4 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Oct 2021 13:03:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 4 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За чиста петка е она што Кали го пее и свири, иако се вика – „4“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-chista-petka-e-ona-shto-kali-go-pee-i-sviri-iako-se-vika-4-video/ Tue, 19 Oct 2021 13:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223633

Калина Велковска  која  на последниот „Макфест“ ја изведе  амбиенталната поп-рок балада „4“ и беше прогласена за најдобар дебитант на фестивалот, истата неодамна ја визуелизираше со интересно видео. Кали, како што сите ја познаваат, покрај својата извонредна вокална изведба и сценскот фестивалски настап, покажа дека може да биде и „неодоливо привлечна“, пожелна и сексапилна, а во исто време бескрајно емотивна, шармантна и сугестивно впечатлива и кога е во прашање нејзината актерска улога. Имено, видеото кое маестрално го режирал познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Зонде Стојановски изобилува и со еротски набој, амбиент кој максимално соодветствува со лириката во стиховите на песната, а од друга страна ја визуелизира целокупната емоција која пејачката ја вградила во песната. Нераздвојна симбиоза на аудиото и видеото во еден единствен аудиовизуелен впечаток за комплетно доживување на „4“-ка, која и звучи и изгледа за „5-ка'! Инаку темата „4“ е комплетно авторско дело на уште една позната македонска поп ѕвезда, пејачката и харфистка Сара Мејс, која ги потпишува и музиката и стиховите, кои звучат прилично (авто?)биографски, како да се дел од нечија животна љубовна приказна, а музиката повеќе од зрело за една дама која не е исклучиво позната како композитор. Аранжманот и продукцијата кои исто толку свежо делуваат се на Иван Петровски, а пијаното го свири Петар Лукиќ. Се на се', макфестовската „4“ како и самата Кали се вистинско откритие на домашната сцена, барем за пошироката јавност, зашто оние, особено помладите  што „не можат без музика“ и претходно добро ја познаваат и од нејзините перформанси на социјалните мрежи и од настапите по ноќните клубови. Секако, охрабрување и мотив повеќе и за Сара Мејс, покрај свирачко-пејачките квалитети, посмело да се впушти и во своите музичко-авторски способности. ]]>

Во бел невeстински фустан, водителката на „Брза кујна“ имаше убав повод за славење (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-bel-nevistinski-fustan-voditelkata-na-brza-kujna-imashe-ubav-povod-za-slavenje-foto/ Thu, 18 Jun 2020 07:08:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154253

Поради новонастаната ситуација и пандемијата со коронавирусот, водителката Александра Илеивска паузира од снимањата на „Брза кујна“ на Сител телевизија. На спомнатата ТВ може да ги гледате старите емисии и да се инспирирате за разни специјалитети доколку ви недостига инспирација за во кујна. Александра времето го поминува така што е посвтена на работите за кои претходно можеби немала време, односно готвење во кујна, возење велосипед....
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Aleksandra Ilievska (@aleksandra_ilievska_) on

Меѓутоа, деновиве водителката имаше убава причина за славење односно 4 години од бракот со нејзиниот сопруг Александар. По тој повод, таа сподели фотографија од свадбата на која позира во бел невестински фустан, а во описот напиша: „Станува збор за љубов и за поминување на заеднички живот,  за среќа на секое лице, обидинување на семејство и за пријателите кои ви посакуваат најдобро. Тоа е ден со многу спомени. 17.06.2016“. Под објавата се нижеа честитки и желби уште многу години да слават заедно. Честитки, уште многу години да ја слават љубовта!]]>

„Баклава“ во МКЦ: Концертна промоција на новиот албум „IV“ https://arhiva.vistina.com.mk/baklava-vo-mkc-koncertna-promocija-na-noviot-album-iv/ Mon, 24 Feb 2020 17:01:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132211

Со огромно задоволство ја најавуваме концертната промоција на новиот албум на македонската world music сензација - БАКЛАВА. Албумот е насловен „IV“ и истот ќе биде достапен и на винилно издание, кое ќе може да го набавите на промоцијата. Закажуваме средба на 28 февруари, во сала Фросина во МКЦ. Билетите можете да ги набавите на билетарница во МКЦ или оnline преку bileti.mkc.mk. Набавете си билет навреме, втор концерт нема да има. За новото издание, БАКЛАВА вели: „По неколку години создавање конечно излегува четвриот албум на групата Баклава. Јубилеен со своите четири страни. Богат со 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и е вртење сосема нова страница. Создадовме светска музика. Вложивме многу. И мака и љубов. Сметаме дека ова е најдобриот албум што сме го направиле до сега и сме многу благодарни на сите што го градеа со нас и сите што го поддржуваа на каков било начин. Ова ремек-дело е наше дете. Без разлика дали тоа ќе ви биде смешно или раздразливо, ние го сметаме за свое, исто како да сме го родиле. И можеме да ви порачаме, дека покрај тоа што ги сакате вашите деца, и покрај тоа што ве радуваат или нервираат додека растат, чувајте ги. Чувајте ги додека можете. Дајте им корен и дајте им крилја… Описно, овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13-те бои: TURQUOISE (Тиркиз), ПУРПУРНА, CHOCOLATE (Чоколада), РУЗМАРИН, ПЕНДОЛИРА, СИНА, РУБИН, СРЕБРЕНА, СИВА, БЕЛА, НЕВЕН, ФЛАМИНГО, СЕНКА. Пеено е претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински… Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова. А стиховите Сибо. Отсвирено е на многу инструменти, а свиреа големите мајстори: Елена Баклава – вокали, Сибо – деф, перкусии и ел. тамбури, Дејан Теодосиевски – виолончело и пијано, Драган Стојковски – бас гитара, тамбурут и ел. тамбури, Гого Клинчаров – тамбура,Игор Стевковски – тапани, Александар Николовски – труба, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – ак. гитара, кларинет и саксофон, Трајче Ристов – тарабука,Јордан Костов – хармоника, Ваљон Адеми – виолина, Тино Скендеровски – хармоника и програмирање, Гордан Спасовски – пијано, Гоце Стевковски – тапани, Гоце Наумов – тапани и перкусии, Амон Мра – усна армоника, Лазе Стерјовски – хармоника. Гости ни беа неповторливиот Дарко Рундек и прекрасните Суперхикс (или секој посебно со љубов): Петар Младеновски – ел. бас и вокал, Борис Минов – ел. гитара, Александар Спасовски – труба, Симе Златков – саксофон и вокал, Бранко Илиевски – тромбон, Дарко Попов – тапани, Гоце Лалковски – скреч. Се снимаше во различни студија: “Tralala”, “Enterprise”, “Alshar”, “Chicken Madness”… Елена, која најчесто беше и аранжер, покрај неа беа и продуцентите Мите Димовски, Тино Скендеровски, Ивица Јанкуловски, Andreas Hz, Дарко Спасовски, Горан Кан, Бојан Угриновски… Мастерингот за LP на крај го направи Мите Димовски. Фантастичниот дизајн на омотот и целата естетика воопшто е на Нерсес Малакјан. Огромна благодарност им должиме на Арс Ламина и Берин, кои ќе застанат зад материјалното издание во облик на грамофонска плоча. И на своите најблиски што издржаа и поддржаа. Ова е голема тема, за да ја објасниме монохроматски. Слушајте и уживајте. Четворката не е само звук“.]]>

Излезе четвриот албум на групата „Баклава“, едноставно насловен  IV https://arhiva.vistina.com.mk/izleze-chetvriot-album-na-grupata-baklava-ednostavno-nasloven-iv/ Mon, 13 Jan 2020 13:13:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128680

По новогодишните и Божикните празници, излезе четвриот албум на групата „Баклава“, едноставно насловен  IV. Од 8-ми јануари, албумот го има на најважните дигитални платформи во светот: Spotify, Apple Music, iTunes, TikTok, Google Play/YouTube, Amazon, Pandora, Deezer, Tidal, Napster, iHeartRadio, ClaroMusica, Saavn, Anghami, KKBox, MediaNet, and Instagram/Facebook! Од бендот се уште не откриваат дали и кога би можел да излезе албумот и како физичко издание. Албумот содржи вкупно 13 песни, меѓу кои и: „Невен“, „Рубин“, „ Chocolate “ (feat. „Суперхикс“), „Рузмарин“ (feat. Дарко Рундек), за која е снимен и видео-спот. Песните од новиот албум претежно се испеани на македонски јазик, но има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински… Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова, a стиховите Сибо. Отсвирено е на многу инструменти, а свиреа големите мајстори: Елена Баклава – вокали, Сибо – деф, перкусии и ел. тамбури Дејан Теодосиевски – виолон-чело и пијано, Драган Стојковски – бас гитара, тамбурут и ел. тамбури, Гого Клинчаров – тамбура,, Игор Стевковски – тапани, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – ак. гитара, кларинет и саксофон, Трајче Ристов – тарабука, Јордан Костов – армоника, Ваљон Адеми – виолина, Тино Скендеровски – армоника и програмирање, Гордан Спасовски – пијано, Гоце Стевковски – тапани, Гоце Наумов – тапани и перкусии, Амон Мра – усна армоника, Лазе Стерјовски – хармоника…]]>