9 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 20 Nov 2022 11:48:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 9 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Девет години Вистина https://arhiva.vistina.com.mk/devet-godini-vistina/ Sun, 20 Nov 2022 11:32:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276640

20 ноември,  2013 година… На овој датум пред 9 години се “роди“ нашиот портал, осамна првиот текст на Вистина.ком.мк… Тогаш  уште еден нов медиум, денес познат, признат, почитуван, етаблиран и што е најважно многу посетуван и читан портал. Бевме и останавме Ваш медиум. Не дека ги нема доволно. Напротив. Или дека меѓу другите нема и доволно добри. Ни случајно, иако не нема многу.  Целта ни беше да бидеме поразлични. Уникатни, препознатливи, оригинални, единствени…  Бренд сам по себе. Препознатлив штом му се спомене името. Своевидна „лектира“ за сите останати што се занимаваат со нашата проблематика! Ние од првиот објавен текст ги создаваме информациите наместо да чекаме сами да ни дојдат,  им одиме на настаните и збиднувањата во пресрет, наместо да чекаме некој друг да ни раскаже што таму се случило, а ние само тоа да го преџвакаме, постојано гребеме под површината за да ја ископаме вистината, наместо компромисно да Ви сервираме фингирани приказни, испеглани информации, премолчени факти, препишани написи… Срамен „копи-пејст“ од туѓи, украдени текстови, од нечие авторство како што тоа го прават повеќето во „морето останати“! Затоа ние и сме поразлични,  интригантни и забавни,  провокативни и шокантни,  гламурозни и екстравагантни, хумористични и сатирични, но и едукативни и издржани, омилени и омрзнати, информативни и промотивни, сериозни и ригорозни, доблесни и бескомпромисни…  Се со цел да Ви ја доближиме реалноста. така започнавме и  останавме доследни на ветеното. И покрај сите  бури и премрежја низ кои годиниве минувавме и се’ уште минуваме во овие турболентни времиња и опасни години на живеење. Се’ уште сме тука со Вас и за Вас и планираме уште долго да бидеме, за да Ви ја понудиме вистината на дланка, зошто како што велат, секој има своја вистина, но само една е онаа – „вистинската“.  Или како што ние велиме: Само една има вистина – Вистина.ком.мк… Се’ друго е…  Знаете веќе што. Затоа, од срце Ви благодариме што од првиот напишан збор и првата објавена фотографија до ден  денес останавте со нас. Верна читателска публика, која постојано се зголемува, расте… Ние и понатаму ќе бидеме оние што ќе се потрудат да ви овозможат да дознаете повеќе од тоа што го знаете, или она што вообичаено досега сте можеле да го дознаете ка останатите. Естрадно – забавна „лектира“  за читателите. Но и за препишувачите во овој виртуелен хаос, во ова онлајн „село без кучиња“, во кое мнозинството „неписмени џукели и лингури“  секојдневно безидејно талкаат од портал до портал, бесрамно крадејќи од малкуте вистински, за потоа нивното „копи-пејст“ препишување на туѓите идеи, истражувања, коментари, написи… неказнети за кражбата безобразно  да го преставуваат како свое дело.  Затоа, само една има Вистина… Единствена, оригинална, уникатна, препознатлива… Вистина.ком.мк! Ова се нашите први 9 години… Наши и Ваши, за што од се’ срце Ви благодариме на времето, вниманието, лојалноста, довербата… која никогаш нема да ја изиграме, нема да ве изневериме!]]>

Девет години од смртта на Душан Љубисављевиќ – Дуле од дуото „Дуле и Коки“ https://arhiva.vistina.com.mk/devet-godini-od-smrtta-na-dushan-ljubisavljevikj-dule-od-duoto-dule-i-koki/ Fri, 23 Sep 2022 12:18:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268501

Денеска се одбележуваат девет години од смртта на Душан Љубисављевиќ, од некогаш мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“. Дуле почина на 23 септември 2013 година во Клиничкиот центар во Скопје. Тој, заедно со својот другар Коки, обајцата штипјани, уште во студентските денови формираа дуо и нивните весели песни брзо ја освоија јавноста. Со победата на Макфест во 1996 година со песната „Виолина и гитара“, дуото Дуле и Коки стана препознатливи, па следуваа успешни години на клубски настапи, нови хитови и живи свирки во многу кафулиња и дискотеки низ Македонија, кои се полнеа до последното место. ]]>

Славната пејачка со потресно сведоштво: „Бев силувана кога имав само 9 години“ https://arhiva.vistina.com.mk/slavnata-pejachka-so-potresno-svedoshtvo-bev-siluvana-koga-imav-samo-9-godini/ Fri, 01 Oct 2021 10:21:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221434

Познатата пејачка Глорија Естефан во емисијата „Red watch“ првпат проговори за силувањето. Таа откри дека била сексуално злоупотребувана кога имала само 9 години. Мажот кој ја силувал го опиша како „ценет член на заедницата“. „Беше дел од семејството, но и не близок член. Имаше моќ и мојата мајка ме запиша во неговото музичко училиште, па веднаш започна да ми зборува дека сум талентирана и дека на мене треба да ми обрати посебно внимание“, вели пејачката. „Кога сфатив што се случува му се заканив дека ќе кажам се, тој ми кажа дека не можам ништо да направам бидејќи татко ми е Виетнам, а мајка ми ќе ме убие ако кажам на некој“. Поради анксиозност ѝ паѓала косата, но на крај се обратила кај својата мајка и ѝ кажала што се случувало. Иако нејзината мајка ја известила полицијата, ја советувале да не поднесува тужба бидејќи "ќе помине низ тешки трауми, бидејќи ќе треба да се појави на суд и да сведочи". фото: епа/профимедиа/илустрација]]>

Елена Петреска ретко споделува приватен момент, но сега јавно изрази емоции на сопругот: „Уште 90 години ми се малку со тебе“ https://arhiva.vistina.com.mk/elena-petreska-retko-spodeluva-privaten-moment-no-sega-javno-izrazi-emocii-na-soprugot-ushte-90-godini-mi-se-malku-so-tebe/ Tue, 20 Jul 2021 06:52:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211660

Елена Петреска имаше убав повод за славење. Пејачката во 2012 година заплови во брачните води со нејзиниот избраник Андреј Толевски. Свадбата на тогашниот пар се случи во еден скопски ресторан каде и го склучија и граѓанскиот брак. Отогаш Елена и Андреј уживаат во нивната љубов секој ден, а Петреска многу ретко, речиси па никогаш не споделува приватни фотографии со сопругот. Меѓутоа, сега посебна причина за славење. Двојката прослави девет години од бракот. Тие овој датум прославија уживајќи во друштво еден на друг, како и со романтична вечера на која наздравија за љубовта. Прво, Елена на својот Инстаграм објави фотографија на која позира заедно со саканиот. Петреска е облечена во црно бикини издание, насмеана од „шестка до шестка“ додека пак нејзиниот сопруг и дава сочен бакнеж во образот. „9 години од свадбата. Уште 90 ми се малку со тебе. Те сакам Андреја“ напиша покрај фотографијата. Елена и Андреја годишнината ја прославија и со заедничка вечера на која уживаа заедно во прекрасниот поглед од ресторанот, но и наздравија за нивната среќа. „Ноќ за паметење“, напиша таа покрај објавата. Нивните пријатели, следбеници на социјалните мрежи им честитаа за годишнината и им посакаа уште вечна да им е љубовта. Инаку, од бракот тие ги имаат децата Михаил и Софија. Честитки! фото: Инстаграм/елена петреска]]>

9 години – Музика 24 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/9-godini-muzika-24-video/ Tue, 01 Dec 2020 14:12:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178969

Драги читатели, пријатели и соработници. Денес славиме 9 години од појавувањето на muzika24.mk во македонскиот медиумски простор на 1-ви декември 2011 година. Изминативе 9 години нашата сцена, земјава но и целиот свет поминуваше низ убави и помалку убави периоди но музиката остана наш верен придружник. Овие 9 години се држвеме до целта која си ја поставивме во 2011 година, да се следи пред се македонската музичка сцена и се она што е актуелно или надежно, но истовремено и да се негуваат потврдените вредности преку кои не препознаваат насекде во светот. Следејќи ги импулсите на современото времетечение се прошири концептуалната потреба и Музика24 стана портал кој со ист интензитет ги информираше своите читатели за балканската, но и светска музичка сцена селектирајќи ги информациите според актуелноста и барањата на својата читателска публика која недвосмислено ја координираше атрактивноста на самиот портал. Нашиот млад тим на новинари не го одликува квантитетот туку квалитетот. Работиме посветено, со страст и ентузијазам. Изминативе 9 години напишавме над 6.000 вести и следевме 100-тина јавни настани во земјата и регионот следејќи ги од прв ред и информирајќи ја својата публика навремено и точно. Музика24 својата релевантност ја потврдува со соработката со водечките брендови на ивент индустрија како Авалон продукција, Пасворд продукција, Прагма продукција итн. Изминативе 9 години остваривме медиумското покровителство на повеќе музички настани како што се MAC Awards, Пиво фест, Пирин фолк фест, Охрид Фест, Макфест , Битола Отворен Град, Фестивал на музика од светот итн. Оваа година во согласност со приликите, го одбележуваме нашиот роденден виртуелно со видео. Во изминативе 9 години стекнавме многу пријатели и соработници на културната сцена, во музичката и ивент индустријата. Пристигнаа многу честитки за нашиот роденден, a дел од ги собравме во видео со кое симболично го одбележуваме 9-тиот роденден. Голема благодарност до нашите драги музички пријатели: Сара Мејс, Филип Василевски, DJ Галоски, Стојне Николовска, Душко Георгиевски, Александар Темелков, Марио Арангеловски, Јован Јованов, Адријана Алачки, Елена Андоновска, Пепа Димитрова, Симеон Коруноски, Горан Милошески, Ѓоко Ѓорчев, Илија Гојовиќ, Таско и Радио Холидеј – Прилеп. Секогаш тука за нас се и колегите новинари и водители Валентина Ѓоргиевска – Парго, Тања Атанасовска – Бумбар, Билјана Крнческа итн. Да се надеваме дека јубилејниот 10-ти роденден ќе го прославиме сите заедно следниот 1-ви декември. Музика24 и понатаму останува посветен на музиката и на сите радости што таа со себе ги носи. https://youtu.be/BMIWOHa-a3A]]>

Милица Павловиќ проговори за љубовниот живот: „Девет години не сум била со маж!“ https://arhiva.vistina.com.mk/milica-pavlovikj-progovori-za-ljubovniot-zivot-devet-godini-ne-sum-bila-so-maz/ Mon, 29 Jun 2020 08:25:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156054

Една од најатрактивните пејачки во регионот, Милица Павловиќ во интервју за курир.рс во емисијата „Пулс Србија“ откри приватни детали од својот живот. Имено, таа откри дека 9 години не била со маж, но и откри кои особини треба да ги поседува нејзиниот партнер. „Јас не можам да бидам со личност која не знае што сака од себе и од својот живот. Јас знам што сакам од себе. Не можам да бидам со личност која не е остварена. Која нема цел“ вели Милица и додавa: „Тој на почетокот може да биде задоволен со нешто, но подоцна ќе се појави тој хендикеп и не може да се покаже пред жената онака како треба, да биде маж во вистинска смисла на зборот“ вели Павловиќ. Пејачката истакна дека во последните 9 години не била со маж, а во медиумите досега нема претставено момче, па многумина се прашуваат кога ќе се појави вистинскиот за Милица.]]>

Боки 13 осуден на 9 години: „Парите од ‘Рекет’ барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-osuden-na-9-godini-parite-od-reket-barajte-gi-kaj-zoran-i-vice-zaev-foto/ Thu, 18 Jun 2020 10:04:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154394

„Парите од 'Рекет' барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев“ - рече осудениот Бојан Јовановски денес во судот. „Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка одлука. Рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заев“ – кажа Јовановски по што судијката му рече дека ќе побара да биде изнесен надвор, доколку не зборува за пресудата. Тој во своето излагање во врска со барањето да оди во домашен притвор, рече дека знае дека судот нема да му го одобри барањето. „Сметам дека притворот кој што ми беше определен беше тенденциозен. Нема да се дадам во бегство. Едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во ЈО овие денови да ги пријавам сите кривични дела за сите вистински сторители на кривични дела. Знам дека ќе ми го продолжите притворот поради тоа што така ви е наредено“ – кажа Боки-13. За момент од судијата во случајот беше побарано Јовановски да биде изнесен од судот. Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева денеска ги слушнаа пресудите за случајот „Рекет“. Јовановски за двете кривични дела е осуден со две затворски казни од по 5 години или единствена казна затвор од 9 години, сметајќи го времето поминато во притвор. Судот ја осуди Јанева на 7 години затворска казна сметајќи го времето поминато во притвор. Јовановски беше присутен во судницата, а Јанева не присуствуваше на изрекување на пресудата по нејзино барање поради семејни причини. Извор: Курир.мк]]>

Овој македонски кандидат не само што влезе во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ туку постигна и соработка со продукцијата https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-makedonski-kandidat-ne-samo-shto-vleze-vo-finaleto-na-dzvezdite-na-grand-tuku-postigna-i-sorabotka-so-produkcijata/ Thu, 06 Jun 2019 07:09:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91498

Остануваат уште неколку емисии до крајот на финалето на „Ѕвездите на Гранд“  и завршувањето на сезоната 2018/2019 година. Оваа година во финалната емисија ќе има неколку македонски кандидати меѓу кои Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски и Дарко Даринос.
Тие заедно со своите ментори се подготвуваат за секој круг, а на 20 јуни ќе се борат да го освојат првото место. Дарко Даринос кој е под менторство на Ѓорѓе Давид оваа година остави силен впечаток во шоуто и влезе меѓу финалистите. Деновиве се снимаат полуфиналните емисии во кои се најде и овој натпреварувач, а за убавите вести и влезот во финалето се пофали на својот Фејсбук профил.
Освен што си обезбеди пласман во финале, Дарко се пофали и со соработка со Гранд ТВ. Имено, Даринос потпишал 9 годишен договор со продукцијата која во следните девет години ќе му обезбеди бесплатно рекламирање и гостување на „Гранд телевизија“.
„Се надевам на работа во Гранд во вистинска смисла, наоѓање на настапи и само работа. Тоа е нешто што го сакав цел живот, да делам емоции со публиката,така се надевам дека ќе биде така. Како и да е, „Гранд“ е предобар почеток поготово со новиот концепт“ изјави Дарко за вистина.мк Даринос во финалето ќе настапи под реден број 3, па останува да го следаме финалето и да го видиме крајниот резултат, а секако можноста за победа не е исклучена. За потсетување, пред неколку години токму во „Ѕвездите на Гранд“ победи Ристе Ристески, а победници имавме и во „Никогаш не е доцна“ и „Неки нови клинци“.]]>