4 желби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 May 2022 07:04:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 4 желби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Билјана Јаневска славеше роденден со „округла бројка“: Мисицата од „Дрисла“ за 30 лета си посака 4 желби (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/biljana-janevska-slaveshe-rodenden-so-okrugla-brojka-misicata-od-drisla-za-30-leta-si-posaka-4-zelbi-foto/ Tue, 03 May 2022 07:02:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248299

Роденден е денот што го чекаме цела година,  а особено ако е со „округла бројка“ која означува завршување на една декада од животот и започнување нова, е тогаш мора да е специјален. Токму таков „специјален ден“ имаше македонската мисица, манекенка и модел  Билјана Јаневска, која реши гламурозно да го прослави својот јубилеен 30. роденден и да направи журка за паметење!

Атрактивната убавица Билјана направи величествена роденденска забава. На дамите велат не им се бројат годините, но за разлика од другите, Билјана не ги криеше своите 30 лета,  па за своето одбрано друштво изнајми  една убава куќа во скопско Сопиште со голем базен, каде што се одвиваше роденденската забава на мисицата. „Тоа роденденско чувство не може да се опише со зборови. Премногу бев возбудена, најсреќна на овој свет и секако горда што ми дојдоа моите најсакани луѓе. Лудо се забавувавме до длабоко во ноќта, со добра музика и добрите пијалаци, одлично вкусна храна, па целата атмосфера на моменти ми заличи на ониe родендени кои покрај базените ги прават Северина, Лепа Брена или сега актуелната Констракта“ - изјави воодушевено за своите впечатоци Билјана за Вечер.пресс.мк Славеничката или „Мисицата од Дрисла“ како што уште ја нарекуваат Билјана, заради тоа што веројатно единствената мисица и манекенка на светот која верувале или не, работи на депонија, бидејќи е дипломиран инженер по екологија и магистер за управување со отпад, си посакала не една, туку неколку желби, во мигот кога ги дувнала свеќичките со бројката на тортата: „Да добијам решение, да си го пронајдам вистинскиот сопатник, да успеам на политички план и да се остварам како мајка“ –  ги открива желбите Билјана која речиси една година работи како „Советник за подготовка и спроведување на развојни проекти“ во ЈП депонија „Дрисла“, каде чека решение за вработување на „неопределено време“! Во меѓувреме,  чека однекаде да се појави и нејзиниот „принц“… Не со камион, туку на бел коњ! Мисицата смета дека време и е за брак, семејство и дечиња… Смета дека време е да „долета штркот“, а таа да одлета во некоја политичка фотелја, на некаква партиска или државна функција во или преку партијата која ја претставува. Четири желби за желби за 30 лета... Кој што сака нека мисли, но Билјана смета дека не се многу, колку некому и да му изгледа претенциозно! Амбициите се дел од соништата, а тие пак од роденденските желби, нели? Затоа внимавајте што посакувате... Може да ви се оствари!  Засега, среќен роденден до неа и од нас! Фото: Инстаграм принтскрин/biljana_janevska
 
]]>