57 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Jan 2021 18:53:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 57 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ненадејно почина Марија од „Жикина династија“! https://arhiva.vistina.com.mk/nenadejno-pochina-marija-od-zikina-dinastija/ Tue, 26 Jan 2021 18:40:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186888

Актерката Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од серијалот „Луде године“ односно „Жикина династија“, почина ненадејно вчеравечер на 57-годишна возраст во Атина, каде живееше во последните години од нејзиниот живот. Веста за нејзината смрт ја објави и нејзиниот пријател Душан на Фејсбук, кој преку таа социјална мрежа се прости од нејзе. Тој се присети како се сретнале и го истакна она што му останало во сеќавање на Ријалда. Смртта на Ријалда го стори тоа. Неочекувано, премногу брзо. Луѓето имаат тенденција да мислат дека никој близок никогаш нема да замине, барем не нагло, бидејќи тоа е најтешката работа, кога ќе изгубиме некого без навестување, без можност да се разделиме, без збор. Се запознавме пред три години, во група што се занимаваше со капитализмот и депресијата . Се сеќавам на нејзините семинари кои се дискутираше за филмот и психоанализата. Ги гледавме „Низ брановите“ на Ларс фон Трир, како и Педро Алмодовар, филмот „Кожата во која живеам“. Таа секогаш имаше луцидни толкувања и неверојатна аналитичка енергија. Ја сакаше Кејт Буш исто како мене, таа се облекуваше елегантно, секогаш негувана, понекогаш премногу „буржоаска“ за мојот вкус, но во тоа беше – таа. Таа учествуваше на мојот семинар за филозофија на психоанализа на Филозофскиот факултет и презентираше една од нејзините студии на случај, со клиент чиј живот го направи многу подобар за време на терапијата. Психоаналитичарот не може да се измами кога станува збор за љубовта. Со таа љубов се разделувам од тебе, драга Ријалда – напиша тој. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/prviot-ljuboven-baknez-na-marija-od-zikina-dinastija-i-bil-na-13-godini-pred-kamera-tokmu-vo-film/]]>

По 57 години Атиџе за првпат почувствува како е да слави роденден (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/po-57-godini-atidze-za-prvpat-pochuvstvuva-kako-e-da-slavi-rodenden-video/ Mon, 18 Jan 2021 09:18:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185529

Велат дека кај народот секое чудо три дена трае, а горе-долу така беше и со приказната на хероината од документарецот „Медена земја“ кој стигна до Оскар. Денес нема толку голема помпа за Атиџе Муратова и нејзиниот живот, но има луѓе чие големо срце, баш како она на Атиџе, не забораваат и се тука да поделат она што го имаат. Тоа големо срце кое со спои со исто такво, она на Атиџе, е на писателката и музичар Сузана Турунџиева. Сузе несебично и безрезервно ги отвори своето срце и душа за Атиџе, да и помогне од повеќе аспекти, но пред се да и биде искрен и близок пријател. Деновиве Атиџе за првпат почувствува како е да слави роденден, а се’ тоа благодарение на Сузе. Атиџе и Сузе го прославија 57 роденден на Атиџе и тоа не само еден ден.
-Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба во „Light caffe“, а утре продолжуваме... Ќе видите каде. Среќен 57ми роденден мила Атиџе., напиша Турунџиева во описот на видеото, а како што најави така и направи, па роденденскиот ден на Атиџе имаше продолжение: -Родена за да не потсети кои се најважните лекции за животот,  Атиџе Муратова ни е пратена како огромен благослов за сите нас... Големо благодарам за целиот тим на Дриада, кои денес на Атиџе и приредија вистинско изненадување, порача Сузе.
Секоја чест за Сузана, која направи медената жена Атиџе Муратова за прв пат во животот и „медено“ да се почувствува за својот роденден! Бидејќи во денешно време, навистина е за восхит добрината и искреноста на луѓето како Турунџиева. А на Атиџе, најсреќен роденден и уште многу прославени заедно со драги личности!]]>

Скопје се сеќава: 57 години од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-se-sekjava-57-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-na-26-juli-1963-godina/ Sun, 26 Jul 2020 08:26:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160536

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 до 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 57 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.]]>

„МКЦ за Скопје“ – мултимедијален настан по повод 57 години од катастрофалниот скопски земјотрес https://arhiva.vistina.com.mk/mkc-za-skopje-multimedijalen-nastan-po-povod-57-godini-od-katastrofalniot-skopski-zemjotres/ Wed, 22 Jul 2020 12:01:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160019

„МКЦ за Скопје“ е насловен мултимедијалниот настан кој в недела, 26 јули, ќе го организира Младинскиот културен центар за одбележување 57 години од скопскиот катастрофален земјотрес. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ по соодветен протокол и почитување на мерките за заштита. Бројот на посетители ќе биде ограничен, влезот е бесплатен, но со билети кои може да се набават преку bileti.mkc.mk. „МКЦ за Скопје“ на 26 јули ќе почне вечерта во 19.30 часот со изложба „Култните градби во Скопје“ – избор на фотографии од проектот „101 најзначајни градби во Скопје“. Изложбата ги претставува култните градби во градот Скопје, надополнета е и со видеопроекција. Автори на фотографиите се Горан Јакимовски, Горан Георгиевски, Владимир Арсовски. Селектор е архитект Ѓоко Радовановиќ, а монтажата на видеото за изложбата е на Митко Арнаудов. Од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов, која содржи осумдесетина микрораскази/куси записи посветени на „невидливиот“ дел на градот Скопје. – Текстовите, т.н. антиразгледници, се создавани во периодот 2016-2020, а поттикот за нивно пишување во голема мера е промената на архитектонскиот лик што градот ја доживеа изминативе години. Во неа средишно место заземаат приказните за малите луѓе и феномените кои се маргинални, сето она што никако не би можело да се најде во историските учебници и на разгледниците. Поривот за таквиот третман на градот доаѓа токму од бруталноста со која се интервенираше врз неговата „голема слика“ и „голема приказна“. …, соопшти МКЦ за книгата на Иван Шопов. За неа ќе зборува Владимир Јанковски, а раскази ќе чита Ѓоко Здравески. Мултимедијалниот настан во сеќавање на земјотресот од 1963-та ќе продолжи во 21 часот со учество на „Импров група“ и нивната претстава „Импров настап“ – заснована на игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика. Како што најавува МКЦ, „Импров настап“ е комична, непосредна, но комплексно структурирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив. Во неа играат: Мартин Манев, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски и Наталија Теодосиева, а водител на настапот е Андреј Цветановски. Од 22 часот во рамки на „МКЦ за Скопје“ е музичката програма и концерт на бендот „Перија“ – во кој членуваат Филис, Кате и Леа кои изведуваат музика на уд, перкусии, тамбура и кемане. По нив ќе настапи „21 век“ – бенд на Васко Атанасоски, Раде Јорданоски и Дени Крстев кои истражуваат експресивна палета на влијанија – од постпанк до македонска традиционална музика, и бендот „Ен2три“ кој за оваа пригода ќе настапи со перформнсот „5:17“.
„МКЦ за Скопје“ е настан кој нè потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето, соопшти Младинскиот културен центар.
]]>

Квентин Тарантино стана татко на 57 години https://arhiva.vistina.com.mk/kventin-tarantino-stana-tatko-na-57-godini/ Mon, 24 Feb 2020 10:04:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135694

Еден од најпознатите режисери на светот, Квентин Тарантино стана татко на 57 години. Сопругата на Квентин, Даниела Пик му роди син во израелскиот град Тел Авив, пренесува „Дејли Мејли“. „Даниела и Квентин се среќни што со сите може да споделат дека го добија своето прво дете“, изјави Пр-от  на сопружниците. Бидејќи Даниела се породи во Изразл, се шпекулира дека парот ќе се пресели таму да живее. Брачната двојка се венчаше пред 2 години на церемонија, на која присуствуваа големи имиња од Холивуд. Тарантино своевремено изјави дека кога снима филмови не прави ништо друго.]]>

Изгледа како бомба и во шестата деценија: Лидија Вукиќевиќ се соблече на 57 години и ја покажа својата завидна фигура https://arhiva.vistina.com.mk/izgleda-kako-bomba-i-vo-shestata-decenija-lidija-vukikjevikj-se-sobleche-na-57-godini-i-ja-pokaza-svojata-zavidna-figura/ Wed, 14 Aug 2019 11:19:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102132

Актерката Лидија Вукиќевиќ важи за една од најзгодните на јавната сцена, а со годините изгледа се подобро и подобро. Лидија често на социјалните мрежи објавува фотографии поради кои многумина млади девојки може да и позавидат. Меѓутоа, со последната предизвика лавина од коментари. Имено, Лидија моментално се наоѓа на одмор на Занзибар од каде што редовно ги инфомира своите следбеници за активностите.
 
View this post on Instagram
 
???

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija) on

Таа објави фотографија во бикини како вежба, а со тоа предизвика лавина од коментари. Таа направи стои на раце, а нејзината форма дојде до израз. „Не постои идеално место за вежбање“ напиша актерката.
 
View this post on Instagram
 
Ne postoji idealnije mesto za vežbanje????❤️??

Модна креаторка од Прилеп со песна од Весна Змијанац „растури“ во „Никогаш не е доцна“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/modna-kreatorka-od-prilep-so-pesna-od-vesna-zmijanac-rasturi-vo-nikogash-ne-e-docna-video/ Tue, 04 Dec 2018 08:46:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61190

Во регионалните музички шоуа „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“  имаме прилика често да видиме македонските кандидати. Некои од нив првпат се појавуваат на музичката сцена во „Гранд“, а некои си го исполнија сонот. Имено, во последната емисија на „Никогаш не е доцна“, настапуваше и 57 годишната Соња Муличкоска од Прилеп.
Соња има завршено Училиште за моден креатор, а со појавувњето на музичката сцена е и исполнување на сонот. Имено, Соња настапи со песната „Да будемо ночас заједно “ од Весна Змијанац. Жирито имаше пофални зборови и за стајлингот и за пеењето на прилепчанката. Целиот настап погледнете го видеото подолу. https://www.youtube.com/watch?v=XZbsO8SznlE]]>