81 година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Dec 2022 10:29:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 81 година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина модната дизајнерка Вивиен Вествуд https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-modnata-dizajnerka-vivien-vestvud/ Fri, 30 Dec 2022 10:28:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282337

Британската дизајнерка Вивиен Вествуд, едно од најголемите имиња на британската мода позната по бунтот и предизвикувањето на авторитетот, почина во четвртокот, 29 декември 2022 г. на 81-годишна возраст. „Вивиен Вествуд почина денеска мирно и опкружена со своето семејство во Клафам, Јужен Лондон. На светот му требаат луѓе како Вивиен за да се променат на подобро“ - напиша нејзината модна куќа на Твитер. Кариерата на Вивиен беше обележана со бунт и политички ангажман. Таа беше позната како постојан активист и ги носеше работите за кои се грижеше на модните писти, како што се борбата против климатските промени, загадувањето или поддршката на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Протестни маици со пораки или транспаренти носеа нејзините модели на модните писти. Вествуд го изгради своето име на контроверзниот панк и њу вејв стил од 1970-тите. „Единствената причина поради која сум во мода е да го уништам зборот сообразност“ - рече Вествуд во биографијата од 2014 година. „Не ми е грижа за ништо ако го нема тој елемент“. Нејзината облека, како што рече, „има приказна, идентитет, карактер и цел“.]]>

Панчо – ДНК со пример за лекција од екологија: „Ставете прст на чело, 81- годишен старец ви ги чисти вашите лајнарии од стазата крај кејот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-so-primer-za-lekcija-od-ekologija-stavete-prst-na-chelo-81-godishen-starec-vi-gi-chisti-vashite-lajnarii-od-stazata-kraj-kejot-foto/ Thu, 13 Aug 2020 07:28:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163064

Панчо од скопското ар - ен - би дуо „ДНК“ или Владимир Блажев, како што му е вистинското име и презиме според личните документи, е оддамна познат по својот остар јазик, цврстите ставови и храброста „без влакна на јазикот“ истите да ги изнесе во јавноста. Tа тие некого погодиле или не, од нив некого ќе го заболи или „баш го заболе“ - сеедно. Панчо е тој што ќе си го каже своето, кое најчесто е во склад со системот на вредности, со правилата и прописите за „нормална живеачка“, кои за жал, секој ден  стануваат се поискривени и поизвитоперени, па во опшатата лудница и сиот овој хаос, ненормалното станува „нормално“, а нормалното - срамно! Така и овој пат на својот ФБ профил, Панчо посочи пример кој е лекција за екологија. Пример за тоа како се штити  животната средина, чува чиста околината, чисти од загадување зелената површина, која секојдневно огромен број на луѓе ја користат, ама за жал, никој не внимава на неа... Или само по некој редок пример, колку исклучокот да го потврди правилото, како во овој случај. Имено, стазата покрај кејот на Вардар, многумина секојдневно масовно ја користат за спорт и рекреација, за најразлична физичка активност. Од обични прошетки и рекреативно пешачење или трчање, преку возење ролери, скејтборди, велосипеди на обичните граѓани, па се до професионални тренинзи на врвните спортисти.  Сите ги газат патеките крај кејот, ама никој не води сметка како и колку ги загадува, а уште помалку ги чисти! Rетки се обичните волонтери кои наоѓаат и сила и време и доблест да им го соберат ѓубрето и отпадоците, на илјадниците што претходниот ден или вечер, тука несовесно го фрлиле. За еден таков пример  зборува и Панчо од ДНК. За лажните „женски и фраери“ кои за „ку*чење крај кејот“ се први, а кога треба да се соберат отпадоците или никаде ги нема или стојат од страна и гледаа како „дрвени Марии“, додека 81-годишен старец им ги собира и чисти нивните „лајнарии“. Посочувајќи го токму човекот кој на сите, особено на денешната младина и одржа лекција од екологија, Панчо ја прозва и посочи сета мизерија на лажната градска свита, која себе си се смета и претставува за некаква урбана елита. „Додека вие несовесните и невоспитаните луѓе ја загадувате нашата и ваша околина и фрлате нај различни отпадоци без трошка срам и без око да ви трепне виде што прави чикчко Азбиу кој има 81 година и нека ви служи за пример!!! Да повторам има ОСУМДЕСЕТ И ЕДНА година и ви ги чисти вашите лајнарии. Видете ја сликава и ставете си прст на чело. Мноооогу е едноставно: ЃУБРЕТО СЕ ФРЛА ВО КАНТА ЗА ОТПАДОЦИ, а КАНТИТЕ НЕ СЛУЖАТ ЗА ДА ГИ ПАЛИТЕ и КРАДЕТЕ. Го запознав денес во 8 часот наутро со негова дозвола фотографирав околу шеталиштето на реката Вардар, тој прави доброволно дело собира собирање ѓубре фрлено на несвесен народ. Го оставив Азбиу среќен за неговата благородна работа, му посакав на човекот добро здравје и долг живот ...“ - напишал Панчо во својот Фејсбук статус.  ]]>