43 роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Jan 2024 08:13:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 43 роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Бејби му дојде на роденден на Тоше дома во неговата родна куќа во Крушево: „Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-mu-dojde-na-rodenden-na-toshe-doma-vo-negovata-rodna-kuka-vo-krushevo-od-sekade-greesh-od-sekoe-koshe-shepkash-neshto-kako-shto-znaeshe-samo-ti-video/ Fri, 26 Jan 2024 08:12:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336345

Регионот, Македонија, неговото родно Крушево... го одбележаа неговиот единствен датум, како што знаат да кажат неговите фанови, денот на неговото раѓање. Зашто Тоше Проески е бесмртен, вечен во спомените, сеќавањата, песните, со својот лик и дела вткаен во историјата... За едни легенда, за други ангел, за трети божество, икона... За сите - незаборав! И колку да е тагата голема што млад замина, предвреме, онака шокантно, колку да е тешко што повеќе физички не е меѓу нас, Тоше секогаш ќе остане во сите нас. Затоа и вчера, 25 јануари 2024 година не заборавивме да се потсетиме на денот на неговото раѓање. И колку секој негов роденден како и овој 43-от да е тажен, сите не држи чувството дека сепак македонскиот музички ангел е бесмртен! Затоа многумина се потрудија да се сетат на него, да го одбележат неговиот роденден на најразлични начини, но само една позната дама тоа го стори поинаку од сите други. Додека многумина го посетуваа неговиото вечно почивалиште, неговиот вечен дом на Гумење, македонската актерка и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска, неговата вечна пријателка, другарка, „сестра од друга мајка“ собра храброст да му дојде на  роденден на Тоше дома во Крушево, во неговата родна куќа. Со подарок  в рака во вид на дрвена кутија со шише вино на кое е отпечатена етикета со една од неговите изустени мисли, икебана од свежо цвеќе, заедничка фотографија и полна душа спомени! А таму, во неговиот дом на денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта. И годинава е така. И повторно на тортата покрај стои негова фотографија, испишана емотивна порака: „Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ТИ“ - пишува на тортата на која горат запалени свеќичките со роденденската бројка 43... Само што и овој пат нема кој да ги дувне, да ги изгаси. А, вечната светлина како кандилце гори и во душите на сите, особено на оние кои му беа многу блиски како Весна Бејби. Затоа и нејзините испишани зборови се повеќе од емотивни, срцепарателни, тешко подносливи, ама... тоа е реалноста! Сурова, од која нема бегање. Има само вечна љубов и спомени, незаборав, сеќавање... на она што беше Тоше. Беше и остана и откако замина... Иако неговото присуство постојано се чувствува. Особено дома. „Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот.Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина. Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов. Се' мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке се' уште ја прави најубата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки, исти. Однесов за тебе за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад. Сега срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели : '17та тераме'! На влезот има една огромна фотографија со тебе и Дори. Таму сте најубави. Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење. Денес е денот на твоето раѓање. 43... Те сакам до небото и назад“ - споделила Весна Бејби Петрушевска во својата роденденска посвета или поточно беседа за ангелот.
Фото: Фејсбук/Инстаграм/vesnapetrushevska
]]>

Тоше има само датум на раѓање: Музичкиот ангел денес ќе го славеше 43-от роденден https://arhiva.vistina.com.mk/toshe-ima-samo-datum-na-ragane-muzichkiot-angel-denes-ke-go-slaveshe-43-ot-rodenden/ Thu, 25 Jan 2024 08:03:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336154

Да беше жив, денес ќе го славеше 43-от роденден.  Веројатно со голема роденденска торта... Но, колку и да е голема од неа за секој негов обожавател дали едвај ќе имаше по еден атом, а камо ли парче од колачот. Зашто обожавателите и почитувачите негови и на неговите песни и хумани дела ги има многу повеќе од атомите во парчето торта. Како и да е, тие не го заборавија. Можеби не можат со него да бидат физички, но затоа утехата ја најдоа во сплотеноста со неговите песни, неговиот ангелски глас... Вредност која не бледее. Како и сите хумани дела кои ги направи и ги остави зад себе! Затоа врската меѓу него и неговите „верници“  е а на ниво на верба во светец, во божество! „Армијата“, онаа неговата, се’ уште го следи, слави и чествува... А, во исто време жали и тагува што го нема. А сепак го има! Секој(а) од нив поединечно... И го чува само за себе!  Кој во мислите, кој во срцето, во душата, во спомените, во песните... Ама не го забораваат! И се’ уште го сакаат! Затоа и го слават неговиот роденден! И тие и оние и овие... Сите ние! На денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта. Неговата омилена торта со вишни која сестра му Дори умее да му ја подготви. Но, ќе нема кој да ги дувне свеќичките со бројки. Ќе осамнат само воздишки, а ќе горат мноштвото запалени свеќи на неговото вечно почивалиште, како светилник на бесмртноста на ангелот од Крушево!  Велат, ангелите не умираат... Веројатно! А,  дали стареат, дали созреваат...? Само Бог знае. И најдобро е да остане така! Како што е најдобро таков, каков што го паметиме да остане и тој во нашите срца... Тој, нашиот ангел, нашиот Тоше! Вечно млад, убав, добар, ведар и насмеан... Со полни усни песна, хуманост, добрина и љубов за сите... Зашто сите и ги сакаше, а сите го сакаа и него! Тогаш, сега, засекогаш...! Тоше - денес 43, само како симболична бројка. Во суштина - бесконечност, вечност... Зашто Тоше има само датум на раѓање! Фото: Facebook/Dora Proeska/ YouТube принтскрин]]>

Со песните на Тоше, сеќавања и манифестации, Крушево ќе го одбележи неговиот 43. роденден https://arhiva.vistina.com.mk/so-pesnite-na-toshe-sekavana-i-manifestatsii-krushevo-ke-go-odbelezhi-negoviot-43-rodenden/ Wed, 24 Jan 2024 13:16:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336132

Спомен-домот на Тоше Проески на Гумење во Крушево, со повеќе манифестации утре ќе потсети на роденденот на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески. Да беше жив, Тоше ќе наполнеше 43 години. – Во програмата со различни настани, ќе се обидеме да ги доловиме сите нишки од неговиот карактер и неговата душа. Денот, 25 јануари е врежан во срцата на сите нас, кои го сакаме Тоше, ја слушаме неговата безвременска музика и со насмевка, но и со тага во очите ги гледаме неговите фотографии, неговите награди, неговата облека и личните предмети кои се наоѓаат во неговиот дом – спомен куќата на Гумење во Крушево. Во 1981 година, на 25 јануари, се роди нашиот музички ангел, вели Лефкија Гажоска, директорка на спомен домот „Тодор Проески“ во Крушево. Денот, роденденот на Тоше и сеќавањето за него и неговото дело утре почнува со хуманитарна крводаристелска акција која ќе трае до 16 часот во просториите на Спомен куќата, а во организација на Црвениот Крст од Крушево. Во 11 часот и 15 минути, времето на неговото раѓање, присутните, претставници од институции и поддржувачите на Тоше, најавени дека ќе ги има од многу места, ќе положат букет свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, на Гумење. Во 12 часот во Спомен-домот ќе биде отворена хуманитарно-продажната ликовна изложба со наслов „Срце није камен“ на стилистот и уметничка душа Светлана Зуламоска. Нејзините дела со ликот на Тоше и пригоден текст, се насликани на камени плочи со акрилни бои, а целта на изложбата е собраните средства од продажбата на овие уникатни и оригинални ликовни изблици, да се донираат за лекување и терапија на малиот Војдан Спасовски. Дека Тоше е инспирација за младите уметници, ќе потврди и промоцијата на музички и видеоспот на Јана Мрческа, на рефрени на Тошеви песни. Јана, е родум од Прилеп, ученик во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и, иако не била родена во времето кога Тоше го достигна зенитот на својата музичка кариера, неговите песни се нејзина инспирација за самостојни проекти. – Утре од 13 часот ќе се одржи веќе традиционалниот музички перформанс „Ангел си ти“. Македонската вокалистка Ивона ЈО во придружба на нејзиниот бенд В2В, ќе исполни десетина нумери од богатата музичка ризница на Тоше. Во неговиот спомен дом ќе одекнат: „Тајно моја“, „Срце није камен“, „Ангел си ти“, – рефрени и текст кој сè уште ги пееме со радост и низ солзи, објаснува Гажоска. Фановите на Тоше низ Балканот ќе имаат можност преку телевизискиот канал Прва ТВ, да го проследат документарниот филм кој авторката Катарина Миловановиќ го сними во Крушево 2023 година. На денот на тошевиот роденден, копија од овој филм, со превод на македонски, авторката ќе донира во Спомен куќата. Премиерата и промоцијата на овој документарец ќе бидат в петок, на 26 јануари во 19 часот во салата на Младинскиот културен центар во Крушево. Спомен-домот „Тодор Проески“ е меѓу најпосетуваните музеи. Досега го посетиле преку 1,1 милион гости од земјава, Балканот и од светот. Спомен-домот има 660 експонати врзани за животот и делото на Тоше Проески, главно дарувани од неговото семејство, а во моментот се изложени околу 350. Другите се чуваат во депото на Музејот и поставката се обновува со дел од нив. Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.]]>

Една поинаква Карлеуша: За неа ова е важен ден, па пејачката со необично видео ја разнежни јавноста (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/edna-poinakva-karleusha-za-nea-ova-e-vazen-den-pa-pejachkata-so-neobichno-video-ja-raznezni-javnosta-video/ Tue, 17 Aug 2021 10:19:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215618

Пејачката Јелена Карлеуша денеска го слави својот 43-ти роденден, а по тој повод се огласи на својот Инстаграм профил. Пејачката објавила видео на Инстаграм, на кое е снимана кога била мала, кое е прегледано над 200.000 пати за кусо време. „Роденден ми е. Ви благодарам на сите за прекрасните честитки и желби, за љубовта, поддршката и мотивацијата! Тоа и значи на оваа ѕверка во која се' уште живее дете, кое знае како да се радува на роденденот. Да продолжиме понатаму, уште една година со јасен план за тоа како да го освојам целиот свет и ги остварам сите мои соништа! Ги затворам очите и ги дувам свеќите пред мене, цврсто верувајќи во годините што доаѓаат“ - напиша Карлеуша во описот на видеото кое ја разнежни јавноста.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar]]>