4-0 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Nov 2018 09:34:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 4-0 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лига на нации: Македонија го торпедираше Гибралтар со 4:0 и суверено го освои првото место во групата (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/liga-na-nacii-makedonija-go-torpedirashe-gibraltar-so-4-0-i-suvereno-go-osvoi-prvoto-mesto-vo-grupata-video/ Tue, 20 Nov 2018 09:29:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58774

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа натпревар со премногу шанси кон противничкиот гол, но само четири пати успеаја да ја затресат мрежата. Доминацијата беше евидентна, а за тоа говори и самата статистика, затоа што Гибралтар немаше ниту еден шут во рамките на нашиот гол. Димитриевски цела средба немаше работа, беше само гледач, па трите бода и пласманот во плеј-офот се целосно заслужени. Шансите од првиот свиреж на судијата се нижеа како на филмска лента, Гибралтар се бранеше со осум фудбалери и чекаше на контра, а конечно, гостинот го скрши  Енис Барди, кој во 27. минута си создаде простор од левата страна и ефектно биеше во малата мрежа од голот на противникот. На стартот на второто полувреме Ангеловски ја освежи играта со Хасани, па шансите пред противничкиот гол продолжија. Трајковски од идеална прилика промаши со глава, па Несторовски го погоди дирекот, но фудбалерот на Палермо потоа успеа да погоди, откако во 67. минута на една нафрлена топка  од Ристевски  со глава го надмудри голманот на Гибралтар. Нашиот напаѓач успеа и вторпат да се запише во листата на стрелците, во 80. минута, откако доби топка од Алиоски и од свртување ефектно погоди „симнувајќи ја пајажината“ во горниот лев агол од голот на гостите. Во финишот шанса од селекторот Ангеловски да настапат добија и Адеми и Велковски. Пред самиот крај,  мрежата на Гибралтар со топовски удар погоди и  за конечни 4-0. Македонија ја завршува Лигата на нациите како лидер во групата, со вкупно 15 бода од шест меча. Важи за втора најдобра селекција од лидерите и ќе има предност во полуфиналето како домаќин. Противник ќе биде Белорусија или Косово, а истиот ќе биде познат по одигрувањето на последните мечеви вечерва. Извор: Гол.мк ]]>