50 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Nov 2023 10:23:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 50 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Николина Пишек има 50 години и младешки изглед, а еве како ја одржува витката линија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nikolina-pishek-ima-50-godini-i-mladeshki-izgled-a-eve-kako-ja-odrzhuva-vitkata-linija-foto/ Tue, 14 Nov 2023 10:23:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326812

Водителката Николина Пишек важи за една од најубавите жени на овие простори, а сега откри како го одржува виткото тело. Иако има 50 години, според многумина изгледа многу помладо. Како што истакнува водителката, таа го прескокнува појадокот и не јаде месо.   „Јадам малку нередовно“, вели водителката која открива дека не појадува, не јаде месо, туку зема колаген и јаде многу зеленчук. „Ми помага наизменичното постење - јадам 6 до 8 часа на ден, остатокот постам. Пијам многу течности за да ја стимулирам лимфата. „Кога ќе ме прашаат дали нешто јадам и што јадам? Секако дека јадам, дури и доста. Еве пример за лесен и вкусен оброк. Тенок омлет, со фил од сирење и спанаќ и салата од барбули како прилог“ – откри  еднаш Николина. Таа редовно вежба, иако вели дека во последните две години малку се опуштила поради низа настани. За Николина неодамна на големо се зборуваше поради луксузното крстарење на кое беше. Таа потоа замина на море, како дел од пловењето на луксузен брод, а деталите ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи во низа објави. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Николина Пишек]]>

Северина ги покажа градите на 50 години: Пејачката замина на Малдиви и го покажа нејзиното деколте (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/severina-gi-pokazha-gradite-na-50-godini-pejachkata-zamina-na-maldivi-i-go-pokazha-nejzinoto-dekolte-foto/ Wed, 22 Feb 2023 11:18:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290045

Фолк-пејачката Северина Вучковиќ годинава полни 51 година, но не се откажува од соблекување и покажување на своето тело кое, мора да се признае, е во топ форма. Иако никој не би ѝ ги дал годините што ги има, а Севе тоа добро го знае бидејќи и понатаму ужива да се облекува провокативно. Овој пат таа објави неколку селфи фотографии кои сите се фокусирани на нејзините гради. Севе ги уредувала фотографиите минимално, односно само ги „испеглала“ брчките на нив, а потоа ја израдувала машката популација.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Severina (@severina)

Пејачката со синот и менаџерот Томислав Петровиќ заминала на Малдиви да го прослави нивниот роденден, а колку таа ужива докажуваат овие нови фотографии. Шарените костими за капење максимално го откриваат деколтето на Северина со кое што таа се гордее. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Северина]]>

На Софија Вергара годините ништо не и можат: Зачекори во 6-та деценија, а уште ја сакаат (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-sofija-vergara-godinite-nishto-ne-i-mozat-zachekori-vo-6-ta-decenija-a-ushte-ja-sakaat-foto/ Fri, 02 Sep 2022 06:39:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265116

Софија Вергара има 50 години, а сè уште важи за најатрактивната жена на светот. Со својата бујна биста привлекува внимание каде и да се појави. Атрактивната актерка Софија Вергара е член на жирито на Американскиот суперталент, каде гледачите имаат можност да ја видат во различни изданија. Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели предизвикувачка фотографија која ја направила во споменатата емисија. Имено, таа носеше впечатлив тесен портокалов фустан, кој ја истакнува нејзината бујна биста и облините. Портокаловата боја на фустанот направи одличен контраст со нејзиното исончано тело, што ја направи уште попривлечна. Жешката комбинација ја зачини со големи обетки со интересни детали, додека косата ја навлече во опавче. Додека усните ги истакна со светло црвен кармин. Инаку, Вергара зачекори во 6-та деценија, а на 50 години изгледа извонредно. Таа е позната и како една од најсексапилните жени на светот, а овој пат уште еднаш ја оправда таа титула. Нејзините следбеници секогаш се воодушевени од фотографиите што ги додава и често ја споредуваат со божица. Она што е многу впечатливо кај неа се нејзините бујни гради кои баш и не и се допаѓаат.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

"Тие се навистина големи и понекогаш поради тоа изгледам како проститутка. Што да правам, ги наследив од мајка ми", рекла еднаш актерката. Фото:Принтскрин/Инстаграм/sofiavergara/Профимедиа]]>

Нина Бадриќ се соблече во костим за капење и ги распамети сите – долгите нозе во преден план (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nina-badrikj-se-sobleche-vo-kostim-za-kapenje-i-gi-raspameti-site-dolgite-noze-vo-preden-plan-foto/ Fri, 05 Aug 2022 07:37:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261574

Пејачката Нина Бадриќ направи мала пауза во Црна Гора каде во моментов ужива на плажа пред настап, а моментите ги сподели на социјалните мрежи. Таа се фотографирала во костим за капење, а ја истакна витката линија и воодушеви многумина, бидејќи наполни 50 години. – Кралица – напиша нејзината пријателка и колешка Јелена Розга, под фотографијата на која позира на карпа. Нина избрала шарен едноделен костим, кој го усогласила со тренди очила за сонце, а во преден план се нејзините затегнати нозе. „Вистински естрадни нозе“, „Убавица моја“, „Како сирена“, беа само дел од коментарите на сметката на Нина. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Нина Бадриќ  ]]>

Со „Норма“ се отвораат јубилејните 50. Мајски оперски вечери https://arhiva.vistina.com.mk/so-norma-se-otvoraat-jubilejnite-50-majski-operski-vecheri/ Mon, 09 May 2022 11:34:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249471

Со премиерна изведба на операта „Норма“ од Винченцо Белини, вечерва, 9 мај 2022 година на сцената на Националната опера и балет ќе започне овогодишното 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Празникот на Операта со традиција за почит и годинава ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе биде репризирана и на 11 мај, на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално музичко-сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди. Директорот на НОБ, Васо Ристов, на прес-конференцијата по повод 50-те МОВ, истакна дека изминатите пет децении македонската културна сцена благодарение на оваа престижната манифестација, активно го живее месецот мај како центар на музичко-сценски случувања, претставувајќи платформа на која се презентираат современите музички вредности со настап на домашни и странски музички уметници.
Со изминувањето на годините, се повеќе и посигурно МОВ ги оставруваат проектираните цели и ја оправдуваат потребата за нивното постоење и одржување етаблирајќи се како ценета, престижна и меѓународно етаблирана музичко-сценска манифестација. И после двегодишната пандемија, НОБ успеа да го задржи својот континуитет и квалитете со оглед на предизвиците кои ги носат светската екононска, енергетска енергетската и безбедносната криза, рече Ристов.
Уметничкиот раководител на Операта, Дејан Прошев нагласи дека за големиот јубилеј на оперскиот фестивал, се одлучиле отворањето на манифестацијата да биде со операта „Норма“, бидејќи годинава се одбележуваат 30 години од нејзината прва изведба во земјава, а последен пат на МОВ била изведена 1996 година.
Во „Норма“ настапува екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои по традиција ги отвораме вечерите, рече Прошев.
Диригент на претставата е Енрико Довико од Италија, а режисер е Ренато Бонајуто, кој се зблагодари за, како што рече, доделената одговорност и чест да го отвори 50-то издание на Мајските оперски вечери, со македонските уметници со голем потенцијал. Во Операта настапуваат и првенките на НОБ, Благица Поптомова, која ќе ја изведе насловната улога, Сандра Митровска во улогата на Адалџи и Ѓорѓи Цуцковски како Полионе, кои на прес-конференцијата изразија задоволство што ќе бидат дел од отворањето на МОВ и предизвикот да настапат во една ваква добра продукција, вклучувајчи ја сценографијата и костимите. Дел од артистичката екипа се и Иван Томашев од Србија, кој ќе ја донесе улогата на Оровезо, Марика Поповиќ во улогата на Клотилде, како Флавио ќе настапи Дејан Стоев, а децата се Василиј и Стефан Дашиќ. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Сценографијата е на Флавио Арбети од Италија, кој е и автор на костимите во коавторство со Марија Пупучевска. Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе биде промовирана и монографија за манифестацијата како културен симбол на нашето општество, чиј автор е Александар Трајковски, а рецензент е Фимчо Муратовски, диригентот на операта „Цар Самоил“, првата претстава со која биле отворени Мајските оперски вечери во далечната 1972 година.]]>

50 години МКЦ со концерт на Влатко Стефановски Трио https://arhiva.vistina.com.mk/50-godini-mkc-so-koncert-na-vlatko-stefanovski-trio/ Thu, 07 Apr 2022 12:26:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245661

По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт, во рамки на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински културен центар, во организација на Баги Комуникации и МКЦ. Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости. Концертите се закажани на 9-ти април, со почеток во 20 часот во сала 25 мај. Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982, заедно со групата „Леб и сол“ а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа установа. Влатко Стефановски Трио го сочинуваат и Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара, трио кое последниве години е доста активно и настапува речиси низ целиот свет. Спојот на искуството и младоста во ова трио се чини дека беше пресудно за одлична синергија и за огромен успех на сите настапи. Влезниците за концертот се пуштени во продажба на билетарницата на МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Настанот ќе биде организиран со почитување на важечките ковид-протокли, соопштија организаторите.]]>

Изложби, проекции и дискусии: „50 години македонски анимиран филм“ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozbi-proekcii-i-diskusii-50-godini-makedonski-animiran-film/ Mon, 08 Nov 2021 13:29:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226436

Изложби, проекции и дискусии се најавени од 10 ноември, кога во МКЦ се одбележува настанот „50 години македонски анимиран филм“. Отворањето е закажано за среда во 20 часот со проекција на „Ембрио № M“ – првиот македонски анимиран филм. Истовремено, ќе бидат отворени изложби во двете галерии на МКЦ „Македонски анимиран филм 1971 – 1991 и „Сцената денес“. Се работи за изложби на оригинални артефакти од анимираните филмови што ќе траат до 22 ноември.
Во среда, 10 ноември со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе започне настанот „50 години македонски анимиран филм“. Одбележувањето на јубилејот ќе опфати изложба на артефакти од „златното доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), како и изложба на артефакти од актуелните автори на анимиран филм кои ја сочинуваат сцената денес. Освен изложба, предвидени се дискусии со авторите од „златното доба“ и сцената денес, проекции на филмови, како и презентација на публикацијата „Македонскиот анимиран филм 1971-1991“ која е резултат на истражувачката работа на Иван Ивановски и Слободан Јаќоски. Оваа година се навршуваат точно 50-тина години од „Ембрио №. M“ на Петар Глигоровски, првиот македонски анимиран филм. Глигоровски, заедно со Дарко Марковиќ и Боро Пејчинов и уште шест автори се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години – создавајќи извонредни филмови кои учествуваа и добија значајни признанија на големи светски фестивали, вклучувајќи и „Сребрена мечка“ на Меѓународниот фестивал во Берлин. По „златната доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), настапува извесен дисконтинуитет со целосно редуцирана продукција и индивидуални пробиви. Пред околу 10-тина години, новите технологии за дигитална продукција придонесуваат за постепено создавање на нова сцена на автори на македонски анимиран филм и повторно етаблирање на македонскиот анимиран филм на европските и светските фестивали. Организацијата на овој настан е на Друштвото на филмските работници на Mакедонија во партнерство со Кинотеката на Македонија, Вардар Филм и Младинскиот културен центар, со поддршка на Агенција за филм на Република Македонија, Министерството за Култура и Град Скопје, соопштуваат од ДФРМ. Во четврток, 11 ноември, од 19 часот во киното „Фросина“ е најавена дискусија „Македонски анимиран филм 1971 – 1991“ (разговор за истражувачкиот проект и истомената публикацијата. Од 20 часот ќе има проекција на следните филмови од 1971 до 1991 година: Стрелби – Дарко Марковиќ Феникс – Петар Глигоровски Тоа е мојот живот – Боро Пејчинов Хомо екраникус – Делчо Михајлов Парабола – Мирослав Грчев Демагог – Славољуб Игњатовиќ Чистач – Милутин Рогановиќ (Нај) Тешкото – Афродита Марковиќ Петок, 12 ноември, кино Фросина, ќе има дискусија „За сцената денес“, односно за предизвиците на денешните автори на анимираниот филм. Најавени проекции: One of many – Вук Митевски Кружно патување на монахот – Жарко Иванов Народен фронт 12 – Иван Ивановски Човекот што не сакаше да умре – Гоце Цветановски Готлиб – Крсте Господиновски Карантин – Иван Андреевски Живот во меур – Никола и Девојката што паѓа – Владимир Лукаш
]]>

Наталија од „Trik FX“ во петатта деценија од животот изгледа како милион долари во бикини (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/natalija-od-trik-fx-vo-petatta-decenija-od-zivotot-izgleda-kako-milion-dolari-vo-bikini-foto/ Fri, 09 Jul 2021 10:24:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210442

Летото и летните одмори се полн ек, а познатите веќе од мај месец ја отворија летната сезона за да уживаат некаде. Некои се разголија повеќе, некои помалку, а на многумина повозрасни дами од јавната сцена многумина може да им позавидат на витката линија. Овој пат пејачката Наталија Ибраимов или позната како Наталија Трик ФХ на која позира во костим за капење. Инаку, Наталија има 50 години и веќе со години се занимава со танц, па благодарение на тоа и балансирана исхрана има одлична витка фигура. фото: дамир дервишагиќ/принтскрин/инстаграм]]>

Камелија и на 50 години е кралица на провокацијата: Бугарската пејачка ја сподели страста преку жешка фотографија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kamelija-i-na-50-godini-e-kralica-na-provokacijata-bugarskata-pejachka-ja-spodeli-strasta-preku-zeshka-fotografija-foto/ Mon, 08 Feb 2021 12:49:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188712

Бугарската пејачка Камелија дефинитивно знае да како да ја заинтригира јавноста и да го задржи вниманието на себе. Кралицата на провокацијата не и подлежи на возраста, па иако веќе има 50 години, таа продолжува да се соблекува и го радува машкото око. Пејачката  во оваа зимска атмосфера реши да ги загрее машките срца со врел кадар, позирајќи само по боди. За страста да биде поголема, Камелија малку го погризнала јазикот, потсетувајќи на сцени што сме ги виделе во филмовите за возрасни. Коментарите ја преплавија фотографијатаведнаш по објавувањето, а фантазијата на нејзините следбеници се покажа како баеги бујна. Повеќето беа иронично „загрижени“ за здравјето на пејачката, бидејќи таа е многу гола, а надвор е студено. „Не треба да се шетате така по ова студено време. Најдете некој да ве прегрне. Јас исто така можам да се жртвувам“, гласи една од понудите кон пејачката. Пред половина месец русокосата фолкерка наполни 50 години и е една од ретките што не ја кријат својата возраст. Сепак, на еден од секс симболите на Бугарија тешко можете да кажете дека влегла во шестатат деценија, а засега  ниту една колешка не може да ја истурка од врвот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kamelia (@kamelia_official)

Извор: Блиц.бг Фото: Инстаграм принтскрин/kamelia_official]]>

МКЦ со повик за испраќање лични приказни по повод 50 години од постоењето https://arhiva.vistina.com.mk/mkc-so-povik-za-isprakjanje-lichni-prikazni-po-povod-50-godini-od-postoenjeto/ Thu, 14 Jan 2021 14:06:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185265

ЈУ Младински културен центар објавува специјален повик во кој ја повикува пошироката јавност, сите минати и сегашни, блиски или далечни соработници на институцијата и сите поединци што имаат лична или туѓа приказна поврзана со МКЦ да ја раскажат преку писмо насловено како „Драг МКЦ“ и да ја испратат до адресата на институцијата. МКЦ во 2022 година одбележува 50 години од своето основање, каде што покрај мноштвото настани планирани за јубилејот, истиот ќе се одбележи и со издавање Монографија во која ќе се најдат и дел од овие раскажани приказни.
„Токму овие спомени се единствените вредни да останат запаметени и запишани, токму онака како што публиката го доживувала МКЦ низ текот на годините. „Драг МКЦ“ е активност која на интимен, вистински начин ќе ја раскаже приказната за МКЦ, за која очекуваме масовен одзив од јавноста“ - велат од МКЦ.
Писмата може да се испраќаат во текот на цела 2021 година до поштенската адреса на МКЦ, по електронска пошта; да се достават лично до МКЦ или пак преку пораки на профилите на МКЦ на социјалните мрежи. Приказните може да се лични или туѓи, анонимни или потпишани, во кој било формат што испраќачот смета дека е соодветен за нивно прераскажување. Адресите за испраќање се ЈУ МКЦ Скопје, адреса Кеј Димитар Влахов 15 или [email protected] како и поштенските сандачиња на нашите профили на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и Твитер.]]>