5 фм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 21 Feb 2021 10:31:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 5 фм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Велешкото Радио 5 ФМ слави 20 години постоење https://arhiva.vistina.com.mk/veleshkoto-radio-5-fm-slavi-20-godini-postoenje/ Sat, 20 Feb 2021 21:31:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190688

Велешкото Радио 5 ФМ слави јубилеј, 20 години од постоењето. Во овие две децении, Радио 5 ФМ се наметна како сериозен медиум, музички лидер во етерот, но и радио преку кое велешани се информираат за најновите локални настани, пренесува Батали.нет. Низ радиото во овие 20 години продефилираа бројни новинарски и водителски имиња, кои оставија траен белег во развојот на медиумот. Радио 5 ФМ беше организатор на две изданија на ФМ Талент, музичко радиско шоу, кое исфрли неколку музички имиња на македонската естрада, како што се Валери, Мими Јовановска, Стефани Алчева, Александар Темелков, Тони Андреев и други. Во моментов радиото е актуелно со видео поткастите на DJ Masterhip, кој секој викенд има свое музичко шоу, следено од бројни фанови. На 20.02.2001 година Радио 5 ФМ ја доби лиценцата за работа и оттогаш официјално почна да зрачи во етерот на 107,1 MHz на ФМ скалата. Тоа е формирано откако се споија две радија во едно, тогашното 5 ФМ и Радио Мерак, па првите неколку години радиото се викаше Радио Мерак 5 ФМ, по што, поради стилот на музика кој одбра да го емитува, се ребрендираше во Радио 5 ФМ.]]>