6 знаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 May 2020 11:44:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 6 знаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 6 знаци што откриваат дека вашиот поранешен партнер навистина продолжил понатаму https://arhiva.vistina.com.mk/6-znaci-shto-otkrivaat-deka-vashiot-poraneshen-partner-navistina-prodolzil-ponatamu/ Fri, 15 May 2020 13:30:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149880

Ако бившиот веќе не гледа заедничка иднина со вас, тоа ќе го сфатите кога ќе се сретнете, а тој едвај ќе ве погледне, кога ќе ви ги врати сите ваши работи или кога ќе откриете дека има нова девојка.

1. Тој има нова девојка

Откривањето дека тој веќе продолжил со животот и нашол нова љубов е дополнителен удар за вашето его. Дури и ако сè уште чувства нешто за вас, тие чувства веќе не се исти. Сè што останало од љубовта се пријателството и заедничкото минато.

2. Ви ги вратил сите ваши работи

Ако поранешниот партнер одлучил да ви ги врати сите работи што останале во неговиот дом, тоа е јасен знак дека тој одлучил дека веќе немате заедничката иднина. Со тоа, тој сака да отстрани сè што го потсетува на вас и да ви каже дека нема враќање назад.

3. Не сака да разговара со вас

Случајните средби по раскинувањето може да бидат непријатни, но ако поранешниот партнер го сврти погледот и избегнува контакт со очите, тоа не е добар знак. Тој само сака да каже дека вие сте дел од минатото и веќе со вас не сака да има ништо. Вртењето на погледот настрана може да укажува и на засраменост, особено ако тој е виновникот што сте раскинале.

4. Јасни и недвосмислени пораки

„Никогаш веќе не сакам да разговарам со тебе“, „сакам нов почеток“, „не те сакам“ – ако ги слушнете овие зборови, не трудете се залудно. Веќе ништо не го врзува за вас, па ако ви ги каже овие зборови, кренете ја главата и продолжете напред, без да гледате назад.

5. Не сака да ве сретне

Тој свесно ги избегнува сите настани и собири каде што можете да се сретнете. Тоа може да биде многу болно, но во тој момент е во ред да ви биде тешко. Сепак, можеби тоа е единствената можност да запознаете некој нов.

6. Се оженил

Фактот дека поранешниот веќе има нова љубов не е лесно да се прифати, но ќе ви биде уште потешко ако се оженил. Така, тој јасно кажува дека продолжил понатаму и дека нема враќање назад. Во такви ситуации, треба да бидете колку што е можно посмирени и да го почитувате неговиот избор. иѕвор: Кафепауза]]>