77 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 14:02:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 77 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина актерот Мето Јовановски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-akterot-meto-jovanovski/ Thu, 16 Nov 2023 14:02:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327345

Aктерот Мето Јовановски почина денеска на 77 години, потврдија од Драмски театар. Јовановски со повеќе од 60 филмски и телевизиски улоги остави неизбришлив придонес на македонската филмска, телевизиска и театарска сцена. Дел од неговите незаборавни улоги ги одигра во „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“ и многу други. За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“. Јовановски е роден во 1946 година во селото Панчарево, Пехчево. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнува како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Јовановски се појавува во над 60-тина филмски и телевизиски наслови. Неговите незаборавни улоги се во филмовите – „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“. Фото: Б. Грданоски]]>

77 години постоење: На денешен ден во 1945 година е основан МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/77-godini-postoenje-na-deneshen-den-vo-1945-godina-e-osnovan-mnt/ Mon, 31 Jan 2022 13:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236934

На денешен ден во 1945 година со решение бр. 581/45 на Президиумот на АСНОМ бил основан Македонскиот народен театар. Со ова официјално започнува со работа оваа сценско – уметничка куќа. За директор е поставен Димитар Ќостаров, а Илија Милчин е секретар – драматург. Првата претстава премиерно е прикажана на 3 април 1945 година: драмата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески. Македонски народен театар, по формирањето и натамошното постоење/создавање, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот. Создава свое место на мапата на Македонија, на мапата на некогашна Југославија и надвор од неа.]]>

„Народен татар Битола“ слави 77 години од формирањето https://arhiva.vistina.com.mk/naroden-tatar-bitola-slavi-77-godini-od-formiranjeto/ Mon, 15 Nov 2021 14:00:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227382

За нас оставаме да зборуваат наградите, публиката, успехот, а тие едногласно кажуваат дека Битолскиот театар повторно го врати приматот на најдобар театар во нашата држава, а и надвор од неа, во регионот, велат од Народениот театар Битола кој во неделата, на 14 ноември славеше 77 години од формирањето на оваа Национална установа.
Нашиот театар станува бренд кој со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, достојно и гордо ги претставува насекаде во светот. Годинава роденденот го прославивме со претставата „Сомнително лице” која се одигра на големата сцена „Благој Стефановски – Баге“, соопштија од Народниот театар – Битола.  
На 14 ноември 1944 година, со изведба на едночинката на Владо Малески – „Петтоимениот Ѓоре“, почнува репертоарот на театарски претстави на македонски јазик и овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар – Битола. Првите членови, основачи на Битолскиот театар се Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Во периодот од 1944 до 1980 година претставите се играат во првата театарска зграда во Битола, изградена во 1908-09 година по наредба на битолскиот валија Абдул Керим-паша, а од 1980 година со уривањето на стариот и изградба на нов современ објект, битолскиот театар претставите ги изведува во свои простории – Домот на културата во овој град. Во рамки на одбележувањето на годишнината, во фоајето на театарот се изложени фотографии од претстави кои ги изработија Петар Ставрев и Сашо Ставрев.]]>

Замина уште една музичка легенда од 60-ите: Почина Скот Вокер! https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-ushte-edna-muzichka-legenda-od-60-ite-pochina-skot-voker/ Mon, 25 Mar 2019 12:25:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79244

Скот Вокер, еден од најиновативните и упорните писатели од 20 век, почина на 77-годишна возраст. Веста ја  објави 4Д, пишувајќи дека: "Половина век генијалноста на еден човек роден како Ноел Скот ги подигнала животите на илјадници луѓе". Причина за смртта се' уште не е објавена.
Скот Вокер се прослави во средината на шеесеттите години со „The Walker Brothers“ пред да создаде голем број неверојатни соло албуми - од Скот I до Скотта IV - се смета за еден од најдобрите и најзабавните поп албуми од оваа ера.
Потоа, на крајот од музичката сцена, продолжи со експерименталните изведби на своите албуми меѓу кои и 1995 "Tilt" и 2006 "Drift", кои се однасуваа на љубовницата на  Мусони, Сребреница и на 11-ти септември. Неговото последно дело е музиката компониранма за филмот на Натали Портман - "Вокс Лукс". Фото: Википедија/Dutch TV programme Fenklup https://www.youtube.com/watch?time_continue=61&v=Q11ium_-Lv8]]>