52 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 Feb 2021 12:31:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 52 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кајли Миног ќе се мажи: Пејачката на 52 години за прв пат ќе биде невеста (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kajli-minog-kje-se-mazi-pejachkata-na-52-godini-za-prv-pat-kje-bide-nevesta-foto/ Mon, 08 Feb 2021 12:30:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188692

Кајли Миног, 52-годишна австралиска поп-sвезда, ќе се венчаза прв пат, пренесува The Mirror. Изборот на сексапилното мињонче е 46-годишниот Пол Соломонс, креативен директор на британското издание на списанието GQ. Веста ја потврди маќеата на Соломонс, која пред новинарите изјави: „Многу сме возбудени за претстојниот настан. Пол неодамна ни раскажа за сето ова. Кајли и јас сме исклучително среќни. Нема да кажам ништо повеќе, бидејќи му ветив на Пол дека ќе останам дискретна. И, премногу го сакам за да не го одржам зборот“. Двојката започнала да се подготвува за венчавката, но местото и времето на радосниот настан засега го чуваат во тајност. Претставниците за односи со јавоноста на пејачката сè уште немаат коментар. После низа несреќни љубовни врски, вклучително и онаа со пејачот Џејсон Донован и трагично починатиот пејач Мајкл Хачинс, Кајли беше во долга романтична врска со актерот Џошуа Сас и двајцата требаше да се венчаат во 2016 година. Сепак, откако се откри дека ја изневерил,  свршувачката беше растурена.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)

Пејачката започна да се забавува со Пол Соломонс во 2018 година. Двајцата се запознаа преку заеднички пријатели. Кога започна да излегува со Пол во 2018 година, Миног се предомисли во врска со бракот. Откако се раздели со нејзиниот вереник Џошуа Сас, пејачката рече дека бракот дефинитивно не е за неа. По состанокот со Пол, таа искоментира: „Можеби е, може и да не е“. Минатата година, популарната пејачка изјави за нејзината врска: „Сретнав човек со кој се чувствувам добро“. Фото: Инстаграм принтскрин/kylieminogue]]>

Марк од „Брза кујна“ славеше роденден, ќе погодите ли колку години наполни? https://arhiva.vistina.com.mk/mark-od-brza-kujna-slaveshe-rodenden-kje-pogodite-li-kolku-godini-napolni/ Thu, 27 Aug 2020 06:58:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164884

Поради коронавирусот веќе неколку месеци се на пауза снимањата на „Брза кујна“, но тоа не ги спречува шефовите Марк и Никола да подготвуваат разни специјалити во нивните кујни. Шеф Марк често на социјалните мрежи знае да покажа што подготвил и уште еднаш да ги покаже своите кулинарски вештини. Меѓутоа, деновиве Марк имаше убав повод за славење, па бројни честитки пристигнаа на негова адреса. Имено, тој го прослави својот роденден, а на „Фесјбук“ сподели дел и од роденденската атмосфера... Но тука е и роденденската торта, како и свеќичките на неа кои откриваат дека Марк наполни 52 години. Според верувањата, пред да се дувнат свеќичките славеникот треба да си замисли желба, а дали ова правило го исполнил Марк не знаеме, но сигурно си поминал убаво и роденденски. Останува да почекаме шефовите од „Брза кујна“ со полна енергија да се вратат на ТВ екраните и повторно да подготвуваат разни јадења кои можеби и вас ќе ве инспирираат и ќе се најдат на вашата трпеза.]]>

Адријана Алачки славеше роденден сама во карантин – еве колку години наполни (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/adrijana-alachki-slaveshe-rodenden-sama-vo-karantin-eve-kolku-godini-napolni-foto/ Tue, 09 Jun 2020 07:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152902

Изминатите три месеци, многу познати во карантин имаа разни поводи за славење. Некои славеа роденден, други годишнина од брак, трети славеа раѓање на дете, но наместо забави и големи прослави, тие славеа едноставно и скромно, во кругот на семејството, а некои и сами. Адријана Алачки изминатиот викенд славеше роденден, но таа го прослави сама поради тридневниот карантин. За женски магазин таа вели дека овој е бил еден од најзабавните родендени. „Внуката, ќерка ми и зетот не можеа да ми дојдат на гости. А како да дојдат, бевме во карантин. Син ми беше заминат во викендица. Затоа, овој роденден го поминав сосема сама.  Внука ми Јана ми испеа роденденска песна и ми подари торта, но еден ден пред да започне карантинот. Со син ми се видовме на вибер“ вели Алачки. Таа опиши како изгледал нејзиниот роденденски ден. „Имав илјадници повици од целиот свет. Телефонот не престана да ѕвони цел ден. Сите судии од „Гастромак“ од сите кониненти ми се јавија. Од Москва пријателите ми снимија специјално видео, од Маурициус коктели ми правеа. Не можете да замислите колку ми беше забавно“, сподели Адријана за женски магазин. На нејзиниот „Фејсбук“ профил пристигнуваа честитки и пораки од цел свет, а таа им се заблагодари на сите за убавите мисли и желби. „Драги мои пријатели, познати и непознати, сакам да Ви се заблагодарам што ми го честитавте роденденот, кој го поминав во мојот дом, како совесен граѓанин почитувајќи ги мерките и карантинот, дури и без моето семејство. Но сите ваши повици, пораки и честитки ми го направија денот најубав, како разгледница низ животот ме водевте, како да го гледав најромантичниот филм и да ја читав најубавата книга. Никогаш досега немав таков роденден, толку полн од љубов и внимание со толку пријатели од сите континенти. Ме посетивте дека низ годините си оставивме траги на взаемни дела и почит а од таму и желба да одвоите за мене време и ми ги испратите тие илјадници пораки. Колку сум богата што Ве имам, ве љубам и ми значите. Ден пред карантинот ја добив најубавата торта од внуката Јана. Дај Боже секогаш да имаме убави нешта да споделуваме“, напиша во описот на фотографијата каде е со нејзината ќерка и внука. Инаку, Адријана наполни 52 години. Среќен роденден, да е жива и здрава.]]>

Адријана Алачки го прослави роденденот во друштво на најмилите – еве колку години наполни https://arhiva.vistina.com.mk/adrijana-alachki-go-proslavi-rodendenot-vo-drushtvo-na-najmilite-eve-kolku-godini-napolni/ Thu, 06 Jun 2019 07:39:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91500

Адријана Алачки вчера имаше убав повод да се собере со своето семејство и да прослави. Имено, водителката на „Вкусот со традицијата“ како и секоја година на истиот датум, така и оваа година го прослави својот роденден. Адријана наполни 52 години, а на нејзиниот „Фејсбук“ се нижеа честитки и убави желби од нејзините пријатели. Со роденденска честитка се пофали и самата Алачки која објави фотографија со ќерката, синот и  внуката, а во описот напиша: „Ме поканија на мојот роденден, моите Граци и Баже, а Јана ме изненади во свој стил со роденденска торта. Колку сум богата и среќна мајка...вреди да се живее...ова е сѐ на светот“, напиша Алачаки на социјалните мрежи.
Во изјава за „Женски магазин“ таа истакна дека поради работните обврски немала време да организирала роденденска забава, но за тоа се погрижиле нејзините деца. „Вчера бев работно во Охрид. И кога децата ме прашаа што сакам да правиме им реков- ништо, нема шанса, во хаос сум. Син ми Благоја и ќерката Грациела ми се јавија и ми рекоа: „Во 20 часот роденденска забава . Присуство задолжително“. И кога ќе ги доживееш овие работи ќе сфатиш колку си богат човек. Децата и внуката Јана ме враќаат во живот. Тие се мојата највредна инвестиција“, ни изјави Алачки. Алачки истакна дека е горда на своите години „Со гордост ги носам годините, искуството и зрелоста. Можам да кажам дека ова е најубаво време за мене. Сѐ што си посеал, сега собираш“ вели водителката за Женски магазин.]]>

Почина уште еден млад познат српски глумец (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-ushte-eden-mlad-poznat-srpski-glumec-foto/ Tue, 23 Apr 2019 12:16:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84642

Познатиот српски актер Игор Первиќ почина на 52-годишна возраст. Тој бил најден мртов  во својот стан утрово. Оваа вест беше потврдена од неговата поранешна девојка Јована Петровиќ, која објави заедничка фотографија на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
"Мојата љубов", напишала кратко над заедничка фотографија. На социјалните мрежи, неговите колеги, пријателите и обожавателите, почнаа да се простуваат од актерот.
Игор играл во многу филмови како "Црниот бомбардер", "Лаење на ѕвездите", "Буре барут", познатите серии "Сивиот дом" "Раненик", "Вук Караџиќ", „Ургентен центар“... За првпат се појавил на јавната сцена со само 7 години.
Роден е во Белград на 29 октомври 1967 година, а самиот јавно признал раскажувајќи ја својата исповед како почнал да зема дрога.
Долго време се борел со зависноста за на крајот сепак да успее да се извлече од канџите на ова зло, но...!]]>

Концерт по повод 52 години од основањето на ФМУ – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-po-povod-52-godini-od-osnovanjeto-na-fmu-skopje/ Tue, 04 Dec 2018 09:08:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61224

Факултетот за музичка уметност во Скопје оваа година одбележува 52 години од своето постоење. „За овој период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3.000 студенти, меѓу кои видни композитори, научници, интерпретатори, педагози, новинари и балетски уметници кои работат во државава и надвор од неа постигнувајќи забележителни успеси во своите области. На ФМУ предаваа и денес предаваат уметници и научници чии имиња се добро ѝ познати на македонската и светската музичка, балетска и културна јавност. Повеќето наставници на ФМУ своите дипломи за завршено високо образование и за повисоките научни и уметнички степени ги стекнале токму на оваа институција“, соопштуваат оттаму.
Годишнината од основањето Факултетот за музичка уметност традиционално го одбележува со целовечерен концерт на својот најголем ансамбл, Симфонискиот оркестар, сочинет од студентите на додипломски и постдипломски студии, стои во соопштението на Факултетот за музичка уметност, каде што се додава дека по повод одбележувањето 52 години постоење концертот ќе се одржи в среда, 5 декември 2018 година во 20 часот, а влезот е слободен.]]>