4 ноември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Nov 2022 14:09:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 4 ноември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Награда „4-ти ноември“ за пејачот Сефедин Бајрамов од град Битола https://arhiva.vistina.com.mk/nagrada-4-ti-noemvri-za-pejachot-sefedin-bajramov-od-grad-bitola/ Thu, 03 Nov 2022 14:09:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274276

Познатиот битолски пејач Сефeдин Бајрамов е еден од лауератите на општинската награда „4-ти ноември“ на град Битола. Бајрамов е еден од четирите добитници на наградата за едногодишни постигнувања. Сефедин се смета за музичка легенда на Битола со пет децениска кариера. Негова најпозната песна е антологиската „Снагата ми е во Станбола, душата во Битола“. Добитник е на бројни награди од учества на бројни фестивали и разни манифестации.]]>

Виолета Томовска доби награда за животно дело од родната Битола https://arhiva.vistina.com.mk/violeta-tomovska-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-rodnata-bitola/ Mon, 05 Nov 2018 07:06:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56320

Легендата на македонската народна песна, Виолета Томовска е годинашната добитничка на наградата за животно дело „4 ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Битола. Управниот одбор за доделување на оваа награда едногласно одлучи ова признание да го добие токму нивната славна сограѓанка, која годинава одбележува 58 години кариера. 73-годишната дива деновиве го доби истото признание и на јубилејното 25. издание на фолк-фестивалот „Филиграни“, кој се одржа минатата недела во Домот на АРМ.
Порано годинава, таа откри дека сè уште неуморно снима нови песни, а голема желба ѝ е да одржи уште еден голем концерт во Скопје или во родната Битола. „Би сакала уште еднаш на сцената да застанам со сите мои колеги, текстописци, композитори и да им се заблагодарам за сите прекрасни мигови и песни што ми ги подариле од срце, а јас ѝ ги подарив на мојата публика“ - изјави Томовска.  ]]>