78 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Apr 2023 12:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 78 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 78 години од првата премиера на Македонскиот народен театар https://arhiva.vistina.com.mk/78-godini-od-prvata-premiera-na-makedonskiot-naroden-teatar/ Mon, 03 Apr 2023 12:47:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296421

На денешен ден, пред 78 години е прикажана првата целовечерна драмска претстава на сцената на Македонски народен театар (МНТ) формиран во 1945 година – „Платон Кречет“ од Александар Е. Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во превод на Блаже Конески.

Празник на македонскиот тетатар! „Во свечената тишина прозвучи првата реплика на артистката Вера Вучкова: ’Колку е блиску сонцето’. Македонскиот јазик ја доби битката и на тетарската сцена“ – забележано е во сеќавањата на Илија Милчин.
Првата критика уште во почетокот има нагласено дека „денот на првата премиера во Македонскиот народен театар, денот на раѓањето на нашиот тетатар е важен датум, голем настан во културната историја на македонскиот народ. Со оваа значајна културна манифестација ние, Македонците, како нација им задаваме на сите наши непријатели еден удар на културното поле… …И кога веќе зборуеме за убавиот успех, што при тие условиа и возможности го постигна нашиот народен тетатар, тоа тогај преди сè треба да оддадеме признание на огромните напори и љубов што нашите млади артисти ја вложија во својата работа. Само по таков начин, излегуејќи пред нас за прв пат со оваа драма, тие упеаја наполно да дадат доста добар тетатар.“
Информации за ансамблот на МНТ во првата претстава на неговата сцена: https://mnt.mk/pretstavi…/arhiva/platon-krechet-03-04-1945 Секогаш, сонцето нека биде блиску до македонската тетарска сцена.
]]>

Македонија одбележува 78 години од антифашистичкото востание https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-odbelezuva-78-godini-od-antifashistichkoto-vostanie/ Fri, 11 Oct 2019 07:50:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112096

Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание. Македонија одбележува 78 години од почетокот на антифашистичкото востание. Организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата започнало на 11 Октомври 1941, кога Првиот прилепски партизански одред ја нападнал бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. Ослободителните дејствија продолжиле на 12 октомври во Куманово каде во областа Студена вода бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот одред. Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг. На Партизанските гробишта во Бутел во Скопје ќе бидат положени цвежиња, а ќе биде доделена идржавната награда „11 Октоври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Во Прилеп ќе се одржи свеченост пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифоски-Питу. Ќе биде одржан марш во чест на паднатите борци и ќе бидат положени цвеќиња на Могилата на непобедените. извор: Курир.мк]]>