќинка и секако инфлуенсерското умеење... И тоа сите три нешта на дело. Најпрвин русокосата споделила фотографија со нејзината мајка, за која и самата  во неколку наврати истакна дека убавината ја наследила од неа, од мајка, Гордaна Органџиева, која исто наликува на негувана жена која изгледа одлично за своите години. „Моја мами“ - споделила заедно со фотографијата Агнеса, па многумина искоментираа дека во главните црти личи на неа, а некои дури и тврдеа дека таа е копија на нејзината мајка!? Како и да е, евидентно е дека „прилично генетика се пресликало кај русокоста барбика“. Она пак што не го сторила генетиката, го надополнила пластиката! Како и секоја добра домаќинка и Агнеса била вредна па велигденските денови ги збогатила со она што го налага традицијта - вапсање јајца. Дека естетиката не и недостасува покажаува самата декорација на велгденските јајца во големата овална чинија кои русокосата ги изложила, па покрај фотографијата во коментарот ја споделила и велигденската честитка: „Честит Велигден! Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови“. Но, само ден пред големиот христијански празник, Агнеса не пропушти да ги покаже и своите инфлуенсерски вештини и умеење. Во бојадиасувањето и украсувањето на велигденските јајца кај неа нема ука, а инфлуенсерските способности ги покажа на дело... во Шутка! Имено, таа заедно со нејзиниот голем пријател Зоки - Фаци со кого во последно време се неразделни, ден пред Велигден отиде да сподели реклама во еден од  мноштвото улични бутици за машка гардероба на базарот во најголемата и најпозната ромска населба во Македонија. Бесплатна шопинг тура со гратис превоз до базарот во Шуто Оризари  за секој што ќе посака таму да пазари... А низ видео-најавата на оваа инфлуенсерска коњуктура ве водат вашиот домаќин Зоки - Фаци и русокосата инфлуенс-хостеса, мадам Агнеса:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Agnesa Ordanoska (@agnesaorgandzieva)

„Бекстејџ“ ја стави на тест сама да си провери колку е позната: Агнеса Органџиева почувствува како изгледа да го држиш в рака пред непознати микрофонот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdh-ja-stavi-na-test-sama-da-si-proveri-kolku-e-poznata-agnesa-organdhiev-pochuvstvuva-kako-izgleda-da-go-drzhish-v-raka-pred-nepoznati-mikrofonot-video/ Wed, 12 Apr 2023 08:06:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297829

Познатите личности или барем оние кои се медиумски експонирани и на некој начин стануваат дел од јавниот живот неретко и немаат претсатава за себе и за тоа колку се познати, славни, популарни... Некому славата преку ноќ му удира в глава,  други пак и по долги години  медиумска експонажа и во последно бвреме секако по социјалните мрежи остануваат приземни, без ниту малку да летаат во облаци. Сепак популарноста е променлива, и минлива категорија, па некој некогаш е повеќе, некогаш помалку популарен, но велат дека кога еднаш ќе станеш познат, познат остануваш за цел живот. Само што до таа фаза малку потешко се стигнува, зашто популарноста стекната со будалаштини е „чудо за три дена“, а онаа создадена со кретивност, упорност, труд, работа, талент и знаење е трајна! Разликата е нешто како шминка за една прилика и трајна тетоважа! Агнеса Органџиева нема јавна професија, па затоа за некои е  старлета, за други пак трендсетерка, за трети инфлуенсерка... Или што би рекла самата, позната од непознати причини! Зашто русокосата стана многу повеќе позната по својот бурен развод, отколку по било што друго, но дружењето со познатите, движењето во естраните или џетсетерските кругови и донесе една поинаква популарност. Особено што истата медиумите повеќекратно и ја мултиплицираа(т), секој на свој начин. Естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ реши да ја стави на тест, русокосата сама да си провери колку е позната. Агнеса Органџиев се согласи, па тргна да почувствува како изгледа да го држиш в рака пред непознати... микрофонот, секако! Резултатите од нејзниот експеримент за анкетна проверка на популарноста, погледнете ги во видеоприлогот во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Еве како се маскираа децата на познатите Македонци за „Денот на шегата“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-se-maskiraa-za-denot-na-shegata-detsata-na-poznatite-makedontsi-foto/ Sat, 01 Apr 2023 08:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296155

Градинките и училиштата вчера имаат активности  по повод денешниот ден, 1-ви Април, а многу Македонци ги објавија маските на нивните деца на Инстаграм. На овој ден вообичаено во нашата земја дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, и разни креативни маски. А, погледнете какви маски избраа дечињата на познатите Македонци за да го одбележат првиот ден од месецот април - Денот на шегата. Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богданоска на социјалната мрежа „Инстаграм“ покажа дека нејзината ќеркичка Дениција  одбрала да се маскира во принцезата Елса од анимираниот филм „Фроузен“. Пејачката и харфистка Сара Мејс ја покажа дека нејзината ќерка, a малата Илина одлучила да се облече како нејзината омилена принцеза. Македонскиот супер модел Катарина Ивановска објави фотографија од синот Вања кој се инспирираше од  познатиот филм „Пиратите од карибите “ и одбра да се маскира во пират. Пејачката Тамара Тодевска на социјалните мрежи ја покажа маската на помалиот син Дарен кој овој пат одбрал да биде познатиот суперхерој Хулк. Познатата трендсетерка Агнеса Органџиева објави фотографија од нејзината принцеза Тифани, а во што одбрала да се маскира дознајте од фотографијата.   Фото: Принтскрин/Инстаграм  ]]>

Агнеса Органџиева (во) „Без лимит“: „Неверство… јас оправдувам се’… се’ е хемија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/agnesa-organdhieva-vo-bez-limit-neverstvo-jas-opravduvam-se-se-e-hemija-video/ Mon, 13 Mar 2023 09:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292923

Во последниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров насловен „Без лимит“ гостинка беше познатата трендсетерка Агнеса Органџиева. Таа на македонската јавност и стана позната по разводот од нејзиниот поранешен сопруг, екс директорот на АЕК - Роберт Ордановски, а нивното разидување  буквално наликуваше на познатите латиноамерикански сапуница, или сега турските серии, со низа заплети и расплети, обвинувања, јавни препукување, објавувања интимни СМС пораки, вибер и месинџер преписки, изјави за медиумите... Едноставно имаше се' и се'што пред двојката конечно да се разиде - секој на своја страна. Aгнеса учествуваше во викенд изданието на подкастот на Стефан Лазаров, кој заедно со Зоки Фаци во навидум неврзан муабет ја бомбардираа со прашања од приватниот живот. Во опуштен амбиент со „даска мезе“, бело вино, цигари и нејзиното необично домашно милениче кое го пушти да шета по масата, змија од видот кралски питон. Русокосата  раскажувае многу работи, откривајќи сегменти за себе од нејзината непозната приватност, но и даваше свое мислење и коментари на разни животни ситуации и состојби. Бракот и брачниот живот, хемијата, љубовта, сексот, рецепт за долг и успешен брак, причините за развод, женско-машките односи воопшто... Но, Агнеса Органџиева меѓудругото не е само скандал дама, туку таа  важи за една од најпознатите инфлуенсерки на Инстаграм, каде нејзиниот профил има повеќе од 50.000 следбеници на оваа социјална мрежа. На професионален план таа е дипломиран правник, додека приватно во моментот е „жена без обврски“, но и мајка на две ќерки – поголемата Вивиен и помалата Тифани. Таа во интервјуто од речиси два и пол часа зборуваше за убавите, но и тешките моменти од нејзиниот приватен живот. Токму во нејзиното гостување во подкастот на Лазаров, Агнеса доби прашање што мисли за неверството, дали некогаш била изневерена и дали оправдува машко неверство, а нејзиниот одговор беше: „Јас оправдувам се'... Никој никому нема право да суди во животот, освен Господ. А дали би простила неверство... Зависи за што!? За се мора да има причина или од едната или од другата страна. Кога ќе ти кликне овде... Ма, се' е хемија, знаеш“! „Дали некогаш си била изневерена?“ гласеше прашањето на Лазаров, а Агнеса одговори: „Сум била, па зошто се разведов. Значи, дечки, сега вака ќе ви кажам. Најубавата и најпосакувана жена, Адријана Лима беше изневерена, така што... мажи“! Впрочем, ако не сте го гледале,  целото интервју во вид на неврзан „вински мезе муабет“ можете да го проследите ово видото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Агнеса Органџиева: „Мажите немаат храброст да ми пријдат“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/agnesa-organdzieva-mazite-nemaat-hrabrost-da-mi-prijdat-video/ Mon, 07 Nov 2022 07:17:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274665

Агнеса Органџиева последните две години го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи. Јавноста почна да зборува за неа во времето на короната, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја навреди во статус на Фејсбук.
„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат. Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“. Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик. „На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа. Со Агнеса, која важи за една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, разговаравме во нејзиниот дом. Ни покажа каде живее и кои ѝ се омилените парчиња облека. Со ќерката Тифани ни раскажаа и за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик скоро една и пол година. Отворено зборуваше за тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж... И дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, но и каква е кога ќе седне во кафеана... Гледајте го видеото со интервјуто:
]]>