адриа тур – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Jun 2020 10:09:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png адриа тур – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Новак направи хорор шоу“ – бразилскиот тенисер Бруно Соарес и уште неколкумина други жестоко го нападнаа Ѓоковиќ заради „Адриа тур“ https://arhiva.vistina.com.mk/novak-napravi-horor-shou-brazilskiot-teniser-bruno-soares-i-ushte-nekolkumina-drugi-zestoko-go-napadnaa-gjokovikj-zaradi-adria-tur/ Tue, 23 Jun 2020 10:08:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155142

Бразилскиот тенисер Бруно Соарес силно ги погоди Новак Ѓоковиќ и Адрија Тур, по веста дека има луѓе заразени со вирусот корона. „Би ја дефинирал Адрија Тур како хорор-шоу. Дури и ако сте на Северен пол, со сè што се случува во моментов во светот, не треба да одите на забави и сето тоа да го објавувате на Инстаграм. Бевме сведоци на настан во кој сите се однесуваа неодговорно, нешто што може да ги загрози другите турнири. Ѓоковиќ е претседател на Советот на играчи ... Тоа е навистина комплицирано. Тој ќе ги носи сите негативни последици како индивидуа, затоа што тој организираше сè“  - изјавил Соарес. Бразилецот не е прв, но неколку тенисери се најавија и го погодија Ноле. Само Гаске застана со него. Останува да се види што ќе се случи со тениската сезона, но едно е сигурно, притисокот врз Ноле ќе биде уште поголем. Во меѓувреме пристигнаа добри вести од таборот на Новак Ѓоковиќ. Имено, неговиот тренер, а и самиот некогашен светски тениски ас Горан Иванишевиќ, е негативен на корона тестот. „Бев тестиран на Ковид 19 во Задар, резултатите се негативни, како и резултатите од тестот пред пет дена. Посакувам сите заразени да се опорават што е можно поскоро и ги повикувам сите што биле во контакт со нив да се придржуваат кон важечките препораки на здравствените професионалци“ - напишал Иванишевиќ на Инстаграм. На резултатите од Ковид 19 тестот на Новак Ѓоковиќ, се' уште се чека!? Фото: Инстаграм принтскрин видео
 
]]>

Даниел Кајмакоски и Новак Ѓоковиќ во паника: Белградската дружба на тениските асови и естрадата на „забавата за која светот зборува“, заврши со Ковид 19 (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-kajmakoski-i-novak-gjokovikj-vo-panika-belgradskata-druzba-na-teniskite-asovi-i-estradata-na-zabavata-za-koja-svetot-zboruva-zavrshi-so-kovid-19-foto/ Mon, 22 Jun 2020 09:10:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154901

Минатата недела Новак Ѓоковиќ беше домаќин во Белград на неколку светски тениски асови, со кои покрај настапите на турнирот „Адрија тур“, имале и луд и незаборавен ноќен провод во српската престолнина. Во еден од најелитните белградски ноќни клубови во кој Ноле и колегите и негови пријатели, тениските ѕвезди Григор Димитров и Александер Зверев биле гости, свој музички персформанс имал и нашиот Даниел Кајмакоски, кој по завршувањето на вечерта се запознал со тениските асови по што сите заеднозасилени со женско друштво, продолжиле да се дружат, а Кајмакоски сподели и фотографија на својот Инстаграм покрај која напишал:  „Забавата за која светот зборува… Mи беше чест да настапам  за овие момчиња“ – осамна во пораката.   https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/daniel-kajmakoski-vo-drushtvo-na-novak-gjokovikj-svetska-teniska-elita-i-damata-od-reklamata-za-vibratori-foto-video/ Но, само неколку дена подоцна во светската спортска јавност одекна веста дека токму бугарскиот тениски ас Григор Димитров е заразен со коранавирусот, по што беа одложени неколку натпревари, меѓу кои и финалето на тенискиот турнир. Сега заразата со Ковид 19 се проширила и на уште тројца тенисери кои учествувале на Адрија тур, а еден од нив е Борна Ќориќ. Ќориќ во изминатите денови  интензивно се дружел со колегата, играле заедно и кошарка, а позитивен на коронавирус е и уште еден член од тимот на бугарскиот тенисер, кондициониот тренер на Димитров. Така, сега сите што биле во блиското опкружување и непосреден контакт со Димитров, меѓу кои секако и Новак Ѓоковиќ и Даниел Кајмакоски се во паника од заразата, па се очекуваат и нивните резултати од корона тестовите.
Останува само нејасно од каде почнал кластерот, дали Димитров го донел вирусот или и самиот се заразил при посетата на Белград и лудите ноќни журки или пак го добил од некој друг тенисер, учесник на тенискиот турнир „Адриа тур“? Како што може да се прочита во коментарите под фотографијата која ја споделил заразениот Димитров, поединци вината ја лоцраат кај домаќинот, па оправдано или не, прстот го впериле во Ѓоковиќ!    ]]>