7 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2023 09:56:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 7 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сеќавање на Есма Реџепова: 11-ти декември – денот кога замина Кралицата на ромската песна https://arhiva.vistina.com.mk/sekavane-na-esma-redhepova-11-ti-dekemvri-denot-koga-zamina-kralitsata-na-romskata-pesna/ Mon, 11 Dec 2023 07:11:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330514

На денешен ден, 1 декември 2016 година во Скопје,  години почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова.

Есма Реџепова беше родена во Скопје на 8 август 1943 година. Таа беше позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки. Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Реџепова е петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови, во мала куќичка во центарот на Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел да ги прехрани четирите ќерки и двата сина како чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му ја носи кутијата со бои и четки. Покрај другите браќа и сестри, и малечката Есма станала помошник на татка си. Но, наскоро го проширила „бизнисот“, па им помагала и на другите чистачи на чевли во Скопје. Таа била нивниот главен снабдувач со „репроматеријал“. Трчала до тогаш единствената работилница за производство на боја за чевли „Iмалин“ и набавувала за сите. Парите што чистачите и ги давале за автобуска карта, таа ги штедела за кино билет, а најчесто во набавки одела пеш. Постарите скопјанки можеби не се сеќаваат дека денешната ромска кралица е она истото девојче што пред педесетtина години чекала во ред за да им купи млеко, а тие и давале по некоја паричка што исто така завршувала во билетарницата на скопското кино. Ученичката Есма имала бунтовна природа и никогаш не им останувала должна на оние што сакале да ја понижат нарекувајќи ја „Циганка“. Никогаш не се срамела од работата, ниту кога сиромаштијата го принудила деветгодишното девојче да чисти скали и да брише прозорци во домовите на имотните скопјани. Имала прекрасен глас секогаш широка насмевка и ведра природа. Нејзината мајка никогаш не запеала. Татко и Ибраим пеел, но само за своја душа, зашто пеењето по кафеани го сметал за недостоинствена работа. Неговата 13-годишна ќерка Есма била вљубена во песната, но тој всушност и не знаел дека таа веќе ја пленила публиката со својот глас, пеејќи песна во една театарска претстава и дека добила покана да учествува на меѓучилиштен натпревар во пеење во Сарај. Таткото тоа го дознал еден ден, кога на вратата на Реџепови чукнал познатиот естраден уметник Стево Теодосиевски. Тој дошол да го убеди да и дозволи на Есма да настапува со неговиот ансамбл. Таа есен 1957 година, Есма победила на натпреварот и добила покани за соработка од Радио Скопје. Во 13-годишната црномуреста девојка, облечена во скромно фустанче, музичките критичари откриле вонсериски талент. Тој момент животот на Есма добил поинаков тек. Таа се вклучила во ансамблот на Теодосиевски, а татко и добил ветување од Стево дека тој ќе се грижи за неа, за нејзиниот настап, за кариерата и оти нема да дозволи таа да стане кафеанска пејачка. Дом и станал стариот автомобил на Стево Теодосиевски, патиштата, новите градови и хотелите. Есма денес речиси и не може да се сети на првите официјални настапи. Прво почнале со скромни турнеи во Македонија, потоа во републиките на бивша Југославија. Првиот настап на Есма надвор од СФРЈ бил во 1961 година во Бугарија. На двомесечната турнеја таа била вистинска атракција, затоа што во тоа време не било „природно“ Ромите да се вклучат во естрадниот живот. Заради контактите и поразвиениот музички пазар, скопјанката Есма од 1960 година станува жител на Белград. Нејзин дом биле две соби на Дедиње, во кои живеел целиот ансамбл „Теодосиевски”, вклучувајќи ја мајката на Стево, која на Есма и била како втора мајка. Музиката и заедничкото живеење со Стево Теодосиевски ги крунисала во брак во 1968 година. Драчевци и денес се сеќаваат на големата и весела ромска свадба, а седум дена подоцна бракот го регистрирале во Белград. Од белградскиот аеродром почнуваат многу патувања на ромската музичка кралица. Есма станала популарна и поради тоа влегла во протоколот на претседателот на Југославија. Првпат пеела пред Тито во 1961 година, кога гостин на Mаршалот му бил индонезискиот претседател Сукарно. Со нејзините песни се расположил и либискиот водач Муамер Гадафи, кога летувал во резиденцијата на Бриони. По 30 години брак, смртта на Стево ги раздели Кралот и Кралицата. Но, таа вели дека тој останал присутен во нејзиниот живот. Кога пеела во Шпанија мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публика од 20.000 гледачи занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш. Таа е среќна што по вторпат е номинирана за Нобелова награда за мир. Првпат во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија. а сега како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубовите во земјава. Есма никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија денес има повеќе од 100 внуци и правнуци. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност. Есма Реџепова сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Изврши повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии. Реџепова најмногу пееше на ромски и македонски, но исто така сними песни на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Реџеповите песни често зборуваат за љубов, тага и брак. Една од нејзините најпознати песни наречена Чаје Шукарие стана химна за сите Роми насекаде низ светот. Есма често пееше традиционални песни, и ромски и македонски, но многу од нив се и nivni композиции. Теодосиевски вообичаено  компонирал и аранжирал песните, но Есма исто така некои песни, вклучувајќи ја и „Чае Шукарије“. Таа, исто така, ги подготвуала кореографииите за настапите. Есма Реџепова почина во 2016 година, на 73-годишна возраст, по  кратко боледување. Погребана е на гробиштата Бутел во Скопје. За жал иако сето свое културно и музичко наследство и го остави на државата република Македонија, заради семејните недоразбирања на наследниците и судските сппорови кои се водат меѓу нив, но и негрижата на државата, нејзината спомен куќа - музеј која самата ја изгради беше целосно ограбена, опустошена и напуштена стои како руина и ден денес, а сите вредни предмети од неа се однесени на непозната локација. Групата „Есма’с Бенд Некст Џенерејшн“ предводена од еден од нејзините посвоени деца - музичарот Симеон Атанасов и единствената ќерка меѓу нив, пејачката Елеонора кои живеат и работат во Белгија, денес се сметаат за наследници на музичкото творештво на Есма. Тие истот ака го формираа и здружението „Есма – Крстосница на културите“ („Esma - Carrefour des cultures“), чија цел е промоција на ромската и балканската култура и музика во Европа и светот. Фото: Инстаграм/#есмареџепова/#esmaredzepova и Фејсбук/Esma's Band Next Generation]]>

Погодувате ли која пејачка е на фотографијата? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pogoduvate-li-koja-pejachka-e-na-fotografijata-foto/ Mon, 12 Apr 2021 10:48:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198593

На Инстаграм протече фотографија од детството на една од најпознатите српски пејачки. Пејачката Наташа Беквалац важи за една од најпопуларните пејачки, а на музичката сцена е присутна од тинејџерски години. Освен тоа, Беквалац важи за една од најзгодните и најатрактивни пејачки, а сега покажа како изгледала на седум години. Имено, таа на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од своето детство каде изгледа потполно поразлично. „Само да ви ја покажам оваа кукла од седум години, уште тогаш се гледаше дека ќе порасне во зрело „мажиште“, напиша Наташа покрај објавата. ]]>

Вистина.ком.мк, 7 години со Вас: Естрадно – забавна „лектира“ за читателите и… препишувачите! https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-kom-mk-7-godini-so-vas-estradno-zabavna-lektira-za-chitatelite-i-prepishuvachite/ Fri, 20 Nov 2020 09:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177055

20 ноември, ден денешен, 2013 година... Пред 7 години се “роди“ нашиот портал, осамна првиот текст на Вистина.ком.мк... Тогаш  уште еден нов медиум, денес познат, признат, етаблиран и што е најважно многу посетуван и читан портал. Бевме и останавме Ваш медиум. Не дека ги нема доволно. Напротив. Или дека меѓу другите нема и доволно добри. Ни случајно, иако не нема многу. Но, нам уште од првиот ден не ни е целта да бидеме подобри од некого. Целта ни беше да бидеме поразлични. Уникатни, препознатливи, оригинални, единствени...  Не бренд за себе, туку бренд сам по себе. Препознатлив штом му се спомене името.  Затоа за сите овие години се потрудивме да не бидеме еднолични, исплакнати и само едни од многуте. Ние од првиот објавен текст ги создаваме информациите наместо да чекаме сами да ни дојдат,  им одиме на настаните и збиднувањата во пресрет, наместо да чекаме некој друг да ни раскаже што таму се случило, а ние само тоа да го преџвакаме, постојано гребеме под површината за да ја ископаме вистината, наместо компромисно да Ви сервираме фингирани приказни, испеглани информации, премолчени факти, препишани написи...! Ветивме дека ќе бидеме интригантни и забавни,  провокативни и шокантни,  гламурозни и екстравагантни, хумористични и сатирични, но и едукативни и издржани, омилени и омрзнати, информативни и промотивни, сериозни и ригорозни, доблесни и бескомпромисни...  Се со цел да Ви ја доближиме реалноста. И останавме доследни на ветеното. И покрај сите „сцили и харидби“ , бури и премрежја низ кои годиниве минувавме и се' уште минуваме во овие турболентни времиња и опасни години на живеење. Се' уште сме тука со Вас и за Вас и планираме уште долго да бидеме, за да Ви ја понудиме вистината на дланка, зошто како што велат, секој има своја вистина, но само една е онаа - „вистинската“.  Или како што ние велиме: Само една има вистина - Вистина.ком.мк... Се' друго е...  Знаете веќе што. Затоа, од срце Ви благодариме што од првиот напишан збор и првата објавена фотографија до ден  денес останавте со нас. Верна читателска публика, која постојано се зголемува, расте... Ние и понатаму ќе бидеме првите што ќе се потрудат да ви овозможат да дознаете повеќе од тоа што го знаете, или она што вообичаено досега сте можеле да го дознаете. Но, ние  не нудиме само повеќе. Нудиме нешто сосема поразлично!  Зашто сме естрадно-забавна лектира, не единствена по својата содржина, туку по начинот како таа содржина е презентирана, пласирана, напишана, кажана, обзнанета, објавена... Естрадно - забавна „лектира“  за читателите. Но и за препишувачите во овој виртуелен хаос, во ова онлајн „село без кучиња“, во кое мнозинството „лингури“  секојдневно безидејно талкаат од портал до портал, бесрамно крадејќи од малкуте вистински, за потоа нивното „копи-пејст“ препишување на туѓите идеи, истражувања, коментари, написи... да го преставуваат како свое дело.  Затоа, само една има Вистина... Единствена оригинална, уникатна, препознатлива... Вистина.ком.мк! Ова се нашите први 7 години... Наши и Ваши, за што од се' срце Ви благодариме на времето, вниманието, лојалноста, довербата... која никогаш нема да ја изиграме, нема да ве изневериме!  ]]>

Новото момче на Катарина Остојиќ, хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ има вереница веќе 7 години: Кога дознала што и прави зад грб, настанал хаос! https://arhiva.vistina.com.mk/novoto-momche-na-katarina-ostojikj-hrvatskiot-fudbaler-mateo-pavlovikj-ima-verenica-vekje-7-godini-koga-doznala-shto-i-pravi-zad-grb-nastanal-haos/ Wed, 09 Oct 2019 12:49:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111813

Катарина Каја Остојиќ се обидува на сите начини да го скрие својот емотивен живот од очите на јавноста и да ја скрие својата врска со фудбалерот на Анже, Матео Павловиќ. Причината е неговата вереница, со која се дозна дека тој бил во врска последните седум години. Пејачката, која се запозна со хрватскиот фудбалер преку социјалните мрежи е на мака,  затоа што јавноста неа ја посочува дека е главната причина за распаѓањето на врската на славниот спортист. "Матео е лудо заљубен во Каја и прави се' само за да биде со неа. Врската со пејачката му годи. Тие сакаа да ја чуваат врската во тајност, но тој на Инстаграм објави фотографија од него и пејачката како уживаат во вилата каде тој беше стациониран додека беше во Франција. Неговата свршеници дознаа откако пријателите и испраќале фотографии симнати од социјалните мрежи. Кога таа се' си поврзала, настанал вистински хаос. Не сум сигурен дали ја продолжиле врската или ја раскинале веридбата? Матео малку зборува за неговиот приватен живот, а Каја одлучи да не зборува повеќе за своите партнери“ - вели извор близок на пејачката. Тој додава дека, откако и самата Каја во рок од неколку дена објавила фотографии од истото место, Матео ја избришал фотографијата која покажува дека е на истото место како и Каја. „Тој погрешен потег го чинеше Матеа. На Каја не и е грижа затоа што таа се разведе од Џуниор Џек пред да започне да комунициира со фудбалерот. Тие ја започнаа својата комуникација лакувајќи ги нејзините фотографии и малку по малку стануваа се поблиски. Неговата свршеница сфатила дека нешто не е во ред со нив, но дури откако ја слушнала веста која како бомба одекнала во медиумите дека нејзиното момче е во паралелна врска, сфатила зошто има проблем со него“ - тврди соговорникот.]]>

Добија многу честитки и убави желби: Сашко Коцев и сопругата имаа убав повод за славење https://arhiva.vistina.com.mk/dobija-mnogu-chestitki-i-ubavi-zelbi-sashko-kocev-i-soprugata-imaa-ubav-povod-za-slavenje/ Fri, 27 Sep 2019 07:30:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109287

Еден од најдобрите македонски актери, Сашко Коцев кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвена да зборува, но за својот приватен живот не сака да открива премногу детали. „Златна бубамара“ беше сцената каде пред неколку години јавно пред публиката ја побара за сопруга својата сакана Смиљана.
Парот во ноември 2017 година станаа родителите за првпат на нивната ќерка Јоана. Сашко оттогаш ужива во семејната идила, а досега неколку пати изјави дека татковството го променило. -Ми се појави еден нов свет, едни сосема нови и непознати чувства што ме влечат накај дома. Дури и кога имам време за одмор, не ми даваат, туку ме тераат да станам да ја гледам додека таа спие. Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи. Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на Јоана и креативниот процес. – Го користам секој момент за творење и чување. Тоа е комбинација на нишање за заспивање и пишување некој текст во главата… потоа мавтање со играчката, истовремено поминување текст за вечерашната претстава или, пак, топлење млеко и правење план во главата за утрешната проба“, изјави Коцев во една прилика. Наскоро се ближи роденденот на Јоана, а пред нејзиниот роденден Сашко и Смиљана имаа убав повод за славење. Имено, тие прославија 7 години од бракот. По тој повод актерот на својот „Фејсбук“ објави фотографија од свадбата, а во описот напиша само 7. Под објавата се нижеа само честитки за годишнината и со желби да слават уште повеќе.]]>