70 роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Apr 2022 12:32:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 70 роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Горан Стефановски доби свој мурал во скопско „Дебар маало“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/goran-stefanovski-dobi-svoj-mural-vo-skopsko-debar-maalo-foto/ Thu, 28 Apr 2022 12:32:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248068

По повод 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ на „Боемска улица“ 2 во Дебар Маало денеска е претставен исцртаниот мурал со неговиот лик. Муралот го  наслика младиот уметник и тату-артист Блаже Атанасков- Нејмлес. Во паркчето спроти општинските бараки (кај Спомен-обележјето на Горан Стефановски), се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодишното одбележување на роденденот на Горан Стефановски. Свое онлајн обраќање имаше и неговиот син, Игор Стефановски, кој преку Здружението за промоција на културното наследство на Горан Стефановски, направи годишен осврт на проекти и дела поврзани со зачувувањето на делото на драматургот. „Среќен 70-ти стари, сигурно на ваков ден ќе те зафркавав дека влегуваш во нова декада, а ти ќе кажеше дека уште се чувствуваш како да имаш 18. Те сакам“, гласеше одјавата на Игор Стефановски.]]>