агенда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Dec 2023 08:16:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png агенда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Калиопи ја резимира 2023 година во екслузивно интервју за Вистина: „Без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите“ https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-ja-rezimira-2023-godina-vo-eksluzivno-intervju-za-vistina-bez-ogled-na-toa-kakva-planina-mi-tezhi-na-pleshkite-jas-mirno-gi-zatvoram-ochite/ Fri, 29 Dec 2023 08:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332923

За нашата поп -пејачка Калиопи редовно се залепени епитетите дива, кралица, најдобра… што таа во неколку наврати кажала дека нема проблем да ги стави на лицитација. Сепак, ласкањето за тоа што е таа и она што го работи, сосема оправдано се надополнува. Неуморен професионалец, секогаш непосредна и отворена за своите фанови, без чувството дека таа е ѕвезда и е недостижна во денешниот естраден свет. Децениската кариера, бројните хитови и концерти ја прават она што е денес, а според обемот на се’ што направила во годината која ја испраќаме, ќе треба да одговори многу и да испишеме уште повеќе од ова и повторно да останаме недокажани. За крајот на 2023 година Калиопи во ексклузивно интервју за Вистина зборуваше за тоа како ја сублимира оваа 2023 година, се’ она со кое и беше исполнета приватно и професионално, како и тоа што следи во 2024 година. Како се чувствува Калиопи пред крајот на годината? -Невообичаено спокојна. И последниве денови до пречекот ги користам за убави и креативни моменти, додека за годинешниов дочек на Новата година си посакав мирна и тивка ноќ. Празничниот дух успевате да си го донесете сами или за тоа мора да има синергија од целокупното опкружување? -Секогаш за добро расположение мора да започнете од себе, а потоа секако продолжувате во духот на споделувањето. Опкружувањето е многу важно, но сметам дека горе-долу сите ние веќе однапред си го знаеме нашиот избор на луѓе. Кој е Вашиот рецепт за постојана насмевка и позитивна енергија како личен печат, секако покрај моќниот вокал по што сте и препознатливи? -Го гледам само она што сакам да го видам! Не дозволувам никој и ништо да ми го расипе моето гледиште на светот, бидејќи иако свесна во какво време живееме, мене очите и срцето ќе ми бидат водени од љубовта! И тоа сакам да го поделам со луѓето, а нема подобар начин од насмевката! Покрај мојот глас, луѓето ме препознаваат и по неа. Години наназад редовно ја добивате и апсорбирате непресушната љубов од публиката, но дали Калиопи е емотивно исполената и сакана кога ќе се симне од сцена и ќе остане сама? -Претпоставувам дека сите ние си живееме некаква наша "сцена", без оглед на професиите. И сите ние го имаме моментот кога остануваме сами со себе, а јас тој момент го сметам за многу продуктивен. Потребен е пред сѐ да си ги средиме мислите и да си помуабетиме искрено со себе. Јас добивам огромно количество на љубов и под светлата на рефлекторите, но и кога тие ќе се угасат... Вложувате многу во кариерата, музиката, публиката, а доказ дека задоволството постои е перманентноста од која немате отстапки години наназад. Каде се крие клучот на истрајноста, неуморноста, инспирацијата, посветеноста...? -Нема поголем влог од доследноста до она во што си верувал од секогаш. Да се биде свој, е клучот, но секако и најскапиот дел. Тоа чини многу... Но на крајот од денот, без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите, бидејќи знам, утрото ќе ме награди со нова сила за храброста и решителноста да бидам своја. Апетитите на публката никогаш не се задоволени од Калиопи и нејзината музика, а тие воопшто не се мали со оглед дека регионот не е мал и Ве обожава. Постојано на пат, од хотел до холел, од сцена на сцена, Вие се давате, но од каде е Вашиот духовен извор за да се издржи и постигне тоа? -Љубовта и вербата се мојот главен извор и сила за сѐ она што ме очекува на патот наречен живот. Затоа и ништо не ми е тешко. Во проблемот го гледам предизвикот, во искушениата си го тестирам трпението и така растам. А се додека публиката е погладна за мојата музика, мене ќе ме има... Годинава одржавте многу концерти низ регионот, добивте многу аплаузи, враќање на бис, цвеќиња, разни подароци... Кои беа најдрагите моменти кога би ги споиле во едно? -Завршното поклонување со мојот бенд, пред да ја напуштиме сцената... Не можам да ви го доловам тоа чувство преку збор, тоа мора да се доживее... Затоа до година и тука, кај нас ќе го поделиме тоа чувство, на концертите кои се во план во Македонија. Колку општествените случувања се одразуваа на инспирацијата и кративноста, независно дали се позитивни или негативни? -О, и тоа како се одразуваат. Моите песни не се само љубовни, тие опфаќаат и социјални теми, ангажирани песни, некогаш се чист коментар на одредени случувања. Уметноста е широк простор во кој се изговараат и отсликуваат најголемите вистини. Јас и Ромео сме токму затоа феноменален тандем, особено кога е во прашање точната мисла преточена во збор. Ако се осврнете наназад низ годините од почетоците на Вашата кариера до денес, како би го оцениле развојот на македонската музика /естрада, кои беа најплодните години, а кои најсушните? -Секое време земено и од социјален и културолошки аспект си носи извесни промени. За некој тие се позитивни, додека за друг се катастрофални. Токму од тој аспект не знам колку е паметно било што да кажам на таа тема, а да не бидам погрешно сфатена. Затоа мудро ќе молчам и ќе го користам правото своето мислење да го искажувам преку своите дела. „Не сакам да снимам дуети, тоа не е мој стил“ беше подвлечена една Ваша изјава во медиумите. Зошто е тоа така и тоа веднаш откако излезе последениот и најнов дует со Жељко Самарџиќ кој патем поминува одлично? -Изјава извадена од контекст. Секако, нелогично е да кажам такво нешто, а истовремено да дејствувам поинаку! Зборував за тоа дека немам многу дуети во мојата кариера, бидејќи дуетот е нешто што треба да се случи по чувство , а не по план. Песната можам да ја делам само со некој кој ги чувствува нештата, луѓето и животот на сличен начин како јас. Од каде треба да почнат промените за повторно да заживее македонската поп музика. Да бидат повеќе посетени домашните концерти, настапи и да не се штеди да се одделат пари за карта за она што е наше, домашно? -Промените почнуваат од самопочитта. Кога тоа ќе го освестиме, ќе започнат сите други општествени и институционални промени кои се потребни во секој сегмент на нашето живеење. Што стои во приватната и професионална агенда на Калиопи за 2024 година? -Многу убави и големи планови за кои уште од сега ги започнавме сите подготовки, со детална организација. Догодина повод големиот јубилеј 40 год од соработката со Ромео Грилл, се подготвува нов албум, како и низа концерти во Македонија и во регионот. Неизоставна е голема промоција на овие проекти и можам слободно да речам, со нетрпение ја чекам 2024 год, токму затоа што чувствувам дека со овој албум ќе отворам ново поглавје за најмалку следните десет години. А за понатаму, ќе видиме... Ако Калиопи е Дедо Мраз и може една работа да им подари на луѓето во Македонија, што би било тоа? -СРЕЌА фото: Приватна архива/ Ѓорѓи Христовски/Мартин Шишковски]]>

Викендов во Штип започнува 38-то издание на „Макфест“: Дводневна фестивалска фешта за сите вкусови https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-shtip-zapochnuva-38-to-izdanie-na-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/ Thu, 19 Oct 2023 06:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322995

Викендов во Штип, поточно овој петок и сабота (20 и 21 октомври 2023 г.) ќе се одржи 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Утревечер ( 20 октомври) во домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат 13 помалку афирмирани македонски музички имиња или како што еснафот ги нарекува „со помал багаж“ зад себе, но доволно атрактивни со модерни песни кои се очекува да го побудат интересот на публиката, а некои од нив и да станат радиски хитови. Петте кои ќе ја добијата довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота (21 октомври). По завршувањето на официјалниот дел на првата вечер во петок (20 октомври) за време на паузата додека трае гласањето на жирито и публиката во домот на културата, на сцената свој настап со сплет изведби на макфестовски теми ќе имаат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска, кои и самите се некогашни учесници на „Макфест“, чии фестивалски изведби и песни оставиле траг на македонската музичка сцена и станале македонски евергрини. Организитарот, општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот, Александар Арсовски заедно со целокупната екипа и тимот кој работеше на подготовките,  за се' да биде беспрекорно и функционира совршено,  ја подготвија и агендата за двата фестивалски дена. Во неа точно и прецизно се вткаени саатниците за Прес конференциите, генералните проби, сместувањето на изведувачите и претставниците на медиумите од цела Македонија, кои се очекува годинава во голем број да бидат присутни за следење на фестивалот. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и петте избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.  Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и  уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Што значи фестивлот да биде еден широк полигон за прва промоција на новите песни на веќе проверените музички ѕвезди, но и помладите имиња кои се помалку имаат простор каде да се презентираат себеси и своите нови остварувања. За визуелно-техничките аспекти и максималното користење на новите технологии на самата сцена, како и при презентацијата и медиумската промоција на „Макфест“ уште на првата Прес конференција во Скопје говореше членот на уметничкиот совет Јован Јованов, кој рече дека фестивалот годинава ќе изгледа и звучи сосема поинаку и многу побогато... И технички и визуелно и содржински, во што ќе се уверат и присутните во салата и ТВ гледачите. А годинава како што во неколку наврати изјави уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов: „На овој Макфест очекувам да има повеќе хитови отколку на последните две евровизиски изданија. Според мене десеттина песни претендираат да станат радиски хитови и да бидат многу вртени во етерот“ - потенцираше Саздов кој со задоволство го истакна квалитетот и потенцијалот на она што публиката ќе го слушне и види на макфестовската фестивалска сцена годинава. Единствената награда која ќе биде доделена е онаа за „Најслушана песна меѓу два фестивала“ која годинава со право ја понесе песната „Бела“ на Пајак и Лара Иванова од минатогодишното издание, која стана регионален хит со фасцинантни над 25 милиони прегледи на Јутјуб. Истата ќе биде изведена и на годинешното макфестовски издание при предавањето на наградата на втората фестивалска вечер, во сабота. И годинава и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- Радио Скопје. Како генерален спонзор, но и медиумски поддржувач на „Макфест“, Урбан ФМ исто така ќе оди со директен пренос и отворено студио од Штип на својата програма на фреквенцијата 90.8 Скопје. По завршувањето на фестивалот е предвидена и постфестивалска забава и дружење со учесниците и претставниците на медиумите со публиката во еден од елитните штипски локали.      ]]>