40 степени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Jul 2019 10:54:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 40 степени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што да јадете на температури над 30 степени? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-da-jadete-na-temperaturi-nad-30-stepeni/ Thu, 11 Jul 2019 12:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97217

Кога температурите со денови не се спуштаат под 30 степени, многу вообичаени навики мора да се променат. Начинот на исхрана е една од клучните работи. На јадењата што долго и тешко се варат треба да заборавите бидејќи тие создаваат впечаток дека е уште потопло. Саламите, пржените јадења, сосови со павлака и мајонез, како и тортите со тешки кремови треба да ги одложите до поладните денови, советуваат нутриционистите. Во време на горештини треба да се насочите на тестенини и ориз, под услов да се јадат со лесни сосови, маслиново масло и прилози од зеленчук. Риба и бело месо исто така треба да бидат на менито, зготвени на пареа, на скара и со сезонски зеленчук. Пожелно е да се јаде свеж или зготвен зеленчук бидејќи го освежува организмот, го поттикнува исфрлањето на токсини, ја обезбедува потребната енергија и го регулира варењето. Освен тоа, претставува ризница на минерални соли, витамини и растителни влакна, супстанции кои се од непроценлива важност за здрав и убав изглед. Љубителите на зелена салата која е совршен чистач на цревата и е полна со вода можат да уживаат во нејзиниот вкус во летните денови. Зелената салата со варени јајца или лесно месо претставува успешна замена за главното јадење. извор: деца.мк]]>