3Џект – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 03 Nov 2021 13:43:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 3Џект – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музички блок во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/muzichki-blok-vo-mkc/ Wed, 03 Nov 2021 13:43:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225875

Претстојиот викенд, 5-ти и 6-ти ноември ( петок/сабота) 2021 година е резервиран за „Музички блок во МКЦ. Настапуваат:  Калата, Светлост + Одрон Ритуал Оркестра, 3Џект, Роза, Немања и 21-ви век. Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница МКЦ или онлајн преку www.bileti.mkc.mk Настаните ќе се реализираат согласно актуелниот протокол за организирање настани во затворен простор. / 5-ти ноември, петок / КАЛАТА - интересен спој на традиционални вокални делници, невидено луди гитарски рифови и беспрекорно фасцинантен источномакедонски ритам и бит. СВЕТЛОСТ + ОДРОН РИТУАЛ ОРКЕСТРА - ги селектираа за МЕНТ Љубљана, еден од најдобрите наши извозни продукти! По повеќе од една година повторно на сцена, а промовираат и нова плоча, издание на Скопје џез-фестивал. 3JECT - најновото превозно средство за сонично истражување возено од тројца уникатни инструменталисти од Скопје. Ова трио е логичен амалгам на три различни карактери, кои импровизираат во еднина што движи напред, без конкретни музички параметри. /6-ти ноември, сабота/ РОЗА - е вагон во кој се среќаваат тројца. Не странци, стари познаници впрочем... Дуле, Небојша и Стева. Само што минатите децении патуваа на паралелните колосеци на хардкор, панк, постпанк, ноиз, а понекогаш и џез-музиката... Трасите им се вкрстија кога VVhile и Mnjenje ги имаа заедничките турнеи. Кога првoспоменатиот бенд престана да работи, и прејде на "remote" или "work from home", тоа беше станицата на која бендовите се најдоа и се качија на истиот воз. Роза е замислена како патување по Медитеранот додека се влечете по спорите, закочени, ископани градски улици... Лифт-музика во заморните чекални... Вино од тетрапак преточено во светкави и сјајни бокали... Документарни филмови за радикалните политички комуни во поствоена Германија... Тајни владини проекти поврзани со вонземјаните... За прв пат во Скопје!!! НЕМАЊА - Фантастичен соник/фанк/диско-бенд од Хрватска. Новиот албум се вика „Космик диско“ и е музички одговор напишан од Лука Шипетиќ (човекот што е одговорен за проектот НЕМАЊА) на тибетанската книга на мртвите. Шипетиќ многу фино ги опишува искуствата што се случуваат во интервалот меѓу смртта и новото раѓање опишани во книгата на мртвите. Албумот го слави животот дискотеките во 70-тите и раните 80-ти години од минатиот век, кокетира и со кумбија-звукот, но и со југословенскиот фанк, афробитот и араб-диското зачинето со поп ориентирани текстови. 21 ВЕК - хит-мајсторот Васко Атанасоски со својата верна екипа, Дени Крстев и Раде Јордановски, по долго време повторно во МКЦ Скопје. Го промовираат својот последен албум „Си нацртав живот“ љубовно-исповедничка плоча,базирана на вистински настани... Аll killers, no fillers... Како што треба!]]>