40-ти роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Jan 2021 10:42:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 40-ти роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Огнен Здравковски ги загуби своите два најголеми идола, но не ја загуби вербата во она што тие беа и оставија: Младиот пејач не го заборави роденденот на Тоше! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-gi-zagubi-svoite-dva-najgolemi-idola-no-ne-ja-zagubi-verbata-vo-ona-shto-bea-i-ostavija-mladiot-pejach-ne-go-zaboravi-rodendenot-na-toshe-foto/ Mon, 25 Jan 2021 08:17:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186448

Засекогаш со нас во срцето... Тоше Проески, најголемата македонска поп ѕвезда на сите времиња, денес, 25 јануари 2021 да беше жив ќе го прославеше својот 40-ти роденден. Но македонскиот ангел не остана забаровен, напротив. По неговото прерано трагично заминување, за Тоше ионака се вели дека има само датум на раѓање. Овој денешниов, кој никој не го заборави... Покрај семејството, блиските, другарите, пријателите, на неговиот роденден се сетија и колегите, медиумите, новинарите, јавноста... И секако, неговата огромна армија обожаватели, неговата верна публика, која растеше со него и неговите песни, од која повеќето сега се веќе возрасни, а некои и семејни луѓе со свое потомство. Но, сеќавањата на идолот на нивната младост, на музичкиот херој на нивното созревање останаа да се паметат, пренесуваат, раскажуваат и живеат... Во нивните срца, преку неговите песни. Тоше него заборави ниту регионот. Беше една од најголемите ѕвезди, со огромни можности и шанси и за интернационална кариера. Хрватската дискографска куќа „Хит рекордс“ најпрвин ја најави, а вчера, 24 јануари, во очи на неговиот денешен роденден  и се одржа  молитва по повод раѓањето на најголемиот македонски пејач. Со почеток од 10 часот, ден пред неговиот 40-ти роденден, Хрватска, со молитва  се потсети на единствениот и непрежален Тоше. Настанот се случи во капелата Роков Перивој во Загреб, веднаш по светата миса. Од дискографската куќа се сетија и на неговите зборови: „Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ и  рекоа дека овие зборови живеат во сите кои го познавале, но и оние кои никогаш не го запознале младиот музичар. Хрватскиот народ не го заборава нашиот музичар кој таму беше чест гостин, за жал таму и прерано го заврши животот. Но 40-иот роденден на ангелот не го заборави ниту Македонија. Можеби највпечатлив е статусот на социјалните мрежи кој на својот Фејсбук профил по повод датумот на раѓање на македонската музичка икона го напиша Огнен Здравковски, уште еден млад македонски пејач кој го чекори патот по естрадните стази кои Тоше ги трасираше. Не помина ниту едн месец кога Македонија за жал, прерано загуби уште една голема музичка легенда, Зоран Џорлев. Неговиот внук од сестра Огнен Здравковски, на днешениот ден, на 40 -иот роденден на Тоше се потсети на двата свои најголеми идола во животот, на кои им се восхитуваше, ги обожаваше, од нив учеше... На оној од детството и овој од семејството, на Тоше и вујко му Зоки! „Денес требаше да полниш 40 години... Велат на покојните не се честита роденден но сепак, "НЕКА ТИ Е СРЕЌЕН АНГЕЛУ"! Сега сте на многу поубаво место заедно со мојот најсакан, прославете го заедно таму каде што сте, така како што знаевте и двајцата.. Ве нема само физички тука, двајцата ќе живеете вечно во нас, со вашите оставени дела!!! Ве сакам најмногу и двајцата, поздрави ми го вујче и чувајте не таму од горе!!!“ - напиша Огнен на својот Фејсбук! Две фотографии, море од емоции, болка во срцето што прерано заминаа и физички ги нема, но гордост во душата што имаше можност да ги запознае, да ја почувствува нивната близина и добрина, да е дел од семејството на едниот, вечно да ги носи во своите спомени обајцата... И Тоше и Зоки!   Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин]]>