96 доделување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 07:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 96 доделување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот – Оскар https://arhiva.vistina.com.mk/openhajmer-ja-opravda-favoritskata-uloga-na-96-dodeluvane-na-najprestizhnite-filmski-nagradi-vo-svetot-oskar/ Mon, 11 Mar 2024 07:10:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341798

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. Неколкуте германски кандидати за Оскарот годинава останаа со празни раце.

Филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доби Оскар за најдобар филм. Американската филмска академија, синоќа во Лос Анџелес, ја додели својата најважна награда на биографскиот историски филм за изумителот на атомската бомба. Филмот освои вкупно седум Оскари: самиот Нолан ја доби наградата за најдобар режисер за неговата работа. Продукцијата доби и две актерски награди: Ирецот Килијан Марфи, кој го игра американскиот физичар Роберт Опенхајмер, беше награден како најдобар машки актер. Роберт Дауни Џуниор ја доби наградата за најдобра споредна машка улога – го играше противникот на Опенхајмер и политичар Луис Штраус. Филмот имаше 13 номинации за Оскар, повеќе од која било друга продукција.

Годинешната награда за најдобра главна женска улога ја освои Ема Стоун за нејзината изведба во филмот „Poor Things“. Гротескната комедија доби вкупно четири награди, на пример за дизајн на костими и шминка. Германката Сандра Хилер, која исто така беше номинирана во категоријата за најдобра актерка, остана со празни раце. Награди не добија ниту филмовите на двајцата германски режисери Илкер Чатак („Учителска соба“) и Вим Вендерс („Perfect Days”).
Сепак, победија два филма во кои глумеше Хилер: британската драма за Аушвиц „Зона на интерес“ ја освои наградата во категоријата најдобар меѓународен филм. Во него германската актерка ја игра сопругата на командантот на Аушвиц Рудолф Хес. Филмот „Анатомија на еден случај“ – во кој Хилер игра успешна авторка која е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг – беше награден за најдобро оригинално сценарио. Актерката Да Вајн Џој Рендолф ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во драмата „The Holdovers“. Американката е позната и како музичка актерка. Иако имаше 10 номинации, „ Killers of the Flower Moon” на режисерот Мартин Скорсезе не освои ниту една статуетка, додека хит-филмот „ Барби“ освои само една – за најдобра оригинална песна напишана од Били Ајлиш и нејзиниот брат Финес.
]]>