адријан гаџа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Sep 2019 07:44:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png адријан гаџа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Адријан Гаџа стана угостител: Зошто пејачот одбра „старо“ име за новиот ресторан!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/adrijan-gadza-stana-ugostitel-zoshto-pejachot-odbra-staro-ime-za-noviot-restoran-foto/ Mon, 23 Sep 2019 07:44:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108320

Адријан Гаџа, македонскиот пејач со албанско потекло деновиве на локацијата на новотворениот мол на отворено „Point Retai Park“  во населбата Скопје - Север отвори луксузен ресторан на површина од 300 м2. Кујна од отворен тип, различни амбиенти и интимни катчиња за седење и кафе дружба,  се само некои од сегментите на ултралуксузниот локал уреден по најсовремените и најмодерни светски стандарди. Таков ќе биде и изборот на гастрономската понуда, која ветува многу разновидни специјалитети, пици, пасти, тестенини, бургери... па се до готвени специјалитети, повеќе врсти на салати и секако, десерти! „Решивме со моето семејство да отвориме ресторан во кој ќе има вкусна храна, пријатна атмосфера и супер услуга. Пред неколку дена беше отварањето и си поминавме супер. Јас и покрај ова ќе си продолжам да си работам на мојата кариера, веќе имам подготвено неколку песни и само чекам вистинско време да бидат пуштени во етер“ – изјави Гаџа, кој  при изборот за тоа како да се вика ресторанот, Гаџа го одбра „старото“ име „Ча - Ча“.   Имено, малкумина знаат дека семејството на пејачот и претходно се занимаваше со угостителство, па „Ча - Ча“ беше името на едно од култните кафулиња во Старата скопска чаршија, кога чаршијата кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите години беше нај „ин“ место за излегување во Скопје. Кафулето „Ча - Ча“ беше место каде се собираше голем дел од скопскиот крем, а него го водеше и менаџираше токму вујкото на Адријан Гаџа, Кујтим. Подоцна тој и пејачот го држеа и кафулето „Корнер“  во центарот на Скопје, карши Соборниот храм, кое за жал, брзо згасна. Дали од носталгија по старите добри времиња, кога бизнисот, добрата дружба и уште подобрата забава до рано наутро во Скопје одеа рака под рака, или заради зачувување и продолжување на некаква семејна традиција, Адријан Гаџа и семејството на новиот ресторан му го дадоа старото име -  „Ча - Ча“!  ]]>

Оваа година Тамара Тодевска ќе не претставува на „Евровизија“, а вака изгледаше пејачката на евровизиската сцена пред 11 години https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-godina-tamara-todevska-kje-ne-pretstavuva-na-evrovizija-a-vaka-izgledashe-pejachkata-na-svetskata-scena-pred-11-godini/ Mon, 28 Jan 2019 08:01:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69502

За неколку месеци во Израел ќе се одржи светското музичко случување „Евровизија“.Македонската радио телевизија ја одбра Тамара Тодевска да ја претставува Македонија на ова музичко натпреварувње. Песната со која ќе не претставува пејачката ќе биде избрана и претставена во следниот период. Тамара со радосните вести се пофали на социјалните мрежи. „Драги мои, со големо задоволство, официјално можам да соопштам дека сум претставник на Евросонг оваа година во Израел. Нека ни е со среќа..“ напиша Тамара на „Фесјбук“.
За „Женски магазин“ таа откри дека е многу радосна и возбудена за овој предизвик. „ Се надевам дека ќе го задржам имиџот кој го изградив на домашните фестивали, секогаш втора. Ако од „Макфест“ и од „Скопскиот фестивал“ сум си одела со освоени втори места, со песни кои станале големи хитови, сигурно дека од мене се очекува и на „Евровизија“ да бидам втора, хахаха. Но, кој знае, можеби ќе ја изненадам публиката и ќе победам. Овој пат, место втора, можеби ќе бидам прва“, ни изјави Тамара низ насмевка. За потсетување, ова не е првпат како Тамара ќе настапува на „Евровизија“.
Имено, во 2008 година, Тамара заедно со Врчак и  Адријан Гаџа ја претставуваа Македонија на „Евросонг“ во Белград со песната „Во името на љубовта“. https://www.youtube.com/watch?v=1MXMLTSR1Y4 Во 2004 година беше придружен вокал на Тоше Проески во Истанбул.
Во 2014 година ги отпеја придружните вокали на Тијана Дапчевиќ во Данска.
Каква песна ќе добие Тамара за „Евровизија 2019“ година и кое место ќе го освои останува да видиме.]]>