8 септември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Sep 2023 07:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 8 септември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ден на независноста – 32 години самостојна и суверена држава https://arhiva.vistina.com.mk/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/ Fri, 08 Sep 2023 07:00:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317228

Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Низ 32-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија. Почна процесот за промена на Уставот, што е услов Бугарија да го тргне ветото за продолжување на преговарачкиот процес со Унијата. За да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ Софија бара Бугарите да бидат вклучени во Уставот. Во Собранието минатиот месец почна пленарната седница за усвојувањето на амандманите за уставни измени, но поради потребното двотретинско мнозинство за кое власта нема поддршка од опозицијата, продолжението ќе се одржи, како што е најавено, тогаш кога ќе се создадат соодветни услови. Триесет и вториот роденден државата го одбележува со стапка на невработеност од 13,1 процент, раст на БДП од 2,5 отсто, 36 527 денари просечна нето плата и инфлација од 8,3 отсто. Денот на независноста денеска ќе се одбележи под мотото „Гласник на слободата“ со повеќе активности. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, … Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Во рамки на чествувањето 32 години од прогласувањето на независноста на државата, изутрина во 10:00 часот, владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за здравство Фатмир Меџити. Активностите продолжуваат во ГОБ „8-ми Септември“ каде во присуство на премиерот Ковачевски и министерот Меџити ќе бидат презентирани нова опрема и апарати. Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“. Во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, пак, ќе се одржи тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт. На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат премиерот и членови на Владата. Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република. Сите заинтересирани граѓани ширум државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“, „Хераклеја“, „Баргала“, мегалитската опсерваторија „Кокино“, Музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Бесплатен влез за граѓаните ќе биде и во Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ, додека во Струга ќе биде бесплатен влезот во Музејот д-р Никола Незлобински. Во Скопје ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Северна Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Конзерваторскиот центар (црквата Св. Спас). Во Музејот на македонската борба за самостојност на 8 септември во 12:00 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20:00 часот ќе се одржи пред платото на институцијата. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18:00 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20:00 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески. извор:курир.мк]]>

На денот на независноста на Македонија, две наши естрадни ѕвезди славеа роденден: Сестринска честитка и торта за Оги, селфи и животно мото за Ирена! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-denot-na-nezavisnosta-na-makedonija-dve-nashi-estradni-dzvezdi-slavea-rodenden-sestrinska-chestitka-i-torta-za-ogi-selfi-i-zivotno-moto-za-irena-foto/ Wed, 09 Sep 2020 07:21:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166185

И овој 8-ми септември, Македонија го дочека славенички... 29  години од осамостојувањето и стекнувањето независност, минати низ многу премрежја препреки и тешкотии, низ кои се' уште минува заедно со својот народ. Од транзиции, преку непринципелни политички коалиции, кризи, криминал, корупција, борба за меѓународно признавање на сопствениот идентитет и своето вистинско име... Борбата е долга, тешка и допрва претстои, но правдината на крајот секогаш победува! Празникот празнично го дочекаа сите оние што оваа земја ја чувствуваат за своја родина, но дел од македонската естрада имаше причина и за двојно славје: Татковинско и лично! Имено, младиот македонски поп пејач и „Гранд ѕвезда“ Огнен  Здравковски и една од најреномираните македонска фолк пејачки Ирена Спасовска на празникот славеа роденден! Откако го прележа коронавирусот, Огнен одново се подготвува да се врати на сцената. Роденденот му дојде како мотив повеќе славенички да ја започне неделата во која се подготвува и за својхот прв настап по карантинот и изолацијата. А роденденот не би бил „денот што го чекаме, цела година“ без куп честитки и славеничка торта. Оваа, неговата, разбирливо беше - „нотна“. Со петолиние, ноти и микрофон наместо јаготка на шлагот! Честитките не изостанаа, а од многубројните покрај оние на мама, тато, семејството, другарите, пријателите и колегите, најсилна и највпечатлива, онаа сестринската што Огнен ја доби од неговата исто така музикална сестра Оле. „ТЕ САКАААААМ !!!!! Уникатен моој !! Нека те облее целата среќа на овој свет, да бидеш најсреќен, исполнет со многу љубов, здравје и се% друго што заслужуваш !!! Да бидеме секогаш вака среќни заедно и никој да не не раздели !!! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН БРАТ!!!“ - е пораката со која сетрата му го честиташе роденденот на својот брат, кој пак заблагодарувајќи и се и не неа и на сите останати , ги покани на својот прв постпандемиски  настап претстојниот викенд.  Македонската фолкерка Ирена Спасовска исто така за сза време на празникот славеше роденден. На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат многу други нешта, кои Ирена ги практикува живеејќи ја својата „втора или трета младост“. Таа за роденденот исто така доби дузина честитки, иако не се пофали со роденденска торта. Не барем јавно! Ама затоа јавно, „роденденски“ со селфи го обзнани своето ново животно мото. „Ќе стареам како што сакам, ќе подмладувам колку што можам. Денес е мојот ден, денес ми е РОДЕНДЕН“ - славенички напиша русокосата на својот ФБ профил.  Во остварувањето на сопствените желби,  Ирена не е далеку од вистината. Впрочем, бујната фоклкерка веќе од(не)оддамна така и живее... По свое! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/irena-spasovska-dozivuva-treta-mladost-arapska-vecher-a-pod-shator-i-prirodno-bujni-balkanski-gradi-na-plaza-foto/ Во меѓувреме, пејачката по корона паузата полека им се враќа на настапите, а овој викенд, 11 септември, 2020 год. е резервиран за еден фестивалски, на фолк вечерта пна рестојниот „Охрид фест - Охридски трубадури 2020“.  ]]>

Македонија денеска одбележува 29 години независност: „Среќен роденден татковино“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-deneska-odbelezuva-29-godini-nezavisnosta-srekjen-rodenden-tatkovino/ Tue, 08 Sep 2020 04:54:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166144

Во земјава денеска се одбележуваат 29 години од независноста, односно од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, прославата ќе се одржи во посебни услови согласно протоколите на Комисијата за заразни болести за одбележување државни празници, без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на мерките за заштита и растојание. Централната прослава ќе биде на отворено во дворот на Владата каде ќе се обрати Зоран Заев. Претходно, владина делегација предводена од премиерот ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров. Во состав на владината делегација, според најавите, ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за борба со корупција и криминал Љупчо Николовски и министерките за образование и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска. Цвеќе пред вечните почивалишта на поранешните претседатели Глигоров и Трајковски ќе положи и собраниска делегација составена од пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска. На денот на независноста се доделуваат и традиционалните награди „8 Септември”. Годинава, наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот и афирмација на спортот му се доделува на Љуљзим Вренези, а наградата со која им се оддава признание за спортисти, тенери и спортски работници ќе им биде врачена на Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и на Ѓорги Вучков. Во пресрет на одбележувањето синоќа артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со пет плотуни.]]>

Да се наежиш: Игор Џамбазов со моќна песна и изрецитира честитка на Република Македонија за 8-ми септември(ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/da-se-naezish-igor-dzambazov-so-mokjna-pesna-i-izrecitira-chestitka-na-republika-makedonija-za-8-mi-septemvri-video/ Sat, 08 Sep 2018 08:33:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46962

Макеонскиот шоумен, актер и пејач Игор Џамбазов последните денови ги минува во Западна Македонија. На планина, крај, река, во природа, на чист воздух опкружен со убавините на својата мила татковина, Република Македонија.
Џамбаз покрај одморот и релаксацијата од под падините на Бистра не заборави на својата мајка Македонија да и го честита роденденот, 8-ми септември, денот на независноста и осамосојувањето. На неа и нејзините граѓани, на сите Македонци.
А, Џамбаз тоа го стори на најдобар можен начин. Онака, како што еден актер и водител знае, со изрецитирана песна. Силно, моќно, гордо, достоинствено...
Да се наежиш, морници телото та ди го полазет, срцето од градите да ти излезе биејќи од возбуда, очите ширум да ти се ококорат од патина, челото високо да ти се крене од гордост... кога ќе ги слушнеш изговорените стихови на песната од маестро Џамбазов: „Стиснете ги тревките, неа ќе ја исцедите, наслонете се врз каменот, името ќе и го чуете, симнете се во рекине, дното со неа ќе ве почести,  легнете да си починете, ноќта со неа ќе ве покрие... Еве ја таа проста земја од грч... и од чекање, што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски, а никој - не ја знае“! Погледнете го видеото со кое и редакцијата на Вистина.мк се придружува кон честитките: Да си вечна татковино, наша мајко... Да и е честит 8-ми септември на Република Македонија! ]]>