98% – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Feb 2023 09:25:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 98% – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Давид Темелков мин(ув)а низ животна голгота: „Ми открија тумор на ногата, а лекарот ми соопшти дека шансите да останам инвалид се 98 %“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-min-uv-a-niz-zhivotna-golgota-mi-otkrija-tumor-na-nogata-a-lekarot-mi-soopshti-deka-shansite-da-ostanam-invalid-se-98-foto/ Wed, 22 Feb 2023 09:25:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289974

Македонскиот пејач Давид Темелков, кого пошироката музичка јавност во регионот го запозна при учеството и успешните настапи во втората сезона на музичкото шоу „Икс фактор-Адриа“, потоа продолжи да ја гради својата регионална кариера во Хрватска. Низата песни од кои некои станаа и хитови му обезбеди место меѓу познатите, па така во 2021 година тој јавно на еден настап во Градишка ја запроси и тогаш неговата девојка Елена Јунг, која кажа - ДА. За жал, животот не е исполнет само со радости и среќни мигови, па така на почетокот на минатата година пејачот ќе се соочи со својот најголем страв, откако ќе му биде соопштено дека има здравствен проблем кој сериозно може да му го промени животот. Имено, на Темелков тогаш ќе му биде дијагностициран тумор на десната нога, кој ќе мора да му биде отстранет со хируршки зафат, по кој биле можни последици од катастрофални размери. Или поточно, лекарот му најавил дека шанситре за траен инавалидитет на стопалото на десната нога се огромни... Дури 98 %, по што тој не ќе може да ја движи ногата, зашто десното стапало повеќе нема да му биде во функција. Една година од истиот тој ден измина.  Давид Темелков мин(ув)а низ животна голгота, која за среќа се покажа дека чудата се сепак возможни. Својата животна приказна за најтешкиот период во животот досега, пејачот ја раскажа и сподели на Инстаграм профилот со своите следбеници. „Една година подоцна.. истиот ден... Оваа сторија ја пишувам со насмевка на лицето и не мислев да ја споделам јавно.. не знам зошто, но можеби некому ќе биде охрабрување, баш такво какво што на мене ми требаше пред една година! Минатата година започна жестоко, така што веднаш по Нова Година дознав дека на десната нога, во Паронеалниот нерв кој ја движи ногата, имам тумор со големина од 5.7цм.. Докторот кој ме прегледа јасно ми искомуницира дека ситуацијата е сериозна и дека постои можност од 98% за инвалидитет на десното стопало и дека ќе остане неподвижно и нема да има функција. Дека тој ќе даде сè од себе за да спаси што може да се спаси но дека е видливо како туморот веќе го има оштетено нервот.. Нема да кажам дека таа информација не ме погоди.. Ме погоди! Но во првите 10 минути.. Седнав во кола и почувствував како телото ми гори.. Не знаев како да им го соопштам тоа на најблиските.. По кратка тишина, на глас си реков "Господе, сè е во Твои раце.. Ако е ова Твоја Воља, достојно ќе ја понесам.. ќе пеам на штаки, во количка, ќе седам на работ на бината и ќе пеам да те прославам колку ме држи глас! Сум победил многу битки, спремен сум и за оваа!" До денот на операцијата не дозволив да ме изеде психата, напротив.. Се радував на секој нов ден и на сите нови обврски, на секој тренинг, на секој концерт.. Фокусот ми беше остар! И гледај Чудо.. Операцијата помина одлично!!! Стопалото сеуште не е на 100%, ама духот е! Само Господ знае зошто ни дава искушенија, и Фала Му за сè! Огромна благодарност и до професорот Раде Жиц кој веруваше и во оној 1% дека може да се спаси стапалото и што ми овозможи цврсто да чекорам према целите и соништата! Животот е чудо, сите имаме воздигнувања и падови, но кога ќе паднеме најважно е да станеме и да продолжиме! Не се откажувајте од вербата.. Верувајте! Верувајте во Добро, верувајте во чуда.. Верувајте во Љубов.. и да бидеме благодарни! Благодарни на Бога за сè што имаме и немаме! Не ми замерувајте, долга е сторијата ама е од срце!“ - сподели Давид Темелков на Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by David Temelkov (@davidtemelkov_)

Фото: Инстаграм принтскрин/davidtemelkov_]]>