70 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Mar 2022 20:15:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 70 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бабичка како дадичка: Неда Украден на 70 години и без шминка изгледа како девојка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/babichka-kako-dadichka-neda-ukraden-na-70-godini-i-bez-shminka-izgleda-kako-devojka-foto/ Sat, 12 Mar 2022 08:44:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199166

Една од најпопуларните пејачки во регионот во последните неколку децении, вечната Неда Украден и на 70 години покажа дека, кога станува збор за природната убавина, годините се само бројка и затоа таа не се двоуми да објавува фотографии на кои нема ниту грам шминка. Неда тоа го потврди со најновата објавена слика од козметички салон, на која позира во сосема природо издание без грам шминка, кармин и други козметички и мејк-ап додатоци, а освен тоа фотографијата не е фотошопирана. „Пролетта слетува на моето рамо. Дојде време да се вратиме во живот по многу месеци поминати дома“ – порачува пејачката на фотографијата споделена на нејзиниот Инстаграм профил.]]>

Списанието „Современост“ одбележува 70-годишнина од своето постоење https://arhiva.vistina.com.mk/spisanieto-sovremenost-odbelezuva-70-godishnina-od-svoeto-postoenje/ Wed, 10 Nov 2021 13:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226789

На 17 ноември (среда) во 19:00 часот во Големиот салон на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, списанието за литература, култура и уметност „Современост“ ќе ја одбележи 70-годишнината од своето постоење. Јубилејот на списанието „Современост“ годинава се поклопува со 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, кој и самиот во суштинска мера придонел за егзистенцијата и развојот на ова списание, а кому годинава му е посветен и тематски број. На настанот ќе се промовираат скорешни изданија на списанието за кои ќе зборува главниот и одговорен уредник, современиот македонски писател Стефан Марковски. Дел од редакцискиот тим на „Современост“ се и: Снежана Стојчевска, извршна уредничка, Мишо Китаноски, уредник, Верица Мукоска, уредничка, и Никола Алтиев, уредник. На настанот ќе се врачи наградата „Современост“ на Славчо Ковилоски - книжевен историчар и научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а ќе бидат доделени и благодарници на сите оние кои внесоа дел од својата  книжевна работа во списанието и се верни поддржувачи и читатели на македонските книжевни списанија. Настанот ќе го води младата писателка и постдипломка по македонска книжевност Верица Мукоска. На настанот ќе присуствуваат значајни имиња од македонската книжевна сцена кои во изминатите децении укажуваа чест и ги збогатуваа содржините со своите прозни текстови, стихови, драми, есеи, трудови и разговори.]]>

После 70 години „Танец“ е на пат да добие своја сала https://arhiva.vistina.com.mk/posle-70-godini-tanec-e-na-pat-da-dobie-svoja-sala/ Fri, 26 Jun 2020 11:07:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155870

На иницијатива на директорот на Н.У. „Танец“, Мартин Вучиќ, на 72. владина седница одржана на 23 јуни 2020 година, беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом на една од најстарите културни институции во државата. Се работи за обемен елаборат врз кој раководството на “Танец“ работеше интензивно во изминатиот пандемиски период. Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да предложи соодветно решение до владата за проблемот со кој се соочува Националната установа, ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“. Со тоа, конечно, после 7 децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност како најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура, воопшто. ]]>

Новогодишен концерт на ансамблот „Танец“ https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishen-koncert-na-ansamblot-tanec/ Fri, 20 Dec 2019 11:39:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125076

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе има новогодишен концерт со кој ќе ја затвори јубилејната, 70-та година од своето постоење. На концертот ќе гостува и Националниот ансамбл за народни игри и песни „Коло“ од Србија. – По серијата коцертни чествувања низ градовите низ земјава и меѓународните претставувања во Франција, Шведска и Австралија, „Танец“ вечерва со гостите од „Коло“ ќе ја исполни сцената на МНТ со бесценетите антологиски кореографии на „Тешкото“, Невестинското“, „Драчевка“, уникатното „Старобосанско немо коло“, српските игри од Стара Планина, од Западна Србија и Босилеградскиот крај, како и повеќе оркестарски ора и песни, меѓу кои и познатото „Касапско оро“, популарните „Не стој Доне, Донке“, „Ој, Мораво“ и многу други. На сцената ќе бидат над 120 учесници, а капацитетот на Македонскиот народен театар беше мал за да ги покрие со билети сите љубители на врвниот музичко-сценски фолклор. Картите за овој настан беа распродандени за само неколку дена, соопшти „Танец“. На вечерашниот концерт премиерно ќе биде изведена новата кореографијата „Радовишки собор“ на Јовица Блажевски, претставник на последната генереција кореографи на „Танец“ кој зад себе како автор ги има и веќе добро познатите постановки „Посеље“, „Кумановка“, „Малешевка“ и „Пијанец“. Блажевски подолг период го истражуваше регионот на Радовиш и од материјалите собрани на терен избра новата кореографска творба да ја темели врз изворните радовишки соборски ора „Кукурику петле“, „Ситната“, „Трченица“, „Тоска“ и „Маца вода лие“, како и ороводната песна „Покрај, накрај Кате“. Музичката обработка е на познатиот македонски хармоникаш, композитор и аранжер Дарко Илиевски, долгогодишен член на оркестарот на „Танец“. „Танец“ објави и најново ДВД-издание од јубилејниот концерт што го одржа во јуни годинава во Националната опера и балет, а за 70-годишнината е објавена и двојазична монографија која ќе биде претставена пред вечерашниот концерт, од 19 часот во фоајето на МНТ. Книгата е насловена „Остани во чекор“ и е посветена на десет антологиски кореографии од репертоарот на „Танец“. Автор е етномузикологот Кирил Тодевски, а преводот на англиски е на Марија Џонс. Публикацијата е на „Арс Ламина“ и содржи комплетни нотографии за сите десет корепграфски постановки направени од Марко Коловски, а изобилува и со богат фотографски материјал од архивата на ансамблот]]>

Познатиот холивудски актер повторно ќе стане татко на 70 години https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-holivudski-akter-povtorno-kje-stane-tatko-na-70-godini/ Tue, 05 Nov 2019 10:57:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116654

Холивудскиот актер Ричард Гир (70)  и неговата 34 години помлада сопруга Александра Силва го очекуваат второто дете, пишува „Daily mail“. Според пишувањата на шпанските медиуми, Ричард на пролет повторно  ќе стане татко. Ричард со сопругата Александра веќе има еден син кој го добија на почетокот на годината. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/prvi-fotografii-od-rirad-gir-so-sincheto-koe-go-dobi-so-33-godini-pomladata-sopruga-foto/ Ричард вели дека за најубавите работи никогаш не се доцна во животот. Тој втор пат ужива во магијата на татковството, 19 години по раѓањето на неговиот првороден син Хомер, кој го доби со својата прва сопруга Кери Лауел. Среќниот пар се уште не ги потврди пишувањата на медиумите и дали повторно ќе станат родители. Ричард вели дека за најубавите работи никогаш не се доцна во животот.  ]]>