7 април – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Apr 2020 06:57:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 7 април – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов на необичен начин (им) го честиташе „Денот на здравјето“: „Мерси, за тоа што си ти…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-na-neobichen-nachin-im-go-chestitashe-denot-na-zdravjeto-mersi-za-toa-shto-si-ti-video/ Wed, 08 Apr 2020 06:55:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143787

Македонскиот актер, водител, пејач, писател, шоумен... и што ти уште не, „мултиталентираниот естрадно-културен мултипрактик“  Игор Џамбазов е оригинален по многу нешта, па така својата креативна оригиналност најде начин како да ја искаже и во ова време-невреме на борба со корона пандемијата. Откако претходно го компонираше, отсвире, испеа и сподели на социјалните мрежи својот „Вирус блуз“, Џамбаз, кој ионака е познат како „птица-селица“ низ Македонија, го спакува торбичето и замина... Правец - Дојран! https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/kovid-19-site-ne-zatvori-doma-a-na-igor-dzambazov-mu-gi-otvori-chakrite-slushnete-go-negoviot-virus-bluz-video/ Иако локалните власти и градоначалникот на овој наш мал туристички бисер јавно кажаа дека забрануваат посета на туристи и закуп на хотелски и приватни капацитети на подолг период, додека трае вонредната состојба, за Игорче тоа не важи. За Џамбазов, кому Дојран му е како втор дом, направен е исклучок, па мајсторот сега таму ги минува деновите во изолација, чекајќи ова невидливо зло да помина.
 
View this post on Instagram
 
Самоизолација...27ми ден...@tatjanadzambazova

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Но, Џамбаз не може да седи со скрстени раце, па како што е редот, покрај се друго, се досети како да им го честита  вчерашниот „Ден на здравјето“ - 7. април, на здравствените работници кои се во првите редови фатенио ви костец со „невидливиот непријател“. И не само на лекарите, медицинските сестри и целокуппниот медицински персонал, туку и на полицалците, пожарникарите, војската, трговците, продавачките, пазарџиите, касиерките, возачите, таксистите... и сите други кои заради природат на својата работа, не можат да не работат и да бидат во изолација, а со тоа го носат и најголемиот товар на свој грб, но и најголемиот ризик да бидат не дај Боже, заразени! На сите нив, од името на Македонија, Игор им изрази едно големо...Благодарам!  И тоа на оригинален начин! Џамбаз ја зема гитарата в рака, ја вклучи камерата на мобилниот и со песна или поточно со музичка честитка и куса порака им го честиташе 7. април, „Денот на здравјето“ на нашите „херои од првите борбени редови“ во војната со короната. Музичката честитка на Игор изгледа и звучи, вака:
 
]]>