42 песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Aug 2022 10:59:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 42 песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џони Штулиќ објави нов албум – „Каверн“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzoni-shtulikj-objavi-nov-album-kavern-audio/ Tue, 30 Aug 2022 10:59:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264666

Уште едно „грандиозно“ дело од музичката работилница на неуморниот Бранимир Џони Штулиќ, чија хиперпродукција убедливо ја оживува атмосферата на загрепските клубови и звукот на музиката што ја следеа и ѕвонарките од шеесеттите и седумдесеттите години и левиските и старките од осумдесеттите на минатиот век. Станува збор за 42 песни под наслов КАВЕРН, што значи шуплина или пештера, т.е. враќање на корените и оригиналните вредности. Албумот содржи претежно нови и досега необјавени авторски песни од Бранимир Штулиќ, меѓу кои и мноштво на преработки на стари македонски традиционални музички вредности, спакувани во негов стил. Снимката и записот на звукот и комплетното аудио се прилично аматерски, но тоа не ја намалува вредноста на авторството и чувството за трансформација на традиционалните изворни фолк вредности во своевидна рок ен рол метаморфоза по рецептот на Џони и некогашната Азра. на љубителите и почитувачите на Џони бој ова ќе им се допадне, барем на повеќето, можеби и на некои од новите генерации, а оние деца од „новото време“ тешко дека ќе најдат возбуда во вака сервираната рокен рол приказна на Џони Б. Штулиќ. Сепак, преслушајте го материјалот спкуван во „Каверн“ и сами проценете дали во него ќе ги препознаете некогашните стари вредности на култната „Азра“ и  Џони?! ]]>