8-ми месец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 25 May 2019 09:57:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 8-ми месец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По 18 години водење љубов, Катерина и Трајче од групата „Соната“, се венчаа: Пејачката е во осмиот месец на бременоста па затоа, прво принова, па после свадба! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-18-godini-vodenje-ljubov-katerina-i-trajche-od-grupata-sonata-se-venchaa-pejachkata-e-vo-osmiot-mesec-na-bremenosta-pa-zatoa-prvo-prinova-pa-posle-svadba-foto/ Sat, 25 May 2019 09:57:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89544

Тие важат за еден од најтивките, најдискретните, најмистериозните љубовни двојки на естрадата, иако заедно се уште „од деца“. Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години водеа љубов и беа во врска, за конечно деновиве да го кажат судбоносното „ДА“, венчајќи се пред матичар.
Распеаната невеста стана сопруга, а за нешто повеќе од еден месец и мајка, зашто Катерина влегува во брак со Трајче во осмиот месец од бременоста, која мора да се признае, умешно ја криеше од јавноста.
Овој пат убавата вест редно и убаво беше да се сподели со јавноста, па новопечените сопружници тоа го сторија преку социјалните мрежи, каде ја обзанија својата венчавка. Како што се дознава, естрадно-брачната двојка сега се подготвува за двојна веселба.
Со оглед на околностите, најпрвин ќе се чека да дојде на свет приновата во семејството, а по породувањето и изминувањето на одреден период, на ред ќе дојде и семејната свадбена веселба.
Конечно, тие цел живот им свиреа и пееја на други, па сега на ред е некој друг и да запее, засвири и заигра и на прославата на нивната семејна среќа, на која повеќе од веројатно дека нема да пропуштат и самите да и се придружат на музиката. Или што би рекле, да си засвират и запејат и на сопствената свадба!?
Во меѓувреме, додека ја чекаме нивната „соната во бело“,  идните  родители и семејството најпрвин ќе му се израдуваат на нивното новородено чедо, кое прво „ќе пушти глас“!  ]]>