72 години брак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Nov 2021 12:54:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 72 години брак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пар кој е 72 години во брак ја открил тајната за долговечна љубов: Овие 7 нешта се пресудни https://arhiva.vistina.com.mk/par-koj-e-72-godini-vo-brak-ja-otkril-tajnata-za-dolgovechna-ljubov-ovie-7-neshta-se-presudni/ Fri, 12 Nov 2021 13:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227125

Колку и да се трудиме да го пронајдеме рецептот за успешен брак или долговечна љубов, факт е дека тој не постои. И тоа ќе ви го потврдат сите оние кои успеале да останат заедно и да ги надминат сите пречки. Сепак, повеќето такви парови ќе се сложат дека се клучни две работи: љубов и почит. Еден пар, 95-годишните господин и госпоѓа Ломбарди, во брак се веќе 72 години, а како што тврдат тие, денес се сакаат повеќе отколку на почетокот. Тие со помладите генерации споделиле неколку совети како и нивната љубов да трае толку долго и велат дека од првиот ден се придржуваат до овие 7 нешта:

Љубовта е суштината на сè

Трудете се љубовта да биде суштината на сѐ што правите, дури и кога тоа не е лесен избор. Љубовта е, велат тие, одговор на сè.

Давајте си комплименти

Секојдневно давајте си комплименти еден на друг. Пофалете ги ситниците кои партнерот ќе го направат среќен и задоволен.

Чувајте го семејството

Своето семејство формирајте го во близина на вашите семејства, а потоа трудете се секогаш да бидете во близина на своите деца кога тие ќе се отселат од вас и ќе започнат самостоен живот.

Никогаш не изневерувајте

Не е важно дали неверството е емотивно или физичко, едноставно не правете го тоа. Како што вели овој брачен пар, ако се обврзете кон некого, работете на тоа вашиот однос да успее - секој ден, додека смртта не ве раздели.

Никогаш не си легнувајте лути еден на друг

Никогаш не си легнувајте во кревет лути еден на друг. Едноставно бакнете се, посакајте си добра ноќ, а потоа решете ги вашите недоразбирања во текот на следниот ден.

Во ред е да се карате

Несогласувањето и размената на мислења се нормални во секоја здрава врска. Дури и кога не се согласувате, сослушајте се еден со друг. Не избегнувајте кавги и не бидете согласни со мислењето на партнерот по секоја цена бидејќи тоа кога-тогаш ќе прерасне во проблем.

Почитувајте се

Освен љубовта, најважната работа за добар и квалитетен однос е почитта. И кога станува збор за ова, едноставно нема компромис. извор: точка.мк]]>

Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 72 години брак, а еве како се запознале https://arhiva.vistina.com.mk/kralicata-elizabeta-i-princot-filip-proslavija-72-godini-brak-a-eve-kako-se-zapoznale/ Thu, 21 Nov 2019 11:25:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119823

Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 72 години од бракот, а нивниот живот отсекогаш беше интересен за јавноста. Еве неколку детали кои се познати за овој пар. 1934: Елизабета и Филип првпат се запознале на веначавка Елизабет Александра Мери Виндсор  имала 8 години кога првпат го започнала принцот Филип, а нивната прва средба била на свадбата на нивната роднина – принцезата Марина. 1939: Повторно се сретнуваат и започнуваат пријателство Базил Бутхројд кој е специјалист за биографијата на кралското семејство напиша дека повторната средба се случила во 1939година. Кралицата Елизабета тогаш имала 13 години, а принцот Филип 18. 1946: Филип од кралот Џорџ VI ја побарал раката на Елизабета „Бевме разделени за време на војната, а тоа ни даде простор уште повеќе да се заљубиме“ напишал Филип во писмото на Елизабета. 1947: Венчавката на кралицата Елизабета и Филип Свадбата на Елизабета и Филип се случи на 20 ноевмри 1947 година во присуство на 2 000 гости. Нивната венчавка беше пренесувана на радио станиците низ целиот свет.Како што налагаат кралските правила, по свадбата парот живееше во оделни соби. Деца и емотивен однос Елизабета и Филип го добија синот Чарлс на 14 ноември 1948 година и принцезата Ана на 15 август 1950 година. Бракот и емотивниот однос го криејаа бидејќи најголемиот дел од времето го поминуваа на Малта каде што принцот имаше воени обврски. Кралицата во 1972 година истакна дека кога ќе размисли нема никакви забелешки за својот брак.]]>