4 годинии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Jul 2022 10:05:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 4 годинии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Замина на денешен ден: Четири години без Влатко Илиевски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-na-deneshen-den-chetiri-godini-bez-vlatko-ilievski-foto/ Wed, 06 Jul 2022 06:28:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257232

Денеска се одбележуваат четири години од смртта на македонскиот поп-рок пејач, водител и актер Влатко Илиевски (33). Илиевски на 6 јуни во 2018 година во вечерните часови беше пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“. Својата кариера ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност ширум македонската публика. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Беше првиот македонски поп-рок артист кој успеа да ја наполни А1 арената -„Борис Трајковски“ во Скопје. Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две нагрди. Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понудил на Влатко Илиевски да се приклучи на бендот. Во 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“. Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Парпл“ (Deep Purple) во Скопје. Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година во Скопје. По неговата смрт, компилацијата со најголемите хитови на Влатко Илиевски „За љубов се пее до крај“, беше објавена во 2020 година, на иницијатива на неговото семејството. На 2-ри јули годинава (2022) на денот на неговиот роденден беше промовиран уште еден негов албум. „Последно танго“, кој е составен од неговите досега необјавени песни. Станува збор за колекција од 14 песни, кои авторски ги потпишуваат Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача. Албумот го отвора извонредната „Дајте му ја“, исполнета на „Охрид-фест“ 2017-та, по која следат „Не постојам без тебе“, „Кој ли е ден“, „Со тебе најдов среќа“, „Сè ќе покрие прашина“, „Вило вилена“, „Македонка“ (од фестивалот „Златен костен“ во Петрич, Бугарија 2016-та), „Комшивке убава“, „Љубов“ (дует со Јулија Димчевска), „Последно танго“ („Макфест“, најслушана песна меѓу два фестивала), веќе споменатата „Не желиш крај“, како и „Сети се“ и „Божикна песна“, снимени со хорот „Златно Славејче“. На албумот  се најде и првата песна на Влатко Илиевски (која ја снимил во студиото на Ангел Ќосев, неговиот професор по музичко, уште како осмооделенец) – „Together Again“, инаку авторско дело на самиот пејач, за која тој ја снимил и соло делницата на гитара.
]]>