агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 08 Dec 2018 11:34:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Стефановска го возврати ударот врз „1ТВ“ империјата: Сергеј Варошлија оди на суд! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stefanovska-go-vozvrati-udarot-vrz-1tv-imperijata-sergej-varoshlija-odi-na-sud-foto/ Sat, 08 Dec 2018 08:21:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62047

Македонскиот моден гуру ја добива првата тужба и тоа од никој друг, туку од колешка по два основа: ем и таа е ТВ водителка, ем полето на интерес им е исто - мода и убавина! Имено, Сергеј „ќе ми пукне душата“ Варошлија, по се изгледа „ќе пукне“ пред законот, што би значело заедно со матичната „1ТВ“ и финансиски. Имено, познат како „пис на јазик“ кога е модата  во прашање,Сергеј се' почесто ги критикува и некои од познатите личности. Евидентно е дека на „мета за одстрел“ особено му се оние кои не си ја „имаат калимерата“ со него, неговите претпоставени, неговиот газда, телевизијата... или пак ја имаат „спукано“!
До душа, не дека не ги разбира работите или не е во право кога е модата во парашње... Напротив! Но, она што му забележуваат, му се лутат, а сега и го тужат е рeчникот, вокабуларот, изборот на зборови со кои им се обраќа, ги критикува, а тие велат и ги навредува, оние кои ги коментира... Водителката на емисијата „Живот со стил“, русокосата кумановка Елена Стефановска беше во неколку наврати „торпедирана“ со коментарите на Варошлија.
„...Изгледа многу лошо и ова не е инфлуенсер, ова не е блогер и мислам дека ако треба да си блогер и инфлуенсер, тогаш оди на расадници и сади шаргарепи, копај, со тоа штиклите прави колци за патлиџани....“ - колку за пример, беше еден од коментарите на модниот гуру, нарекувајќи ја водителка на „живот без стил“. Еднаш, двапати, трипати... и на Елена и „пукна филмот“. Првото што веројатно стручни лица ја поучиле да стори е да се обрати со Преставка до државниот орган кој ги регулира правата и односите во РТВ етерот - „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на  ( се' уште) Република Македонија“. А преставката - еден вид жалба за нарушување на личниот углед, загрозување на интегритетот и како личност и како професионалец во професијата.
Набргу, стига одговорот од Агенцијата, кој нејзината Преставка ја прифаќа како основана, па во истиот меѓу другото се вели: „Надзорот покажа дека се основани наводите од Претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди...“!
На Елена од Агенцијата и ја посочуваат и можноста за обраќање до Советот на честа при „Здружението на новинари на РМ“, како и до „Советот за етика во медиумите во Македонија“, но таа очигледно лично длабоко засегната, директно премина на трета инстанца, за неа веројатно онаа, најважната - судот! По преставката - тужба!
„Правдата е бавна, но секогаш стигнува. Институциите ја препознаа неправдата, сега на ред е судот! За божјиот, секој си одговара“ - напишала водителката најавувајќи ги своите намери и следни чекори во „битката за правда“ во „војната со 1ТВ империјата“, на која очигледно е решена да и зададе сериозен удар.
Особено на нивниот „моден гуру“ Сергеј Варошлија, кому му е фрлена ракавицата, а нејзиниот „меч на правдата“ подготвен за двобој. Па, да видиме кому „ќе му пукне душата“... ама и џебот?
 ]]>