39 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 Nov 2021 08:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 39 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Министерот за одбрана“ ја начна 39-ката: „Борко-мен“ е нашиот ракометен, а најмногу негов личен суперхерој, еден – единствен на број! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ministerot-za-odbrana-ja-nachna-39-kata-borko-men-e-nashiot-rakometen-a-najmnogu-negov-lichen-superheroj-eden-edinstven-na-broj-foto/ Thu, 04 Nov 2021 08:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225886

Македонската ракометна легенда која долги години го чуваше  голот на најголемите светски клубови и нашата репрезентација, а и се' уште го чува на двократниот европски шампион Вардар, славеше роденден! Борко Ристовски и покрај годините се' уште е еден од незменливите меѓу стативите. Вистински „октопод“ на голот кој долги години беше и се' е уште е нашиот суперхерој! Не попусто го носи прекарот од навивачите - „министер за одбрана“, кој деновиве ја начна 39-ката! И ако претходните години заради коронапандемијата не можеше да ги почести најблиските во некој локал, ресторан, слаткарница, па славеа дома, овој пат условите дозволија тоа да го направи! Борко заедно со сопругата Нина и синчето, малиот Душан, прославија во еден познат отмен скопски ресторан. Мала интимна забава, за семејна среќа со најубави роденденски желби и едно гооооолемо изненадување за славеникот: роденденска торта и тоа не било каква! Имено Нина и Душан решија да го изненадат нивниот херој, кој всушност за нив и приватно тоа и е, но за малиот наследник тато сепак е најголемиот суперхерој. Покрај сите Бетмени, Супермени, Хи-мени... Борко-мен на Душан му е најомилен! Затоа за неговиот 39-ти роденден тој и мама Нина го изненадија со преубава торта, украсена токму со ликот на еден од омилените суперхероји од стриповите и филмовите. Тортата со Супермен, а посветата со Хи-мен! Свеќичките со бројката која ги симболизира годините на славеникот ги дуваа заедно. А тој среќен, пресреќен што најубавиот подарок за роденден го има до себе - своето семејство! Сопругата и малиот Душан, во чии очи Борко е неговиот личен суперхерој! Еден-единствен на број! Затоа отсега, од овој ден го добива новиот прекар: „Борко-мен!“ Фото: Инстаграм принтскрин/ninaristovska]]>

ШОК: Почина синот на познатиот хрватски пејач (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shok-pochina-sinot-na-poznatiot-hrvatski-pejach/ Thu, 23 Jan 2020 12:23:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130614

Длабока тага и голема жал го обли во семејството на познатиот хрватски пејач Здраво Шкендер. Имено, минатиот викенд ненадејно почина неговиот 39 годишен син Томислав. Здравко Шкендер веста ја сподели на својот Фејсбук профил.   Синот Томислав и ќерката Кристина, пејачот ги добил во бракот со сопругата Ангелка. Познатиот музичар и неговото семејство претпладнев, 23 јануари 2020, се збогуваа со нивниот син Томислав на крематориумот во Загреб. Од круговите на блиски на семејството, јавноста преку медиумите ги дознава деталите за трагедијата. Томислав Шкендер требало да дојде на семејниот ручек тој петок, но тој не се појавил. Бидејќи и не одговарал на телефонските повици, членовите на семејството отишле во неговиот дом каде го пронашле мртов. Прелиминарните резултати покажуваат дека Томислав Шкендер починал во сон, а најверојатна причина е срцев удар. Здравко Шкендер е роден е во Скрадин. Подоцна живеел се  образувал и работел во Шибеник. Покажал музички амбиции уште во детството. Свирел џез труба во дувачки оркестар на Шибеник. Подоцна го основал својот сопствен бенд „Ад Астра“ во кој свирел  бас гитара и пеел како придружен вокал. Групата сепак останала само на локалната популарност. Шкендер исто така играл и фудбал. Тој тренирал во тогашниот второлигаш ФК „Шибеник“ се' до  кобната сообраќајна несреќа. Во 1980 година доживеа сообраќајна несреќа, по што веќе не можеше да оди. Оттогаш, тој и се посвети целосно на музиката и продолжи како пејач. Во бивша Југославија беше познат како хрватскиот пејач кој настапува во инвалидска количка! ]]>