адриан азири – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 12 Nov 2022 08:28:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png адриан азири – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската актерка Камка Тоциновски во жешка акција: Страсни сцени и одлична глума во втората сезона од хит серијата „Беса 2“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-akterka-kamka-tocinovski-vo-zeshka-akcija-strasni-sceni-i-odlichna-gluma-vo-vtorata-sezona-od-hit-serijata-besa-2-foto-video/ Sat, 12 Nov 2022 08:25:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230662

Македонската публика веќе има можност на една од домашните национални телевизии да ја проследи  втората сезона од серијата „Беса“, која го допира криминалното миље, подземјето и неговата поврзаност со полициските и високите политички структури ширум Балканот. Првата сезона која направи тотален „бум“ и начисто ја распамети публиката започна да се емитува на 16 декември 2018 година. Во неа се појавија околу 200 актери од цела поранешна Југославија, како и странски актери од Албанија, Велика Британија и Франција, и се снимала околу 120 дена, на атрактивни локации низ Балканот. Ако во првата сезона покрај останатата актерска екипа имаше и еден нам добро познат лик, актерот Адриан Азири кого ТВ гледачите го препознаваат како Наим од ТВ серијалот за пансионот „Преспав“, во новите епизоди од „Беса 2“ се појавува и една македонска актерка. Камка Тоциновски, на театарската публкика позната од претставите во „Македонскиот народен театар“, на филмската пак од една од главните улоги во филмот на Милчо Манчевски,  “Врба“, како и улогата во најновиот - „Кајмак“. Сцените од жестоката секс акција на српскиот пејач Реља Поповиќ со македонската актерка Камка Тоциновски од хит серијата „Беса 2“,  уше веднаш по премиерното емитување крена голема прашина и внимание кај публиката, за што пишуваа и српските медиуми. Актерот и пејач Реља го игра телохранителот Лука Јовановиќ, криминалец и дилер на дрога Лука Домац, кого, пак, го игра Милан Мариќ. Една од сцените што дефинитивно ќе ја одбележи оваа сезона и која особено ќе им се допадне на фановите на Реља е онаа во која тој може да се види гол во креветот. Негова партнерка во оваа експлицитна сцена е токму македонската актерка, Камка, која ја игра Ана, сестрата на главниот негативец во серијата. Како што можеше да се види уште во кратката најава, Ана, која од првиот момент ќе му фрли око на телохранителот на Лука, конечно успева да го заведе помладото момче, со кој покрај секс акцијата, ќе има и сериозен разговор. Како реагирала невенчаната сопруга на Реља на овие сцени, пејачката и ќерка на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ, се уште не разбравме, додека Поповиќ  за медиумите изјави дека е воодушевен од серијата и неговата улога во неа. Оние што се добро упатени велат дека нашата актерка покрај еротскиот набој и сиот свој сексапил во сцените со жестоката акција, во серијата маестрално ја одглумила својата улога,  што на Камка Тоциновски може да и го отвори патот за нови остварувања, нови улоги и во некои следни серии од регионот, а и пошироко. ]]>