агенда 21 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Nov 2022 14:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png агенда 21 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Бејби и Игор Џамбазов ќе ја спасуваат планетата: Шоуто „Агенда 21“ на нова телевизија https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-i-igor-dzambazov-kje-ja-spasuvaat-planetata-shouto-agenda-21-na-nova-televizija/ Mon, 28 Nov 2022 14:07:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277690

Втората сезона на едукативното еколошко телевизиско шоу, „Агенда 21“ ќе се емитува на нова фрекфенција. Веќе проверената екипа предводена од актерите Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, заедно со младите Кристијан Ѓоргиев и Јована Миладинова, на забавен начин ќе презентираат нови факти и ќе разменуваат мислења за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени, електронскиот отпад и батерииите. Премиерното емитување на втората сезона е на 3-ти декември, на ТВ 24, со почеток во 20:45 часот, а репризите ќе бидат во недела од 15:15 часот и понеделник од 23:20 часот. „Оваа телевизиска емисија ја правиме за да ги поттикнеме гледачите и граѓаните да размислуваат и да делуваат позитивно кон природата, бидејќи грижата за животната средина е на многу ниско ниво. Искуството на терен од минатата сезона, а и од оваа ни покажа колку нашата држава изобилува со диви депонии и ѓубре, а токму тие депонии го загадуваат воздухот и почвата.“ – кажа Весна Петрушевска. „Агенда 21“ за прв пат започна да се емитува лани со реализирани 10 емисии, а оваа година продолжува со истото темпо, нови 10 емисии посветени на климатските промени, глобалното затоплување и уништувањето на природата од страна на човекот. Голема благодарност до Нула отпад, Пакомак и Ладна кои го поддржаа овој проект, ни изјави Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот. „Еколошкото шоу „Агенда 21“ е во продукција на КМК. Овој проект има големата тежина бидејќи токму ние луѓето сме највиновни за уништувањето на животната средина, а само човекот може да го промени тоа.“ вели Игор Џамбазов.]]>

Весна Бејби и Игор Џамбазов пак ќе ја спасуваат природата: Почна снимањето на втората сезона на еколошкото шоу „Агенда 21“ https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-i-igor-dzambazov-pak-kje-ja-spasuvaat-prirodata-pochna-snimanjeto-na-vtorata-sezona-na-ekoloshkoto-shou-agenda-21/ Wed, 27 Jul 2022 11:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260544

Почна снимањето и подготовките на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21. Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов , пак ќе ја спасуваат природата. Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуват и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тука се и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисија за подигање на свеста за зачувување на природата. „Загадениот воздух и почва, дивите депонии и електронскиот отпад ќе бидат главна тема и оваа сезона. Мора сите повеќе да се грижиме за животната средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење“- рече Весна Петрушевска. Еколошката ТВ емисија Агенда 21 е во продукција на КМК, од каде велат дека се свесни за големата тежина на темите кои ги обработуваат и дека само со едукација и јавна дебата може да се дојде до посакуваната цел, а тоа е зачувување на природата и чист воздух. „Во ова непредвидливо време во кое живееме тешко е да се зборува на вакви теми. Токму затоа сме многу среќни што компаниите Нула отпад и Пакомак ја препознаа нашата мисија. Се надевам дека емисијата има влијание кај гледачите, а особено кај младите преку најмладите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска бидејќи, ефектите од глобалното затоплување ги чувствуваме секојдневно“  - потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.]]>

Џамбазов и Бејби заедно се враќаат на телевизија во новото еколошко шоу „Агенда 21“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzambazov-i-bejbi-zaedno-se-vrakjaat-na-televizija-vo-novoto-ekoloshko-shou-agenda-21/ Thu, 11 Nov 2021 13:05:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226956

Весна Петрушевска и Игор Џамбазов се враќаат во улога на водители, овој пат заедно, во нова емисија – еколошкото шоу Агенда 21, во продукција на КМК. Емисијата ветува добра забава, факти и повик за акција за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и деструктивноста кон природата од страна на човекот. Сигурна сум дека шоуто Агенда 21 ќе го задржи вниманието на гледачите, преку важни теми за животната средина. Интересен е фактот што направивме емисија која е налик на таканаречена “домашна седенка“ со поширокиот круг на семејството во која дискутираме, едуцираме, дебатираме и се забавуваме. Во светот но и дома сме сведоци на пожари, поплави и изумирање на безброј животински диви видови, така што во никој случај не треба да ги игнорираме овие предупредувања кои ги имаме, за да не биде предоцна за целото општество, вели Весна Петрушевска.   Агенда 21 ќе ги едуцира гледачите за моменталната состојба со животната средина во земјава, што всушност сите заедно можеме да направиме за да се грижиме за природата, бидејќи климатските промени се реалност и за тоа треба да се преземат сериозни чекори, како индивидуално така и од страна на институциите и компаниите.   Крајно време беше некој да се позанимава на оваа тема. Мојата убава татковина, извор на бесконечно прекрасни пејсажи доживеав младите да ја викаат Македонија-депонија што ми покажа дека нешто навистина сме згрешиле во нашето битисување, изјави Џамбазов. ТВ проектот го подготвувавме две години и бевме свесни за тежината кој ja носи. Откако започнавме да снимаме во градовите и селата, воочивме дека грижата за животната средина ни е на ниско ниво. Навистина е загрижувачки да гледате депонии големи колку цели села, а истите тие се “комшии“ на нашите урбани и рурални општини. За жал сето тоа ние како граѓани го “консумираме“преку воздухот и почвата. Треба да преземеме акција уште денеска. Од 20-ти ноември секоја сабота во 20 часот следете не на телевизија Телма, потенцираше Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот. Во Агенда 21 освен познатите актери кои се и водители Петрушевска и Џамбазов, ги придружуваат нивни млади актери – колеги како Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова, со кои е вистински предизвик да дебатираат и разменат мислења.]]>