5+ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 07:54:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 5+ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Владо Јаневски е на 5% популарност: На останатите 95% или не им е симпатичен, воопшто не ги интересира или им е одвратен!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-e-na-5-popularnost-na-ostanatite-95-ili-ne-im-e-simpatichen-voopshto-ne-gi-interesira-ili-im-e-odvraten-foto/ Thu, 16 Nov 2023 07:52:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327143

Не е спорно дека Владо Јаневски е и ќе остане запишан во антологијата на македонската забавна и поп музика како една од најголемите естрадни ѕвезди. Пејач со харизма и пред се'  магија во стиховите кои ги пишува за своите песни,  кои на волшебен начин допираат и ги милуваат срцата на вљубените, а како мелем на лута рана ги лечат душите на разочараните и оставените. Едноставно „чаирскиот романтичар“ и покрај сите муабети со или без основа за неговите наводни „позајмици“ од разни веќе објавени извори е неприкосновен во тој домен, зашто само тој може така да ги спакува зборовите кои знаат да ги разгалат емоциите дури и на оние најцврстите. Кога на сето тоа ќе се додадат сите оние музички ноти преточени во хитови кои самиот тој или некои други автори му ги напишаа во кариерата (Р. Саздов, Г. Копров... итн.), излегува дека Владо Јаневски нема кој не го сака. Особено претставничките на понежниот пол за кои и најмногу пее или барем најмногу се пронаоѓаат во неговите песни и стихови. Од старо до младо, од баби и мајки, до ќерки и внуки сите неизмерно го обожаваат пејачот за сите генерации. И според многумина можеби тоа е така, а можеби и не е...? Како навистина стојат работите, најдобро знае самиот тој, зашто оној кој илјадници го сакаат и следат, му се поклонуваат и приклонуваат, многу е веројатно дека исто толку и не го сакаат, негираат, мразат, плукаат... Или барем за него им е сеедно! Владо пред еден од своите претстоечки концерти најдобро ја опишал целата ситуација кога е во прашање популарноста и тоа токму онака како што тој самиот  ја чувствува сиве овие „златни години“ од текот на целата негова кариера. Претерал или бил апсолутно реален во оценката, е прашање кој колку му верува, но сепак... Дури и да не е така, во секоја кажана реченица, има барем половина вистина, па веројатно така и во ова негово отворање на душата во едно од неговите последни интервјуа, во кое „гевгелискиот чаирчанец“ раскажуваше за оној „невидлив конец“ со кој во срцата се поврзани тој и неговата верна „5 отстотна“ публика... Фото: Инстаграм/vladojanevskiofficial        ]]>

Длабоки деколтеа, бујни предници, долги нозе, мини фустанчиња и распеани „секси мачиња“… Пејачки за 5 плус, а естрадата во минус!! https://arhiva.vistina.com.mk/dlaboki-dekoltea-bujni-prednici-dolgi-noze-mini-fustanchinja-i-raspeani-seksi-machinja-pejachki-za-5-plus-a-estradata-vo-minus/ Tue, 05 Dec 2017 08:58:29 +0000 http://vistina.mk/?p=5655

По фолк фестивалот Роса 2017 и снимањето на новогодишната програма за ИН продукција покажува дека и ние имаме естрада... И тоа за плус! Барем кога е фолкот во прашање. Песните ништо полоши од оние кои доаѓаат од северниот сосед, пејачите и пејачките ништо помалку згодни и дотерани... особено пејачките.
Убавината и сексапилот  - на завидно ниво! Нималку не ни недостасуваат! Длабоки деколтеа, бујни предници и задници, долги нозе, мини фустанчиња, распеани „секси мачиња“... Атрибути кои ја будат фантазијата, ги разгоруваат мечтите, желбите, копнежите...
Сето тоа надополнето со еротски секси движења и танци и песни кои го параат срцето и... кажете дека после ѕвездите од македонската естрада не ги бива?!
Елена Велевска, Сузана Гавазова, Татијана Стефановска, Даниела Темелковска, Адријана Кеш... која од која постројна, позгодна, подотерана, пораспена, посекси...
Тогаш што е она што и недостасува на македонската естѕрада да биде популарна и слушана колку и комшиската? Особено онаа што доаѓа од кај северниот сосед?
Зошто по Велевска, Гавазова, Стефановска, Кеш... и останатите не „сечат вени“ како што „сечат“ по Цеца, Рада, Милица, Карлеуша...?
Одговорот е многу едноставен: Ние ги немаме Гранд и Пинк, ниту како продукции, ниту како телевизии. Она што го имаме, не отру со турски серии и политика... А, она што малку се нуди од музика е повторно од... Гранд и Пинк!
]]>