35 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Dec 2023 12:05:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 35 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пејачката почина на 35 години: Имаше ангелски глас, а долго време се бореше со страшна зависност (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-pochina-na-35-godini-imashe-angelski-glas-a-dolgo-vreme-se-boreshe-so-strashna-zavisnost-foto/ Tue, 12 Dec 2023 12:05:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330794

Поп-пејачката Захара почина на 35-годишна возраст. Таа имала проблеми со црниот дроб предизвикани од повеќегодишна злоупотреба на алкохол. Африканската поп уметничка која беше вклучена во листата на 100 жени на Би-Би-Си, почина во болница во Јоханесбург, Јужна Африка. Захара, чие вистинско име е Булелва Мкутукана, се прослави во 2011 година со албумот „Loliwe“, а патем и самата се научи да свири гитара. Пејачката со години се бореше со зависноста од алкохол, а минатиот месец беше хоспитализирана. Министерката за култура на Јужна Африка, Зизи Кодва, ја информираше јавноста за смртта на пејачката и рече дека владата му помага на семејството на пејачката „извесен период“. Таа ја изведе главната песна за Нелсон Мандела во неговиот дом во 2013 година пред неговата смрт. Захара, исто така, водеше кампања против насилството врз жените во Јужна Африка, што го опиша како „пандемија“ во земјата во 2020 година. Таа откри дека била нападната од маж кој ја испрскал со солзавец додека била во нејзиниот автомобил. „Мажите се чувствуваат како да имаат право на жени, како жените да се нивни. Мажите во Јужна Африка се што им е важно само за себе“, изјави Захара за Би-Би-Си. Фото: Printskrin/JoyTube  ]]>

Уште една музичка ѕвезда му подлегна на коронавирусот: Почина раперот Фред Годсон https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-muzichka-dzvezda-mu-podlegna-na-koronavirusot-pochina-raperot-fred-godson/ Fri, 24 Apr 2020 11:10:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146456

Фред Годсон, познатиот рапер, почина од последици на коронавирусот. Раперот бил пренесен во болницата пред 14 дена и бил прилклучен на респиратор, но ја загуби битката со опакит вирус на 35 годишна возраст. „Јас сум тука со ова К-19 с*ање. Ве молам, спомнете ме во вашите молитви“ - напишал Фред непосредно пред својата смрт со хаштаг: „Бог е голем“. Неговата вдовица, Лиен Џемот ја известуваше јавноста  за состојбата на нејзиниот сопруг додека тој беше во болницата и се бореше со коронавирусот, но сè уште не се огласила по неговата смрт. Многу пријатели и следбеници се збогуваа со Фред на социјалните мрежи.]]>

„Ти си најдобриот сопруг на светот“: Меган Маркл со емотивна порака му го честиташе роденденот на принцот Хари https://arhiva.vistina.com.mk/ti-si-najdobriot-soprug-na-svetot-megan-markl-so-emotivna-poraka-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-princot-hari/ Sun, 15 Sep 2019 09:46:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106904

Принцот Хари денес полни 35 години, а на официјалниот „Инстаграм“ профил на војвотката и војводата се појави фотографија со емотивна порака. „Ти си најдобар сопруг и неверојатен татко на нашето дете. Те сакаме. Ти посакуваме најсреќен роденден“ порача Меган. Иако често во британските медиуми се појавуваа написи дека нивниот брак е во криза, тие овие пишувања ги демантираа со заеднички појавувања на јавни настани. За потсетување, во март оваа година Меган и Хари станаа родители на нивниото прво дете, синот Арчи.]]>

„Зар је важно да л’ се пева или пјева“ кога Лепа Брена направи светски спектакл во Скопје (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zar-je-vazno-da-l-se-peva-ili-pjeva-koga-lepa-brena-napravi-svetski-spektakl-vo-skopje-foto/ Sun, 16 Dec 2018 10:11:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63330

Најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена по повод 35 години кариера вчеравечер (15.02.2018) одржа спектакуларен концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Брена на сцената се спушти од плафонот на импровизирана ѕвезда, а настапот го започна со песната „Болиш и не пролазиш“. Целиот концерт беше проследен со перформанси, танцувачи, а на сцената на Брена и се придружи и најдобриот скопски хор Света Злата Мегленска.
За време на концертот се пресоблече во четири модни комбинации, а нејзините фанови од 7 до 77 ги пееја нејзините песни. Вистинска атмосфера настана кога фолк дивата започна да ги пее нејзините стари песни меѓу кои „Миле воли диско“, „Чачак“, „Удри мујо“, „Чик погоди“, „Ја немам други дом“, „Пожели сречу другима“...
Фолк дивата пееше на микфрон кој нејзиниот сопруг и го купи за нејзиниот роденден, а таа е единствена балканска ѕвезда која го поседува. На крајот од концертот, Брена се заблагодари на своите соработници, на своите фанови и на сите оние што ја следат.
„Драги мои пријатели, ви благодарам за оваа прекрасна вечер. Им благодарам на моите соработници, на моите фанови кои поминуваат неколку стотици километри за да дојдат. Ве сакам, ве обожовам“ изјави Брена која исто така го покани својот сопругот Боба Живојиновиќ да се појави на сцената.
„Морам да ви кажам дека Боба дојде директно од Мајами. Кога дозна дека ќе пеам во Скопје, одлучи директно да слета во Скопје бидеќи тука некогаш играл најдобри натпревари во тенис. Ајде Бобо кога можам јас, можеш и ти“ изјави Брена и нејзиниот сопруг се појави на сцената и ја бакна во знак да поддршка.
На крајот, пејачката најави нови песни и нови изненадувања за нејзината публика.
фото: Христина Ѓоргиевска/вистина]]>