адриан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Jan 2023 09:58:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png адриан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За некогашната македонска ТВ водителка и оваа Нова година е повеќе од среќна: Марија Главчева по втор пат стана мајка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-nekogashnata-makedonska-tv-voditelka-i-ovaa-nova-godina-e-povekje-od-srekjna-marija-glavcheva-po-vtor-pat-stana-majka-foto/ Thu, 05 Jan 2023 09:58:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282874

Поранешната македонска ТВ водителка која последниве години живее надвор од Македонија, поточно во САД и годинава како и пред две години имаша повеќе од добра причина со огромна радост да влезе во Новата Година. Имено и во 2022-та новогодишните празници беа посебни за неа како и пред две години, кога Марија Главчева и нејзиниот избраник Ивица Попоски беа за прв пат во исчекување на нивната најголема животна радост. Тогаш, само неколку дена по највеселата и најлуда ноќ, атрактивната гевгеличанка на свет го донесе своето прво чедо, првата рожба и тоа прво – па машко, синчето Мартин. Две години подоцна, историјата или поточно животниот циклус како пресликан се повторува... Речиси во ист ден Марија се породи по втор пат и на свет донесе уште едно здраво машко чедо, кое овој пат го доби името Адриан. „Адриан сине, добре ни дојде во нашите животи. Мама, тато и братчето Мартин се најсреќни и благословени“ - кусо сподели некогашната водителка на својота Фејсбук страница, по што следуваше ерупција од воодушевувањам честитки, благослови... од нејзините роднини, пријатели, познаници..., на што Марија и нејзиниот сопруг Ивица на сите што им ја честитаа приновата во семејството, најискрено им се заблагодарија. Како и не би, кога можеше ли поубаво, порадосно и посреќно, Новата 2023-та за нив да започне? Нека е среќна и годината и приновата! Фото: Фејсбук принтскрин/Marija Glavcheva  ]]>