91 година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Aug 2021 12:03:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 91 година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хелен (91) е најстарата инфлуенсерка на Инстаграм: Ја следат 8,5 милиони луѓе, а погледнете колку заработува! https://arhiva.vistina.com.mk/helen-91-e-najstarata-influenserka-na-instagram-ja-sledat-8-5-milioni-lugje-a-poglednete-kolku-zarabotuva/ Wed, 11 Aug 2021 12:03:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=214744

Кога ќе го слушнете поимот инфлуенсер, особено кога станува збор за Инстаграм, мора веднаш да помислувате на млада личност која изгледа како една од најпопуларните светски ѕвезди. Сепак, Хелен Рут Елам (91), позната на Инстаграм како Беди Винкл, докажува дека тоа не е правило. Таа докажа дека младоста не е клучна за успех на Интернет, каде повеќето луѓе се „млади, убави и успешни“. Според истражувањето на една страница, која се занимава со заработка на инфлуенсери, Хелен заработува многу повеќе од нејзините помлади и попознати колеги. Нејзиниот профил го следат 3,5 милиони луѓе, а за една објава во просек заработува 8.000 евра. Секако не е изненадувачки што е толку популарна, бидејќи нејзините придружници се воодушевени од нејзините весели модни комбинации, дури и костими за капење, кои го отсликуваат нејзиниот весел дух.
]]>

Почина легендарниот композитор на филмска музика Енио Мориконе https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendarniot-kompozitor-na-filmska-muzika-enio-morikone/ Mon, 06 Jul 2020 07:45:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157136

Познатиот италијански композитор на филмска музика и добитник на Оскар, легендарниот Енио Мориконе почина на 6 јули 2020, на 91-годишна возраст, јавуваат локалните медиуми. Мориконе починал поради компликации по скршеницата на бутната коска, која ја скршил минатата недела откако паднал. Мориконе компонираше повеќе од шеесет години и за тоа време има направено музика за повеќе од 500 филмови. Пред само три години го освои својот прв Оскар - за музика во филмот „Омразените осумина“ ("The Hateful Eight"). Маестро Мориконе почнал да компонира во средината на педесеттите години, откако дипломирал на една од најстарите музички академии во светот - Националната академија на Санта Сесилија (Accademia Nazionale di Santa Cecilia) во Рим, каде што дипломирал труба. Музиката од филмовите „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“,„Беше еднаш во Америка“, „Недопирливите“, „Мадалена“... се само некои од најпознатите светски филмски остварувања за кои неповторливата филмски теми ги напиша големиот Мориконе. Енио Мориконе беше гостин и во Македонија, каде со својот настап и изборот од неговите најголеми филмски музички дела на концертот во Античкиот театар го отвори фестивалот „Охридско лето“  во 2009-тата година. https://www.youtube.com/watch?v=Jjq6e1LJHxw&fbclid=IwAR2bMpybRlVX3qw6Ib6WTyyHtrJ2BY_GImMkSR4Xjd2ylMwh5e_iVY6oiJg Фото: Инстаграм принтскрин/maestro_ennio_morricone]]>