8-ми септември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Sep 2023 09:47:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 8-ми септември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако СДСМ државниот празник си го претворија во партиска журка, пејачите решија да не им дојдат: Јордан Митев, Адријана Кеш, екипата на „Мерак меана“… им го откажаа својот настап (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-sdsm-drzhavniot-praznik-si-go-pretvorija-vo-partiska-zhurka-pejachite-reshija-da-ne-im-dojdat-jordan-mitev-adrijana-kesh-ekipata-na-merak-meana-im-go-otkazhaa-svojot-nastap-foto/ Thu, 07 Sep 2023 07:59:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317054

Да се настапи за 8-ми Септември денот на независноста на Македонија е веројатно голема чест за секој пејач. Впрочем и во далечната 1991 година кога на Градскиот плоштад во Скопје се прогласуваше независноста на слободна, самостојна и суверена Република Македонија, се пееше. Независноста беше прогласена со звуците на верзијата на песната „Македонија“  на култниот македонски рок бенд „Меморија“. На 8-ми септември се пее и денес... Кога се прославува еден од најголемите државни празници во Македонија. Само што денес ниту Македонија за некого е свето име, за некого е прекрстена со она фалсификуваното - „Северна“. А, „фалсификаторите“  како по навика решиле и годинава да направат „фалсификат“. По повод 8 Септември - Денот на независноста  традиционалниот народен пикник Пеленица во манастирот Св. Руса во Драчево, општинската организација на СДСМ - Кисела Вода, решила да си го претвори во „партиска журка“. Повикале некои од најпознатите македонски фолк пејачи како: Сузана Гавазова, Благоја Грујовски, Сања Цинцева - Барбика, Виолета Пандовска,  екипата на ТВ фолк шоуто Мерак Меана, Јордан Митев, Адријана Ацевска - Кеш... ама не им кажале дека прославата ќе  биде политизирана и обележана со партсиски симболи, небаре е партсики собир, а не празнична државна прослава. Патем и ги најавиле на плакат на кој ги налепиле и своите партиски обележја. Ваквиот обид за „подвала“ кај некој од пејачите предизвика револт и откажување на нивното учество од „партиската СДС журка“, скриена под плаштот на државната празнична прослава. Така фолк пејачот Јордан Митев прв јавно одби да настапи во Пеленица на Денот на независноста, иако неговото гостување беше најавено, бидејќи, како што тврди, сфатил дека се работи за партиски одбележан настап, кој имал партиска цел. „Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8-ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека нема да учествувам на 8-ми Септември во Пеленица“ – информираше Митев во изјава за „Фокус“. Веста дека го откажал гостувањето ја објави на својата Фејсбук страница, појаснувајќи дека Денот на независноста според него е празник на сите граѓани кој не смее да се политизира и одбележува со партиски симболи. Веднаш по него од учеството на „латентната партиска СДС забава“ се откажа и фолк пејачката Адријана Ацеска, попозната како Адријана Кеш која очигледно како и Митев „ни за пари“ не сакала да настапи на нешто што за неа и нејзината татковина Македонија е најсвето, а истото се присвојува и партизира. „Сакам да се обратам во врска со настанот кој треба да се одржи на Осми Септември. Во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламниот плакат каде ги има деталите за организацијата го добив утрово… Не сум партиски определена, ниту ќе бидам некогаш. Поради тоа, јавно се откажувам од овој настап, за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски настап“! – ќе порача пејачката напреку својот ФБ профил. Во текот на денот таа на својот ФБ својата одлука ја дополни со уште едно појаснување: По неа уште едни од учесниците повеќе ги нема на листата и рекламниот плакат на партиските организатори од СДСМ - Кисела Вода. Имено, На првобитната објавена верзијаа убаво се гледа дека меѓу најавените се и дел од пејачите на најпопуларното музичко ТВ фолк шоу „Мерак меана“ кое оди на ТВ Сител. Арно ама, во новата верзија и „Мерак меана“ на плакатите повеќе ја нема! На местото на оние што се откажаа почитувајќи си ја многу повеќе родната татковина отколку „партиската фешта“ или парите, осамнаа нови имиња, па сега листата на учесници изгледа вака: Ако воопшто и оваа е конечна, зашто ова не им е на СДСМ прв пат „да излажат“ дека се слави едно, а во позадина да се крие нешто сосема друго, што не е од општонароден, туку од нивни личен, партиски интерес . Така на пример во 2018 година Владата на Зоран Заев доживеја дебакл откако „фрли“ милионска сума за божемната прослава на поканата на Македонија за влез во НАТО, па доби очајна посетеност, откако народот тогаш не ја проголта лагата. Организацијата на прослави во 15 градови доживеја вистинско фијаско, зашто пред сцената речиси насекаде имаша „двајца без тројца“. Но, лагата тогаш не ја проголтоа и некои од македонските музички и естрадни уметници, па така на пример Влатко Лозаноски и групата „Љубојна“ демонстративно ги откажаа своите настапи. Помалку  од 300 луѓе тогаш имало во Струмица, не повеќе од 70 луѓе во Кочани, по 100 во Тетово и во Струга. Празни останале плоштадите и во останатите градови, па така на пример  едвај 20-ина луѓе го следеа настапот на тогаш најголемата македонска поп ѕвезда Владо Јаневски во градот на неговото семејно потекло – Кичево. Нешто слично се случи и во 2022 година на фестивалот насловен Peace festival“,чиј фокус беше одбележувањето на 21 година од „Охридскиот рамковен договор“. Како организтори на овој фестивал кој во превод го именуваа  „фестивал за мирот“, беше Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби од ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ. Тогаш младата македонска пејачка Антониа Гиговска откако се почувствувала „измамена и изманипулирана“, го откажа својот настап за кој претходно била ангажирана без да и биде кажано со каква цел се организира настанот. „За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман...“ - порача на социјалните мрежи тогаш меѓудругото Гиговска, во своето објаснување за откажувањето. Веднаш по неа, со свое соопштение во јавноста настапот го откажа и поп ѕвездата Владо Јаневски кој исто така беше најавен дека ќе пее на истиот настан. П.С. Во меѓувреме, списокот на „измамени“ естрадни уметници - најавени учесници на традиционалниот пикник „Пеленица 2023“ кои ги откажуваат своите настапи се шири... Откако ја сфатиле „партиската игра“ на СДС-мовската општинска организација од Кисела Вода, и брачната естрадна двојка Татјана Лазаревска- Новица Василевски јавно го откажаа својот настап на оваа „партизирана“ прослава, со порака преку социјалните мрежи. Фото: Архива/Инстаграм и Фејсбук

Повеќе на vistina.mk]]>

]]>
Внукот на Ферус Мустафов откри најнови детали за здравствената состојба на музичарот: „Дедо ми доживеа мозочен удар и е во кома“ https://arhiva.vistina.com.mk/vnukot-na-ferus-mustafov-otkri-najnovi-detali-za-zdravstvenata-sostojba-an-mzuicharot-dedo-mi-dozhivea-mozchen-udar-i-e-vo-koma/ Wed, 03 May 2023 11:28:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300459

До само пред неколку дена, македонската музичка легенда, познатиот саксофонист и кларинетист Ферус Мустафов беше активен во јавноста и на социјалните мрежи. Токму поради тоа, веста која осамна преку ноќ дека музичарот починал, а потоа демантирана од семејството дека сепак е жив но се бори за живот, беше дочекана со неверување, недоумици и многу непознаници. Околу тоа што се случило со легендарниот музичар, за „Фокус” појасни неговиот внук Ферчо, кој заедно со семејството беше  во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. „Се' беше во ред со дедо ми, се' беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар и веќе три дена е во кома. Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто, еден лекар му ја тргна терапијата. Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар“ - изјавил Ферчо и продолжил. „Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски“ - појаснува внукот. Додава дека целото семејство е покрај Ферус, кој е хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје, и сите се молат да се разбуди од кома. Фото: Фејсбук принтскрин/Fercho Mustafov

Повеќе на vistina.mk]]>

До само пред неколку дена, македонската музичка легенда, познатиот саксофонист и кларинетист Ферус Мустафов беше активен во јавноста и на социјалните мрежи. Токму поради тоа, веста која осамна преку ноќ дека музичарот починал, а потоа демантирана од семејството дека сепак е жив но се бори за живот, беше дочекана со неверување, недоумици и многу непознаници. Околу тоа што се случило со легендарниот музичар, за „Фокус” појасни неговиот внук Ферчо, кој заедно со семејството беше  во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. „Се' беше во ред со дедо ми, се' беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар и веќе три дена е во кома. Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто, еден лекар му ја тргна терапијата. Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар“ - изјавил Ферчо и продолжил. „Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски“ - појаснува внукот. Додава дека целото семејство е покрај Ферус, кој е хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје, и сите се молат да се разбуди од кома. Фото: Фејсбук принтскрин/Fercho Mustafov]]>
Државните обележја на власта и се „слаба страна“ или… така им чини: Снеже Велков за 8-ми Септември тргна да бара знамиња по Скопје, а знамиња – нигде! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/drzavnite-obelezja-na-vlasta-i-se-slaba-strana-ili-taka-im-chini-sneze-velkov-za-8-mi-septemvri-trgna-da-bara-znaminja-po-skopje-a-znaminja-nigde-foto/ Fri, 09 Sep 2022 09:09:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266094

Ден, 8-ми Септември... Празник... Македонија ја слави својата независност, сувереност, своето осамостајување. А за празник како што е редот треба да е свечено. Во некои убави времиња особено престолнината била накитена со знамиња кога се славеле и одбележувале ваквите големи денови,  важните датуми... Како поле од жолто-црвени цвеќиња изгледало Скопје наредено со знамиња, како симбол на државноста кои го краселе градот убав , македонската метропола  за празник. Арно ама, било некогаш... Имено, македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков има спортска навика секое утро да повози велосипед по зададена рута низ престолнината. Катаден, без преседан, без оглед дали вренело или веело, студело или сонце печело, дали е делник или празник... Така и за Денот на независноста русокосата водителка го јавна својот најверен пријател на две тркала и тргна на вообичаената утринска, градска, велосипедска тура, овој пат по скопските улици и булевари. Капчето на глава, слушалките на уши, очилата за сонце на очи и Снеже Велков тоа утро тргна со идеја возејќи се со велосипедот да снима со мобилниот додека знамињата се вејат низ скопските улици во знак на 8-ми Септември. „Партизанска“, „Илинденска“, среде Центар покрај кејот на Вардар, знаме никаде... „Ниту трага, ниту глас“  од задолжителните државни обележја со кои треба да биде украсено Скопје, особено за еден ваков важен датум, за еден од најголемите празници... „Третиот Илинден“ како што го нарекуваат. Вози, врти кругчиња, гледај, барај... државните обележја за празникот, никаде ги нема! Конечно последолго талкање по Скопје, водителката успеа да си ја наполни душата откако забележа едвај едно закачено македонско знаме како се вее на еден од градските канделабри. Едно-едно, а ниедно...? Иако требаше да бидат сто и едно, илјада и едно... Ама очигледно, државните обележја на власта и се „слаба страна“? Или... така им чини!? Во протоколот на Владата на неколку пати ги измешаа знамињата на различни земји при важни посети на високи гости, странски претставници, дипломати и делегации, истакнувајќи знаме на една, наместо на соодветната држава од каде е дојдена посетата. Знамињата дури и наопаку (не)знаеја да ги закачат... За „случајно“ пропуштените стиховите во македонската химна при изведбата на Тамара во американската амбасада или на хорот за Илинден во Крушево и да не зборуваме! Како и да е, Снеже Велков за 8-ми Септември тргна да бара знамиња по Скопје, а знамиња - нигде! Освен едно... Под кое и таа и ние си ја наполнивме душата, колку за да кажеме: „Честит Ти празник Земјо моја... Во срцево си ја носам црвено-жолтата боја“! А власта? Нејзе државните обележја и се „слаба страна“... или така им чини? „Петица Ахилова“...? Не, туку власта е „комплетно килава“! Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze

Повеќе на vistina.mk]]>

Ден, 8-ми Септември... Празник... Македонија ја слави својата независност, сувереност, своето осамостајување. А за празник како што е редот треба да е свечено. Во некои убави времиња особено престолнината била накитена со знамиња кога се славеле и одбележувале ваквите големи денови,  важните датуми... Како поле од жолто-црвени цвеќиња изгледало Скопје наредено со знамиња, како симбол на државноста кои го краселе градот убав , македонската метропола  за празник. Арно ама, било некогаш... Имено, македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков има спортска навика секое утро да повози велосипед по зададена рута низ престолнината. Катаден, без преседан, без оглед дали вренело или веело, студело или сонце печело, дали е делник или празник... Така и за Денот на независноста русокосата водителка го јавна својот најверен пријател на две тркала и тргна на вообичаената утринска, градска, велосипедска тура, овој пат по скопските улици и булевари. Капчето на глава, слушалките на уши, очилата за сонце на очи и Снеже Велков тоа утро тргна со идеја возејќи се со велосипедот да снима со мобилниот додека знамињата се вејат низ скопските улици во знак на 8-ми Септември. „Партизанска“, „Илинденска“, среде Центар покрај кејот на Вардар, знаме никаде... „Ниту трага, ниту глас“  од задолжителните државни обележја со кои треба да биде украсено Скопје, особено за еден ваков важен датум, за еден од најголемите празници... „Третиот Илинден“ како што го нарекуваат. Вози, врти кругчиња, гледај, барај... државните обележја за празникот, никаде ги нема! Конечно последолго талкање по Скопје, водителката успеа да си ја наполни душата откако забележа едвај едно закачено македонско знаме како се вее на еден од градските канделабри. Едно-едно, а ниедно...? Иако требаше да бидат сто и едно, илјада и едно... Ама очигледно, државните обележја на власта и се „слаба страна“? Или... така им чини!? Во протоколот на Владата на неколку пати ги измешаа знамињата на различни земји при важни посети на високи гости, странски претставници, дипломати и делегации, истакнувајќи знаме на една, наместо на соодветната држава од каде е дојдена посетата. Знамињата дури и наопаку (не)знаеја да ги закачат... За „случајно“ пропуштените стиховите во македонската химна при изведбата на Тамара во американската амбасада или на хорот за Илинден во Крушево и да не зборуваме! Како и да е, Снеже Велков за 8-ми Септември тргна да бара знамиња по Скопје, а знамиња - нигде! Освен едно... Под кое и таа и ние си ја наполнивме душата, колку за да кажеме: „Честит Ти празник Земјо моја... Во срцево си ја носам црвено-жолтата боја“! А власта? Нејзе државните обележја и се „слаба страна“... или така им чини? „Петица Ахилова“...? Не, туку власта е „комплетно килава“! Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze]]>
Во општина „Гази Баба“ се одржа голем музички настан по повод 8-ми Септември https://arhiva.vistina.com.mk/opshtina-gazi-baba-so-golem-muzichki-nastan-po-povod-8-mi-septemvri/ Thu, 08 Sep 2022 08:43:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265568

Општина Гази Баба по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија организираше голем музички настан. Настанот  се оддржа вчеравечер, среда, на 07.09.2022 година со почеток од 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда. На преполниот плоштад настапија: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.
Утрово на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски сподели објава и неколку фотографии. Во својата објава градоначалникот Стефковски пишува:
Моја Гази Баба, Ви благодарам од срце. Повеќе од 5000 граѓани на плоштадот во Автокоманда порачаа: Ние сме Македонци и нашата татковина е Република Македонија. Нека е вековита самостојна, суверена и независна Македонија. – напиша Стефковски.

Боки 13 задржан на интензивна нега https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-zadrzan-na-intenzivna-nega/ Wed, 27 Nov 2019 11:48:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120963

Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава Канал 5. Боки 13, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница. Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски, но каква е неговата мометална здравствена состобја не е познато. Извори од затворот за Канал 5 велат дека Боки 13 постојано се жалел дека има проблеми со здравјето. Пред десетина дена неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.

Градска општа болница 8-ми Септември-Скопје се огласи по информациите дека Боки 13 е хоспитализиран кај нив.

„Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“-информираат од болницата. Извор: Курир.мк

Повеќе на vistina.mk]]>

Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава Канал 5. Боки 13, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница. Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски, но каква е неговата мометална здравствена состобја не е познато. Извори од затворот за Канал 5 велат дека Боки 13 постојано се жалел дека има проблеми со здравјето. Пред десетина дена неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.

Градска општа болница 8-ми Септември-Скопје се огласи по информациите дека Боки 13 е хоспитализиран кај нив.

„Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“-информираат од болницата. Извор: Курир.мк]]>