5 токсични фрази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Dec 2021 13:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 5 токсични фрази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 5 токсични фрази кои луѓето во врска ги кажуваат без да бидат свесни за нивното значење https://arhiva.vistina.com.mk/5-toksichni-frazi-koi-lugjeto-vo-vrska-gi-kazuvaat-bez-da-bidat-svesni-za-nivnoto-znachenje/ Tue, 07 Dec 2021 14:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230373

Кога станува збор за луѓе со кои имаме блиски односи, понекогаш се случува да кажеме нешто без да размислиме за последиците. Важно е да се има на ум дека без разлика на фактот колку сме блиски со партнерот, нашите зборови можат да бидат погрешно протолкувани. Во продолжение прочитајте кои се најчестите случаи на токсични фрази што партнерите си ги кажуваат еден на друг без да го сфатат нивниот ефект.

1. „Не е голема работа.“ или „Ќе го преболиш тоа.“

Фразите од таков тип се навидум добронамерни затоа што му помагате на партнерот да ги држи работите под контрола и објективно да гледа на нештата. Сепак, партнерот може да се почувствува навредено доколку се работи за некаква стресна ситуација, а вие се однесувате небрежно спрема истата. Доколку навистина сакате да му помогнете на партнерот и да му покажете дека се грижите за него, можете да се обидете со зборовите од типот: „Знам дека ти е тешко. Заеднички ќе го решиме проблемот.“

2. „Ист си како татко ти/ иста си како мајка ти.“

Иако вашиот партнер се однесувал како наведената личност во дадена ситуација, сепак тоа не е изговор за ваквата навреда. На овој начин само ги злоупотребувате работите што ги споделил со вас партнерот, а се однесуваат на неговото семејство. Згора на тоа, таквите коментари можат лесно да избувнат во конфликти затоа што преку нив го потсетувате партнерот за особините на неговиот родител кои не му се допаѓаат. Наместо тоа, можете отворено да споделите со партнерот што е тоа што ви пречи кај него и заеднички да пронајдете начин да поработите на тоа.

3. „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“

Овој вид коментар е често присутен во моментите на фрустрација. Кога погрешно го карактеризирате партнерот со овие зборови, единствениот ефект што ќе го постигнете е тоа што партнерот ќе игнорира сè што ќе кажете потоа. Потребен е друг пристап доколку сакате продуктивен разговор. Затоа, подобро би било да бидете конкретни во врска со што е тоа што ве мачи во однесувањето на партнерот. Обидете се во ваквите ситуации да ги избирате зборовите на начин што нема да изгледа како покажување со прст кон некого. Само така луѓето ќе ве слушаат и ќе се обидат да ги задоволат вашите потреби.

4. „Погрешно го правиш тоа. Зошто не го правиш тоа на мој начин?“

Знаеме дека кога вашиот партнер ќе направи нешто на „погрешен начин“ или поинаку од вас, може да ви делува фрустрирачки. Таквиот коментар може да доведе до тоа партнерот да се почувствува потценето. Следниот пат можете да се обидете со: „Изгледа дека тешко ти оди. Имам идеја која може да ти помогне, сакаш да ја слушнеш?“

5. „Готово е!“

Изјавите од типот „Готово е!“, „Сакам развод!“ или „Те мразам!“ можат значително да ги нарушат односите иако во моментот не сте свесни за тоа. Нормално е да чувствувате лутина кон партнерот, но морате да внимавате што ќе изговорите. Подобро е првин да се смирите, а потоа мирно да поразговарате за тоа што не функционира во вашата врска. извор: Кафепауза.мк]]>