36 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Feb 2023 09:17:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 36 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сакајте го оној кој ви подарува повеќе…“Александар Белов го прослави роденденот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sakajte-go-onoj-koj-vi-podaruva-poveke-aleksandar-belov-go-proslavi-rodendenot-foto/ Wed, 08 Feb 2023 08:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287846

Роденденот е ден кој го чекаме цела година. Некои му се радуваат повеќе, некои помалку без разлика на возраста но, кај сите буди убаво чувство дека токму тој е наш посебен ден. Честитките со убави зборови и желби, прегратки и бакнежи се дел од роденденската атмосфера кои славеникот ги доживува. А на славеникот на тој убав посебен ден меѓу другото му следуваат и подароци. Повеќе или помалку вредни најважни се оние кои се искрени и од срце. По тој повод македонскиот поп пејач Александра Белов вчера позираше пред роденденската торта заедно со неговата ќеркичка и неговата сопруга. Дека пејачот ужива во семејниот живот и  е најгорд татко потврдува и фактот од минатата година кога токму на неговиот роденден ја објави првата фотографија и ја покажа неговата најсакана, која тогаш ја именуваше како најубавиот животен подарок. Иако пејачот до денот кога стана татко не откри дека очекува принова, ниту дека неговата сопруга е бремена. Овој пат пејачот на социјалните мрежи објави фотографија со наследничката како ја држи во раце и позира пред тортата на која има принт со суперхерој и свеќичка со број 36. Додека пак  на објавата пишуваше  „Сакајте го оној кој ви подарува повеќе од самиот подарок“ - искрен, емотивен и задоволен со насмевка и полна прегратка изјави Белов на неговиот „Инстаграм“ профил. Македонскиот пејач Александар Белов  живее и работи во Србија поточно во Крагуевац, а со неговата сопруга Јелена минатата година се остварија во улогата на родители и ја добија нивната наследничка Мина. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александар Белов  ]]>

Шеф Марк извади фотографија од архива и покажа како изгледал пред 36 години (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shef-mark-izvadi-fotografija-od-arhiva-i-pokaza-kako-izgledal-pred-36-godini-foto/ Thu, 19 Dec 2019 08:24:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124679

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија. Шеф Марк и шеф Никола кои се дел од тимот заедно со своите натпреварувачи подготвуваат најразни јадења. Во една прилика, Марк  де Јонг истакна дека се вратил во Македонија за да го исполни амантетот на својата баба која го замолила да ја посети Македонија. „Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан„…, раскажува Марк за Сител. Марк на социјалните мрежи често објавува фотографии од разни специјалитети кои ги подготвува со многу љубов. Меѓутоа, понекогаш знаеме да пребаруваме по албумите со  стари фотографии и да ни се вратат спомени. Така деновиве, шеф Марк на социјалните мрежи извади фотографија од архива и покажа како изгледал пред неколку години. Тој во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографии од пред 36 години и покажа како изгледал тогаш. За потсетување, во новата сезона на „Брза кујна“ шефовите Марк и Никола добија засилување односно има и двајца нови готвачи шеф Бобан  шеф Филип.]]>