50 евра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Aug 2021 08:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 50 евра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Македонијо златна… јака ти душа“: Игор Џамбазов ја разреши или само одново ја загатна дилемата, до државата ли е или до народот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonijo-zlatna-jaka-ti-dusha-igor-dzambazov-ja-razreshi-ili-samo-odnovo-ja-zagatna-dilemata-do-drzavata-li-e-ili-do-narodot-foto/ Tue, 31 Aug 2021 08:47:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217336

„Каков народ - таква држава“ - вели една позната поговорка, ама дали е баш така, никој не е до крај сигурен во кажаното?! Точно е дека власта си ја бира народот, ама кај нас мора да има некој скриен парадокс, некоја латентна фалинка, штом 30 години вака ни оди како што ни оди со државата, а еден куп власти и владеачки коалиции и се „изнаредија“ на нашава кутра Македонија! Ќе го реши ли проблемот генерален „мастер ресет“ на системот или грешката е во генетскиот код на народот? Прашање или поточно дилема на која никој не може точно да одговори. Најдобар доказ за тоа се и последните примери со новите мерки за ковид пандемијата. Вакцинација, па вакцинација, сертификат и за влез во нужник на првото кафуле ти бараат, ако не дај Боже те спотера среде град, бидејќи јавни тоалети - нема, а за пиење кафе без да покажеш дека си „боцнат“ барем еднаш и муабет да не праиме?! Арно ама, народот е „жив ѓаол“ и не можеш баш така да го правиш „будала“, зашто ионаке веќе доволно „збудален“ од се' што му се случува по сите основи, на сите полиња. Патем, кај нас како што е познато се фалсификуиваат лични карти и пасоши, па за сертификат за вакцинација збор не станува... Само ти посакај. Се разбира на црно, за 50 евренца! Ова ионака е јавна тајна, па јавно го обзнани и нашиот шоумен Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил. Со тоа ја разреши или само одново ја загатна дилемата, до државата ли е или до народот? Или ќе да е до двете? Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/pansionprespav  ]]>