41 издание – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Jul 2020 10:23:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 41 издание – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 41-то издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ соодветно ќе се одбележи, иако нема да се одржи на традиционален начин https://arhiva.vistina.com.mk/41-to-izdanie-na-filmskiot-festival-brakja-manaki-soodvetno-kje-se-odbelezi-iako-nema-da-se-odrzi-na-tradicionalen-nachin/ Sat, 04 Jul 2020 10:22:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157255

На последното собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) едногласно е донесена одлука во врска со годинашното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки” дека нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од „А“ категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата. Како што соопшти ДФРМ, тоа за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодинашното издание на фестивалот „Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор таа да се зачува.   На собранието била ре-избрана Гена Теодосиевска за директор на ИФФК „Браќа Манаки“, а мандатот според Статутот на ДФРМ важи за следните две изданија на фестивалот. – Останува староновиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41. издание на „Браќа Манаки“, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како и можноста за инволвираност на неговиот домаќин во „новото нормално“, градот Битола, наведуваат од ДФРМ. Извор: MИА
]]>